Во канцеларија, колегите разговараат за деца , домаќинство , пари и сл проблеми , јас цела недела само бројам денови кога ќе ми стигне новиот телевизор 4к 75 инчи Можеби каснам со тие животни "обврски" , ама на кој му е гајле , уживам во времево со помалку обврски , bring in Netflix 4k movies
Ова е една од омилените серии што сум ги гледала. Од секоја улога може да се препознаат различни вредности.
И мене многу ме бендиса и за многу брзо време ја изгледав еве доовде.. Имаш ли препорака за друга серија да се гледа после оваа? (планирам да ја гледам The Queen's Gambit)
Сдк.. сонував дека ме банирале од ,,Почна војната во Украина” Прв пат во 7 години да сонувам нешто во врска со форумов.Трауми од бан
Шо те привлекува кај вакви типови, однесување, манири, говор на тело, почит, внимание? Има нешто од ова?
Лесно ти е тебе да кажеш, нема ти да останеш после тоа сама и без никого.. Мене никој нема да ме сака и трпи, ќе си останам сама цел живот, досадна сум, немам смисла за хумор, напорна сум, океј можеби сум паметна ама што фајде од тоа ако не е тој што е со мене некој што ме разбира што му зборувам како овој сега дечко.
Сум била сама. И ми било најубаво на цел свет. И? Мислиш дека ако останеш сама ќе е крај на светот??? Тоа стравот у тебе навлезен те кочи да ги видиш убавините на животот. А сега биди си со ваков што те трпи ама и не те рецка 2% бидејќи е многу вреден за тебе,повреден од самата ти.
Зошто мислиш така? Ќе си најдеш некој што ќе те сака почитува и цени. Не знам колку години имаш, ама не си го уништувај животот. Па и ова е како да си сама.
Извини ама многу плитко размислуваш да не речам глупо. Како можеш така за себе да кажеш? Ќе најдеш многу подобар. Верувам дека секој има сродна душа. Престани со вакви мисли. Јас 20 години напраив, оваа година 21 ќе праам и уште не сум си нашла дечко и што да праам сеа? ништо тоа е.
Ејј шо ти е чоек.Зашо вака збориш? Не очекувам од тебе вакво размислување најсериозно. Ја еве никад дечко не сум имала и да ти кажам ПРЕУБАВО ми е.Знаеш како спијам мирно навечер пошо не мора да мислам некој дали ме вара или лаже?Преубаво и цврсто. и да ти кажам, подобро сама него со некој копук кој не те цени и заслужува, или со некој што ,,не го бива” да купи една ружичка.Тоа ти е исто ко сама да си, да знаеш.Ако не те цени, почитува, поддржува, ако не ти дава внимание, исто ко сама да си.Ќе имаш дечко чисто проформа @Kimberly11 ја и ти па у исти гомна Ама битно јако нѝ е
Зошто луѓево мислат дека ако не си тип на човек што се жали и кука дека немаат потреба од никаква помош и од нив се очекува се пошто така треба? Па до кога вака... Не сфаќам... Не е да се жалам ама аманте, многу ме разочара човек што не треба да ме разочара а не се работеше ни за мене.
Поради ваквото плитко размислување за себе не си среќна ниту сама ниту во врска. Знаеш зашо? Оти твојата негативна енергија и ниски мислења привлекува негативни особи. Си спомнала дека си на факултет, како може да мислиш дека цел живот сама ќе останеш? Знаеш колкав животен пат и долги години имаш пред себе? Али не. Важно да си со некој, а тој дали те потценува и почитува не е битно. Бре како може вака да си наштетувате себеси коса ми се дига. Цени се повеќе девојче, сама ќе се изненадиш колку можеш ти да постигнеш.