Доаѓам понекогаш, но искрено додека не ја тргнете онаа темата за коронота , не ми се отвора форумот . . . Го р'ѓосавте со таа глупердија.
Мн се интересни луѓето што заприметуваат некои работи кај нас. Пример една колешка запримети дека сум носела облека од завчера, и дека помеѓу две паузи сум имала многу кратко. Како забележубате, живи се. Кој кога има пауза, како е облечен, што згрешил како згрешил.
Ее ова сто пати го имам посмислено. МТВ има некаде 700 до 900 вработени. Што прават? Едни шугави вести, ништо друго. Имам роднина која таму е на раководна позиција, и реално повеќе седи дома од што оди на работа, а кога оди тоа е само да пие кафе, да се види со колегите, 2-3 часа. Нула се, тотално. Треба да избркаат скоро се од таму, да ги остават со 200 луѓе и да прават фул програма. РТС гледам на јутјуб Горислав Папиќ какви добри емисии прави. Имаше и за името една добра емисија, продукција на РТС, со политичари, експерти, историчари во Македонија, Грција и Србија.
Same sis, same. Мислам, има левел поглуп и од тоа? И тоа баш по момент каде што си фален, изнафален од професионалец и ти иде да вреснеш од среќа, за 5 минути подоцна да докажеш дека стварно знаеш да си и најглуп на светов. Ама степен на глупоќа што не е никогаш измерен. Уште ми е срам ама и смеа ме фаќа. Важно живи и здрави да сме, ти е гајле.
Пишувам домашна и плачам, ми текна дека не ме пушти професорката во јануари поради банални причини да поминам на испит и сега пак мора да правам сѐ. Пишувам и плачам, кај ќе и оди душата..
Ми излегува статија како денеска бонтонот бил обратен од оној пред некоја деценија, како било трагично и жално што денеска бонтон било постар да стане да отстапи место на мало дете. Ова нели многу нормално зашто детето може да стои, а постарава особа не. Да, замисли егото да ти се покварува од мало дете кое лесно може да падне меѓу луѓе дупло повисоки од него зашто си начукал икс години во задникот. На дете и јас секогаш отстапувам. На возрасен ако има потреба само или ме замоли.
Не ми е криво кога немам научено, ама кога имам и те како ми е.. Едвај со тешка мака ја напишав домашната, кога и да ми текне на предметов, ми се одмилува се.. Кога ќе положам, од тетратка, скрипта, книга, забелешки, во првиот контејнер ќе фрлам се..
Се едни исти членови имаат мислење за во секоја тема, "скокаат", се објаснуваат, најпаметни и во се се разбираат....очај
Во последно време почнав за се нешто да и пререкувам на мајка ми, сфаќам дека сака се најдобро за мене, ама ме гуши, толку знае понекогаш да претера со советување, да просто ме гуши веќе.. Ќе и преречам, па после ја гледам седи намуртена, и ми паѓа жал.. Жал ми е мајко што не сме на иста фреквенција, што немам разбирање за тебе понекогаш, многу те сакам..
Потполно се согласувам. Откако земав ресивер за Коди и сл забележуваме дека почесто гледаме РТС или ХРТ него наши канали. Едноставно има што да гледаш. Смислени емисии, професионални водители, се гледа дека за конечната емисија работеле голем тим и дека сериозно си ја завршиле работата. Успеваат да привлечат внимание и интерес ампосле и да задржат внимание и да не се досадни.
Во МТВ повеќето ништо не работат. Знаат само да ископираат вести од МИА и да пуштаат репризи. Не сакам да шејмам за изглед некого ама за спикер или водител битен е и надворешниот изглед и убавина и шминка и облека и начинот на кој изговара, дикција, боја на глас и да знае да разговара со соговорникот на начин кој е културен и да ја контролира дискусијата без гледачот да примети. Повеќето немаат ништо од ова.. Нека земат школо од Србите од РТС многу се пред нив..
Кога ќе си дојдеш дома од болница, сфаќаш дека поубаво од дома нема, колку и претходно да не ти било убаво дома Денес ќе си седнам во двор со кафенце и ќе впивам сончеви зраци, тоа ми е единствена желба за деновиве