Да беше возможно тоа, таму некаде да постоеше личност која карактерно е моја копија.. мислам дека животот би бил поубав.
Ќе научам да возам кола, ќе научам да си ја поправам антената за ТВ, ќе научам да го поправам казанчето на шољата, и се друго ќе научам, никој не ми треба и никого нема да молам никогаш за ништо Фала на разбирањето ...Пријатно
Го гледав Робин Шарма на вебсеминарот,секоја чест за човекот...толку инспирирачки делувал на мене..верувам и на секој кој го гледаше денеска....за тие што го пропуштија ќе има и утре https://www.facebook.com/theofficialrobinsharmapage
Ок лејдис, ни стигна војската пред десет минути, и решив да не протестирам, собрав две вреки за спиење, ми ги земаат џукелите со мене така да немам изговор, отидов на ритче да ноќевам во некоја црква со уште стотина други. Ај да видиме до каде оваа пуштина ќе се излие оваа вечер. Како што вика Микроби, си чучна на ритчето-чуч Црквите имаат уај фај нели?
Денес одам таква целата замислена,расеана, ништо не гледам пред себе и влетувам со 200 на саат во ,,оне,, кажувам здраво на згодниот тип што работи таму , и додека чекам да ми ја наплати сметката, го слушам гласот, неговиот глас , го познавам многу добро, како зборува зад мене со другата вработена како му објаснува нешто во врска со телефони....и наеднаш се вртам и го видов тоа лице, после толку години, после речиси 3ипол години.... не можев да поверувам,не можев да верувам на моите очи што гледаат.Срцето почна да бие силно,да пропаѓа внатре , длабоко... и веднаш го свртев лицето кон згодниот тип , ја земав сметката и излетав на надвор со брзина на светлината! Се уште се прашувам зошто ништо не ти прозборев, и како така не ме ни погледна си мислам... Да, сега си богат,имаш се што немаше, и сега носиш оригинал патики , скапи алишта и се другоо... Како и да е , тоа што си денес е благодарение на мене!!!! НЕ ГО ЗАБОРАВАЈ ТОА!
Значи уште еднаш си потврдив дека стварно сум им значела на луѓето во животот. Браво што сфатиле,можеби касно бидејќи јас решив да направам промени,ама во ред прифаќам извинувања,мило ми е. Тоа значи дека тие личности созреваат полека,растат,сакаат промена во нивниот живот...ако супер. Значи дека сфатиле колку сум им била вистинска пријателка и секогаш сум ги поддржувала и сум била тука за помош. Тоа сакав,не би да досаѓам со мои нешта повеќе. Пријатна ноќ
Можеш да посочиш некаков пример за нешто што не може да биде измерено и докажано и да образложиш, ако не ти е проблем?
После толку лоши работи мислам дека редно време е и нешто убаво да ми се случи.Како за почеток да се најде работа а факсот ќе го терам вонредно па како ќе постигнам се незнам,ќе дадам се од себе па со господ напред
Само 3 дена пред да се случи тоа што најмногу го сакавме и чекавме ние раскинавме.Сите планови пропаднаа во вода.Се можеше да биде поинаку. Што понатаму не знам.
Проблем е кога се мешаш во моите мислења недокажано ,изнеси ги твоите ставови не барај објаснување залудно
СДК зоштосекогаш мислам на другите а не на себе се надевам ќе дојде тој ден да не бидам наивна и да мислам САМО на моте потреби,задоволства и цели во животот.
Негативен пост Кој верува во другарство нека ме искрола. Spoiler Нема ништо полошо од тоа кога човекот за ти што најмногу си се залагал, си го подржувал, си го бодрел во добро и лошо ќе ти го сврти грбот. Деновиве се осеќам многу лошо, и гневна сум на себе што дозволив да дојде до ова. А ми требаше само совет, искраен муабет. Се чувствувам празно и бескорисно. Ми фали искраен пријател. Порано верував и ги убедував луѓето дека постои вистинско пријателство, дури им објаснував дека тоа е нешто во кое постојано треба да вложуваш со љубов, почит и разбирање. Дека не се стекнува току така, ама во заблуда сум била.Ќе звучи клише ама добро е што сфатив дека во денешно време испадна дека пријателството е корист. Додека имаш обострана корист ќе опстојува некако. Реченицата "Секогаш кога и да ти треба нешто, совет или тешко ти е знаеш дека можеш да се ослониш на мене пријател сум ти"- не е вистина во пракса!
Зраците утринско сонце кои низ прозорецот влегуваа во мојата соба, ме натераа да скокнам од кревет и полна со енергија да почнам да се спремам, иако спиев само два часа. Утринското кафе во комбинација со сончеви зраци, денес имаше поинаков вкус. Се спремав и со насмевка на лицето излегов од дома и се упатив кон моето "работно" место. Успат, видов многу насмеани лица, кои ми посакуваа и на кои им посакував добро утро. На работа исто. Сите расположени, весели. Муабети еден тон, чоколадна торта, кафе и добра песна, беа причина плус за доброто расположение. Се чувствуваше таа позитивна енергија која најверојатно се должеше на прекрасното време денес. Сонцето си го направи своето. Се почувствував исполнето после долго време. Цел ден владееше оптимизмот, доброто расположение и насмевката. Дај Боже да потрае. Сонцеее, не си оди!
СДК дека мило ми е шо постојат оние мали парчиња рај на земјата. Оние моменти за кој шо вреди, низ оган и пепел да поминиш.. Бев 2 дена Охрид со љубовта. Ахх какви два дена. Сигурно сум напрајла нешто како шо треба да заслужвам вакви моменти... Незнам дали постој Господ, судбина, или некоја друга сила.. Битно сум благодарна на тој шо е крив за ова <3
Умор. Чудно, сакам да сум уморна,денот да ме исцрпи саатите да ме истрошат,го пијам своето прво кафе во 5 попладне брзајќи да стигнам на предавање го големи чекори минувам низ рекорд,стојам на семафорите црвено е гледам лица,а сепак тонам во себе,посегнувам по телефонот гледам во неговото име и сакам да го поканам во кино,се премислувам го враќам телефонот во капутот и брзам иако кафето се истура врз мене капка по капка. И,колку моменти се испуштени,се прашувам. Има зборови кои не ги напишав.
Ги вртам старите страници од дневникот. Ги читам работите кои сум ги напишала. Зарем е можно човек да се смени толку многу за точно една година, а уште повеќе за неполни шест месеци. Мојот одговор е да. Премногу сум сменета, самата себеси не си се препознавам, каква бев а каква сум сега. Премногу бури претрпев и после се останав јака, доволно јака да ја претрпам мојата промена и пак да се вратам на старата Катерина! Неможам да се изначудам колку малите нешта ме правеле среќна и по цела недела и без престан сум зборувала за нив, а сега? Сега ке се случи нешто убаво и по половина час како да не било. Не, јас доброволно не се сменив едноставно времето ме смени. Прво почнаа луѓето околу мене да се менуваат и на крајот и јас се сменив, премногу. Фала Богу си го зачував карактерот и достоинството, другото се ке си вратам во нормала. Е, не правев глупости големи но и досега тоа што го направив нетребаше но тоа е. Чоекот се менува, некогаш од што мора но некогаш и времето не менува. Такви ми се и годините но несмеам да се опуштам многу, се си доаѓа во свое време само треба трпение.