Не ми се верува дека поголем процент од луѓето ќе посетат бајачка за било кој проблем него ли да разговараат со стручно лице. А,да и ќе останат во брак заради децата
Кога паѓа дожд е еднакво на душевен оргазам. Топла собичка, да потонеш во креветот со скрстени раце и да медитираш, а од друга страна ти иде добра музика на лап топ.
Од една страна ти доаѓа да им честиташ на жени кои некогаш биле бремени и притоа биле со слаби финансии, напуштени од партнер, без асален дом и без поддршка од семејството ама сепак родиле и се снашле и израснале дете во добри услови. Е од друга страна ваквите приказни многу често се користат во контекст на дебати за абортус и кој избор е попаметен за некоја друга жена. Е кога овде ќе се убаци некоја со "јас немав услови и родив" не можам да ѝ речам браво. Оти очигледно не им е воопшто намера да прикажат колку биле јаки туку подмолно да убедат некоја да роди, што не е во ред.
Денес цел ден не сум убаво најадена, само на залашки сум и на сува незготвена храна, маслиново масло не можам да јадам, ми смрди, а свинска маст ми е одвратно, зејтин нема никаде ни за лек.. Не знам што ќе правам ако продолжи вака, ќе умрам од глад, сега самата себе се обвинувам што не направив резерви со време како сите..
Девојче зашто вакви драми, има зејтин во кит го, тинекс. На крајот на краиштата за супа не ти треба зејтин или манџа без запршка.
Нема во Тинекс ниту еден литар немаше денес, Кам нема, во 3 малски маркети нема.. Уште во Рамстор не бев, ама претпоставувам дека и таму нема..
Чудно, ја овде кај што живеам, има за извоз.Може праеле денес дотур на роба или нешо,Или пак си играат играчки со намерно повлекување роба.
Mentalno se umoruvam i gubam trpenie zimi se. Do koga be jas treba da oram za site da mu e okej, da ne se luta bla bla, a jas da trpam? Zosto sekogas go baraat to od mene??????
Прилично сум нована форумов,чисто го направив за да се информирам околу свадба и искуства.. Но,во порака постојано добивам прашања од нови членови кои креирале профил пред неколку дена и се е околу фустанчиња боди и дали и колку често носам танга. цела сум во ??? што е со прашањата
Не знам дали ја сум ту мач сензитив или стварно не е во ред во гинеколошка ординација да може да влезе било кој освен доктор и сестра додека се прегледува пациентка која патем е соблечена надоле, како за нормален гинеколошки преглед. Ми се случи ова денес. Комотно си влезе личност која немаше што да бара додека беше прегледот.