Не си сензитив. Ако тоа ти е границата треба да кажеш на докторот да не влага некој друг. Јас имав многу чудно искуство со гинеколог. Женско беше, отидов со мајка ми ама она ниту збореше ниту пречеше + ме чекаше надвор од ординација, јас внатре завршував работи. Додека докторката ме прегледуе ми вика: "секогаш мајка ти иде со тебе?" Јас и викам да, зашо? Исфрустрирана енергија добив од неа. После неколку минути ми вика "дојди во вторник, по можност сама" Јас бев ко зашо? "Па можеби ќе ми треба помош и ќе го викнам докторот заедно да те прегледаме" .. а беше обичен редовен преглед кој често си го правам, ради реда. Немав никаков проблем. Многу чудно се осетив, од тогаш немам отидено таму. Кај други доктори најнормално се осеќам.
Абе ок ама не знам, мислам common sense е на преглед кај што си соблечен да имаш приватност и да не влегува никој освен доктор и сестра. И хигиеничаркава знаеше дека има пациент внатре, можеше да почека.
Чекај, ја уште не сфаќам како е ова поврзано со (не)одењето на мајка ти. Освен што во глава неубави мисли ми се навртеа.
Во рок од неполна година сј*бав еден телефон,еден лаптоп и еден телевизор Спојлер: спојлер (Сатурн-Уран квадрат аман смири доживљај малце) Мислам дека универзумот ми праќа сигнали да станам пештерски човек. Можда и го послушам.
Ту, што си била креативна. Што не кажа порано денес, баш размислував како да се облечам за први април.
Сдк кај ти е младоста, кај ти е креативноста...на се ли јас да мислам Ете сега таман за Friday night out
Ја цела година носам тин фоил бе,дај нешто шо никој нема да ме познае. А местенцево ми изгледа идеално,ем и успат ми е, ем и водопади има, а баш планирав водопади пролетва, да чистам енергии малце. Ај сеа речи универзумов не муља нешто @Biljarkata
Ех, april fools по којзнае колку години не го славам. Finally single and nobody's making a fool out of me. Шала на страна, долго го чекав денов да се пицнам ама се разболев и сеа дремам дома со серии. Туго.
На рекорд кај Специјал и Жито лукс кога се преправаа пред да се отворат, имаше едни двајца тинејџери дечко и девојка се бакнуваа. Тој повисок оваа ниска и слаба. И сега ме интересира кај се, дали уште идат ако не зошто? Мала бев многу тогаш.
И јас пред некое време така го пишував, и да бидам искрена така го пишував оти толку бев (не)писмена. Сега очи ми боди кога ќе прочитам правописна грешка. И не само "незнам", туку и често се пишува "неможам", "сваќам", "мајкати", "таткоти" уште и на латиница... Не е ни чудо што поголем дел од Македонците не знаат како е одбележан 5-ти мај. За кого ли се мачеше Конески... За својот народ, за Македонците, а ми за кој. Тој не се мачеше за гајба пиво да му оставиме на гробот, туку да го негуваме мајчиниот јазик.
Сакам да можев да заспивам за 2.5 секунди како кучево кога ќе легне на креветов. Од кај му доаѓа одма сон ко на копање да е биден
Најпозитивни теми на форумов ми се музичките. Секогаш може да "украдеш" или да се потсетиш на некоја песна која одамна не си ја слушнал. За музиката некој мудар човек има речено: "Да споделиш музика со некого, е како да споделиш дел од себе."