Роденденот ништо не би ми значел ако немам блиски луѓе кои ми честитаат и/или се тука да прославиме заедно. Не ми требаат ни подароци, што и не добив многу, најголем подарок е некој да одвои време и да се радува со мене на тој ден. Вчера прилично добро си поминав, иако не ми беа сите луѓе тука. Но, ќе биди и тоа, ќе има и втор дел славење. Така една од најинтересните честитки досега ми беше краткото видео од пријателот од Русија, како ми честита роденден на македонски (со руски акцент секако) што навистина ме изненади. Многу интересно звучеше.
Абе седи сеа за Украина се плаче шо ти е.Тие шо умреле шо биле живи запалени нема везе.Ене го тој шо ги предводеше терористите лидер на партија е.Абе ова е демократија, ти како мислиш?
Колку ми се наивни овие што викаат - Па на почетокот ако две недели или месец нѐ затвореа, немаше кој да го шири вирусот, короната ќе ја снемаше. Теоретски, мејби. У пракса јок. Од купишта болести до денес едвај неколку успеале да се истребат и тоа плус со вакцина која делувала и немало препукувања дали била источна или западна. И морбили уште има случаи. И туберкулоза. И пертусис и заушки и тифуси и не знам уште какви. Неколку на милион, ама има, значи не се истребени. Истребена засега е вариола верата, и полиото речиси е. Ова ем со строги карантини и вакцини збориме кои делувале со многу поголема ефикасност. Ама ние тука ќе плукаме по народот оти пустите клучни две недели поебале све. Да биле до тие две недели или колку и да е, сите болести ќе ги сотревме до денес.
Братучедка ми инсталирала GTA 5. Во играта се појавува проститутка. Детево ме прашува што да ѝ прави, јас и одговарам, што сакаш да направиш? Она ќути, размислува. Тетин седи на троседот се мршти, ми гестикулира со рацете да кратам, јас му намигнувам. Нема две секунди, детево ми вика, ај да видам што ќе се деси ќе одам до крај, и јас и викам ај. Завршува мисијата и братучедка ми е ко ... па, ова не е во ред за една игра?! Помлади од мене ја играат и затоа имаат погрешна перцепција за сексот. Жена не треба да се третира вака. Со овие зборови. Ја частев пица, нормално. 10 години направи, жива и здрава да е. Тетин ми ме гледа, се смее, ми вика опасна си маме му ебам. А јас горда, like a boss.
Пред да земете куче или било каков миленик, научете основни работи за доброто на сите. Кучињата како и луѓето се живи и осетливи суштества и бараат одговорност. Не може да го оставиш кучето врзано за ланец 24/7 со суви корки леб и бајата вода и да очекуваш да биде мирно и воспитано. Ако не можете да му пружите љубов, да го дресирате и да се грижите за кучето воопшто не го ни земајте, затоа што најчесто од вакви причини се развива агресија.
Куче освен што дава љубов и е пријател за цел живот, е и трошок, минимум 3000 денари месечно ако сакаш да биде убаво хрането и третирано, а во секој момент треба да имаш пари да одвоиш за на вет за него, затоа што тие за разлика од нас немаат здравствено осигурување.. Да работеа како треба ахв, немаше кучињата да се чуваат така со вода и бајат леб.
Трошокот е еден од најголемите проблеми ако не и единствен во некои случаеви. Затоа, ако немаат услови и средства воопшто нека не земаат миленик.
Со правилна едукација, разговори, да, знае. Ти мислиш дека 10 годишна возраст се мaлку години за девојче да научи како да биде правилно третирана за некоја година ќе влезе во пубертет?
За така да се изразува, да сметам дека е мала. Кај видела таа како е правилно третирање во сексот, а како погрешно, порничи ѝ пуштате? Или за лајкови го напиша мислењето? Битно малата пица лапнала пошо знае како не треба да прави.
Постои посебна гранка во психологијата која изрично посветува внимание на детскиот развој и сексуалност. На 10 годишна возраст децата веќе знаат што секс, па према тоа и заслужуваат да знаат што е правилно а што не, макар и само теоретски. Не знам дали имаш свои деца, но јас неа ја растев од првата година од животот и добро знам која е базата за добра едукација. Забрана за игрици сигурно не е, ниту пак чување во стаклено ѕвоно од надворешни ризични дразби со кои сигурно ќе дојде во допир за некоја година. Жал ми е ако не се согласуваш.
Читам еден шо пиши со кој за малку излегов за посериозно, оти во последен момент сфатив шо се случва, и сега кога го читам сум ко "guuuurl u dodged a bullet али прај смисла оти те привлече". Ок и еден прими свесно скроз ама тое you win some you lose some.
Моментот кога ќе сфатиш дека во „Предлози и идеи за сајтот“ ти си пишела предлози за форумот... Да е друго одма ќе ти го преместат, ама овааа нeeе, седи таму како на wall of shame за ниска интелигенција да сме. Спојлер