Мене од модератор ми стигна известување за избришано мислење со користење на зборот “немора” (правилно не мора) ама тоа е.
Тука многу често го сретнувам зборот "морално" демек нешто мора, задолжително е не знаат дека тој збор означува нешто сосема друго. И зборот што е хит, "сватив"
Не знам дали ме смени пандемијата, или има разлика и шо сум порасната колку-толку, ама ја не сум истата особа од пред две години…многу сум станата сензитивна, многу се замарам со глупости, форсирам некои работи, ако порано сакав сѐ и одма, сега уште толку пошто не ми се губи време.Почнувам да сфаќам што сакам, бар овој период.Претходно бев особа шо на болеше кур за си те.Ама за сите.Гледав мене да ми е погодено, си ја вртев плочата мене како ми одговара, се заебавав, бев безгрижна.Сеа сѐ нешо се замарам..буквално гледам подобрување во себеси во сите аспекти, што многу ме радува, пошто сум подобра верзија на себе од претходно, ама ме плаши тоа шп се замарам.Се осеќам очајно некој ако сака лп да си разговараме малку? Не би пишала овде сѐ за да не ме препознае некој. @Kimberly11 ќе те тагнам за да видиш пошо си во тек со ситуација една, и ако прочиташ ќе сфатиш шо е.
Ви го читам муабетот и ми текна нешто. Пред некој ден си скролам на фејсбук и ми излегува објава од основно училиште, постојано објавуваат што работат на часовите и сега објавиле слики од час по македонски. Обработувале некој текст и го сликале планот што го напишала наставничката (во powerpoint) и погодете што ми паѓа во очи. Женава, наставничка од 1-4, што ги описменува децава си пишала "сватил" во планот.
Мразам викенди. Сите се дома и слушам зборење со дерење. Живела втора смена у школо. Аир и бериќет да види тој што ја измислил.
Јухуууу Сабота денес, романтичен ден а ? ќе се прави ли нешто валкано во кревет, на маса, под туш .... Туку заеби тоа, јас уствари дојдов да пишам не знам за вас, но никако го немам прифатено зборот СЕВЕРНА Очигледно мозокот мој е навикнат само на Македонија и кој и да ме праша од кај сум , ко од пушка одговарам МАКЕДОНИЈА ,,,,нит северна, нит јужна. Ајде за последен пат да се потсетиме на натпреварот МАКЕДОНИЈА - ИТАЛИЈА и слушнете ги коментаторите од разни држави моментот кога Македонија ќе даде гол. СИТЕ КОМЕНТАТОРИ РЕКОА МАКЕДОНИЈА, НИКОЈ НЕ РЕЧЕ СЕВЕРНА. РЕСПЕКТ ЗА НИВ ! Посебно ме израдува коментаторот од Полска, викање урлање за голот што го постигна Македонија, ејјј жими се , ми се насолзија очите. Па да се потсетиме како беше. Убав викенд на сите.
Леле Хереро! Од г точка на најболната ни точка го сврти муабетов, немој вакви работи, немој. Од валкани работи во кревет, само трошки од смоки и чоколадо можам да напрам.
Ау, што е со нервозниве препуни со комплекси, наталожени нерешени трауми, егоистични, "јас сум најпаметен" мислења у последниве пар дена на форумов?
Морав да се убацам тука. Во школо кај братучетка ми професорката по македонски на табла им напишала КОЊОВИ. На децава не им се верувало што читаат и се обиделе да ја исправат дека не се пишува така. Потоа таа им кажувала како тие биле некултурни и невоспитани. Ужас. Се сеќавам дека братучетка ми ми покажа слика од таблата и сите дома се чудевме. Мене ми е драго ако некој ме исправи за нешто што не сум го знаела. Не ги знам сите зборови. А не верувам дека некој до толку ги знае сите освен ако од мали нозе не читал книги.
Многу неписмени наставници има. Наставничка на учениците им објаснува дека се пишува по убаво и нај убаво. На секој може да му се случи грешка, но вакви основни грешки се недозволиви.
Дечки дали денеска се честита Рамазан? Колку што знам од денеска почнуваат постите, ама ако сакам да честитам на некого дали денеска се честита празник или рано е уште?
Да се надоврзам, држам часови по гер на деца, ти да видиш какви вежби им даваат.( несоодветни глаголи, тешки зборови). Демек слично ова ќе ве испрашувам она сосема нешто трето( потешко ). За англиски да не зборам тон диктати имам во кои демек нема ни една грешка, оно цел текст е за 2 ( не 4). За жал цел образовен процеЗ е down
Уморна сум. Ме боли душа. Никој не ме разбира. Нмв. Уморна сум. Од све. Лошото е што многу брзо губам нерви, трпение.