Отидов во продавница, нема леб и масло Основни продукти да ги нема... Браво за целото менаџирање со економијата, не водите во пропаст. А и оние трговци што намерно ги тргаат производите од полиците за утре да ги продаваат по повисока цена Не треба никој да им влезе кога намерно прават така. И секако, оние што панично купуваат. Луѓе свесни сте што правите? Прво не знам колку ќе заштедите, 200-300 денари? Не може повеќе. Плус со тоа се ствара паника, расте побарувачката, вештачки. Тоа пак придонесува за уште повисоки цени, и така инфлацијата си расте... А некои ќе останат гладни, т.е. без можност да купат тоа што им треба заради овие првиве. Катастрофа
Незнам во кои продавници одат луѓево што кукаат дека биле празни полиците, дека немало леб, зејтин? Веро, Тинекс, Кит го, па и Стокомак, Кам, се има...нема што нема..ете јас вчера пазарен во кит го, купив зејтин за 95 ден.знсчи не е поскапе, лебот исто е по стара цена, овошје и зеленчук, абе се има што ти душа сака...чудна работа, дали лажат за да кренат паника или воопшто не отишле у дуќан
Ваљда не ги шеташе сите маркети у државава пред да го пишеш ова. И јас во моја населба имам повеќе маркети ама има населби кај што еден маркет е локален и цела населба таму пазари, а и пример немаат избор на било каков зејтин или млеко, па земаат тоа што има, макар и поскап бил. И да те потсетам зејтин пред неколку години 70 денари беше, дури и поевтино. Леб купував од стокомак за 21, сеа е 25.
Не знам дали се однесува на мене или јас си се пронајдов. Прво, најмалку ми е целта да ширам паника. Постот ми е во знак на револт од она што ми се случи пред малку. Тоа не значи дека никаде ги нема продуктите, но еве конкретно овде ги немаше. Не зборувам за маркети, зборувам за продавница. Свесна сум дека денес можеби е така бидејќи е недела. Инаку пазарам во маркет, ама денес е недела и ниеден околу не работи, освен продавницата. Како и да е, не ми е целта да ширам паника, туку го коментирам она што денес се случи, а никогаш претходно не се случило. И да, малку да се крене свеста на оние што навистина прават паника купувајќи како да ќе складираат за три години.
Никогаш нема да ги сфатам оние мажи/жени, кои кога ќе фатат женска/дечко се губат од Земјината топка.Као да не сте биле другари/другарки пред парнерот/партнерката.Бог да чува
И јас ќе се потпишам, дефинитивно еден од најубавите спомени од детството, посебен вкус имаа, радост ми беше кога ќе ми донесеше мајка ми
Луѓе кои никогаш не отишле на Водно или не го виделе Вардар ти се смеат зашто никогаш не си видел море. Патетики живи.
Poseti psiholog najprvo za da te malku sovetuva kako da se ZASAKAS samata sebe i kako da se POCITUVAS samata ssbe, pa posle ke.pocne mozebi toj tbojot da te postuva i saka. Nemala smisla za humor,sama ke bila,gluoava bila,ti devojce imas gram pocit za sebe?! Ne si ni glupa,ni pak napadna , a najmalku deka nema nikoj da te saka,Za sekoe lonce si ima kapace na ovoj svet ,ke najdes nekoj sto ke ti gi saka site tie tvoj maani sto gi nabroja tuka.
Ме потсети ова на тоа дека море видов негде на факултет, и многу беа глупи составите во средно за Како го минав летото. Буквално такви даваа. И како за дете, нормално дека ќе се замараш. Огромна дискриминација се прави онака суптилно, што се вика.
Знам дека Ријана е трудна и убава, ама не мора бе од секое нејзино излегување во јавност статија да пишувате како го покажала стомакот.
Дури живеев со моите, редовно ми досадваја речиси на идентичен начин, особено за викенд. Дали ќе излегваш? Ако не, зошто не?... Сите се излезени. Ако да, со кој? Па ако не им се бендисва друштвото.. нема ли други за излегвање? Сега откако не живеам со нив, понекогаш доколку е сончево надвор, се случува мајка ми да ми се јави да ме праша дали сум бил излезен или дали ќе излегувам. А ако сум вратен дома, тогаш по default ќе ме замараат пак на ист начин... За среќа, во последно се помалку се враќам дома, не дека до толку ми досадваат туку мачен ми е патот.
https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/16-od-vakcinata-na-fajzer-zavrshuva-vo-crniot-drob Упатена особа? Што учела.. Студирала или нешто вакво е запознаена? Што би значеле тие податоци во статијата?
Не знам за ова, ама знам дека до денес имав миокардит, а од денес 0.09% болка во јајници, 1.03% во слезенка и 16.2% во црниот дроб. Ова од хипохондрик особа.
А во меѓувреме СЗО почна да размислува за ставање на крај на епитетот ПАНДЕМИЈА. Почнаа да си ги прибирет куферите од тоа лабораториите.
Се започна тој 14 Март од Тетовското кале. Од калето пукотници, а на плоштадот собир со извици учк и аплаузи за пукотниците. Оние кои од оваа држава јадат леб придружени од косовски екстремисти со оружје и се заканија на Македонија и Тетово. Започнаа војна за протерување на македонскиот народ и поделба на Македонија, но Македонија имаше храбри синови кои веднаш застанаа во одбрана на Тетово и Македонија. Многумина од нив беа ранети и останаа инвалиди, а за жал некои и не се вратија назад во своите домови и загинаа. Загинаа за нашата сегашна слобода, за сите наши благодети во кои сега уживаме. Загинаа и ги оставија своите дечиња да пораснат без своите татковци, а дури некои не ни успеаа и да ја дочекаат и видат својата рожба, па сега 21 годинa подоцна и се прашуваме дали вредеше воопшто сето ова нивното жртвување ? Денес голем дел од нашиот народ, а да не зборуваме и за политичарите како да ги заборавија македонските бранители па затоа и многумина од тие кои останаа живи се прашуваат за што ли се бореле и за што им загинаа нивните колеги, пријатели, другари и браќа. Сета нивна крв која во 2001 год. се пролеа во Македонија, на Шар Планина и низ тетовскиот регион во изминативе 21 годинa е погазена, а денес станаа и заборавени херои на една двојазична и безимена држава. Никогаш да не се повтори!