Хахахаха, добро е, јас си викам малолетничка бодрам да остане бремена. Да си здрава и жива, најсреќна! Јас не сакам пак да имам 14, потешко ми беше тогаш, сега сѐ ми е појасно.
Не ми се верува дека во маркетиве стигнаа до такво дереџе, да го КРИЈАТ маслото во магацините. Патем, смешно ни е дека имало кражба на масло, брашно и сл пред една недела….Трагично е.
Ќе убијам некој денес. А неам ни со кој да зборам за тоа што ме нервира.А и @Kimberly11 ми ја нема. Зашто немам среќа во животот бе, абе кому му згрешив толку еј? Еднаш бе. Сите се копуци да му ебам матер да му ебам.Мрсул
За 2 дена ми е роденден. 28 години ќе правам. Се повеќе се забележувам како размислувам како мајка ми, а кога бев тинејџерка и се лутев за размислувањата и велев јас никогаш нема да сум ваква. Ова ли е тоа созревање? Роденденов ќе си посакам да го дочекам роденденот следна година со бебенце во рака. Се друго имам, благодарна сум на животот.
Треба да сум среќна, а се чувствувам празно, истоштено, осамено и депресивно, како никогаш да нема да имам среќен ден
Еден маркет кај што пазарам у маало, магацинот им е во соседниот дуќан. Пред неколку дена поминувам од таму, вратата отворена, гледам во магацинот купови пакети зејтин. Влегувам во маркетов, едвај неколку шишиња имаше. И не, не било моментално, постојано е иста сликата, или нема, или ставиле еден пакет. Не знам како поголем ќар ќе имаат ако го скријат.
Кога ќе помине меркава што е актуелна и ќе се продава со заработка тогаш ќе го извадат. Сега немаат ќар на масло, брашно, леб и уште некои работи и затоа е вака. Пријави во инспекција, одма ќе го извадат.
@QweenSM ај среќен роденден и чувај од тортата. Две недели нема по маркети, купуваат по цел пакет а треба по едно до две шишиња, ова е ненормално.
Скиснато ми е од луѓе без осет шо само се жалат и не знаат да сопрат. Аман човек, ми е гајле мене за твоите проблеми шо сам си ги создаваш. Затрај се и не замарај. Никогаш не сум била човек што се жали, ниту ако некој ме праша би ги споделила маките (затоа што знам дека не му е стварно гајле), ниту па сама да ми текне да си ломотам и да ги полнам луѓето со негативна енергија. Жал ми е за тие што имаат мака, сочувствувам со нив, ако можам да им помогнам ок, ама не можам да ги поднесам тие што константно се жалат, секој ден нив нешто не им чини, сите се против нив, а всушност самите се најзаслужни за сопствената мизерија. Е тие никогаш не би можела да ги жалам.
Која е потребата секогаш да се затрескам во погрешна личност? И зарем не заслужувам онаква лесна спонтана љубов, како во филмовите или сепак многу барам
Архивата на Македонската радио-телевизија пропаѓа И така дури ние се замараме со светската политика и гледаме во туѓ двор, во нашава земја пропаѓаат записи и хронологии на лента. Кај други ни ја менуваат историјата присилно, сами си допуштаме никаков хронолошки запис од нашето време да не оставиме за некои идни генерации. Мене искрено многу ме погодува ова, зошто си спомнувам на едно време кога МТВ имаше сопствена продукција и доволно беше цел ден да ти е исполнет со програмата на МТВ и да не ти требаат 150 други програми. Може на помладите им звучи смешно, ама ние пораснавме со Sвон, едвај чекавме да дојде зимска рекреативна програма, гледавме репортажи и документарци во продукција на МТВ, цела драматуршка повоена македонска литература творештво беше драматизирана и екранизирана. Ми се чини дека не само што пропадна едно време и достоинствен живот што никогаш нема да си ги вратиме, па нема ни записи да имаме за истото. Ми фали една МТВ што не беше само за да пратиме тим за Евровизија. Знам дека е банално за многу, ама ете мене ми е стварно тажно на кое ниво дојдовме.
Сум имала тешки и напорни Понеделници, ова вчера не знам што беше. Ср*ње ден, се влечеше. Дај бар денес нека е побрз и подобар.
Во неврзан разговор со една познаничка ми кажа дека било срамота ако има Шведска маса да се враќаш повеќе пати да земаш за јадење. Искрено, јас секогаш си се враќам по повеќе пати да земам, и ич не ми е срам..
Социјалните мрежи (кои допринесуваат значително за нив) го направија светот шветска маса полна со искушенија,со се што може да ти падне на памет на дофат на рака,спојлер не е за слаби срца(а такви се повеќе ги има) Ако го земеш у предвид моменталниот forever 21 mindset што владее, како и тоа што во брак влегуваат "недоквакани",со нереални очекувања или погрешни причини и традиционално поради притисоци или колку за да се има некој за пред народ и социјални мрежи да се изиграва хепи фемили (на истите гореспоменати социјални мрежи каде што се наоѓаат искушенија да биде иронијата поголема ) И така у зачаран круг.
Фала Богу да дојде 5ипол а да е уште светло надвор.Одма сум друг човек.Расположена, со воља за живот, искачање, комуникација.Само вољата за учење ми бега повремено Бар ќе е топло ајде