Само вистинските cat lovers ќе сфатат колку боли душа кога поминувате на некое место на кое секојдневно си седело некое рандом улично маче кое ви го разубавувало денот и одеднаш веќе не го гледате на истото место
И еден ден ќе сфатиш дека се било рандом е*ење и она кое било наречено врска, и она кое било наречено брак, и она кое телото буквално ти копнеело по некој и кога ќе си го осетел си мислел дека е смак света .. Се дур не ти се случи да осетиш како кожата ти гори под правите прсти. ... Кога гледаш во нечиви усни и знаеш токму какви ќе се за да подоцна си потврдиш дека тоа е баш така .. Кога се поклопуваш толку добро во се, без "ама ова јас не сакам"... туку во се си ист... Е тогаш... тогаш сфаќаш дека се било рандом е*ење и телото само автоматски брише се ...
Ми се повраќа од такви како овој/оваа што ти пиша така. Бегај од такви што подалеку. Ќе се каеш многу доколку контактот ти трае со вакви. Штом ти рече "не ми пишувај", сѐ ти кажа. Си требала да кажеш "фала" и после "фала што ми покажа каков човек си". Знам дека не побара никакви совети, но се пронајдов скроз во тие пораки и не можам да се воздржам од коментар. Сум била на твое место, и сеуште сум и многу добро знам како ти е. Требаше на таквите тикви да им се заблагодарам на нивен начин, но ќе им се заблагодарам дупло само да ги видам. Ти не мора да враќаш на нив, доволно е никогаш повеќе да не контактираш со нив, те молам. И да, навистина нема потреба да кажуваш некому дека патиш од депресии или анксиозност. Што дека ќе се довериш некому, да не помогне случајно? Нема да навлегувам во тоа која е причината за таквите пораки кои што си ги добила, но да знаеш ако навистина цело време тоа си го зборувала, иритира по малку, или по малце повеќе, за кој како де. Сепак, човек со психички проблем доколку претерал само со зборови, а и изгубил разум(во некои случаи), не треба да му се кажат работи како што дотичниот/ата ѝ рече на GirlLove. Имам на некои се доверено за мој психички проблем, кога видов дека не се замара никој, никогаш повеќе не спомнав тоа. Ако ми било пишано да скренам, тоа е, нема што да се прави.
Си се пронајдов Значи кај се немам мацуфки што си ги гледам и си ги галам; имаше една што си седеше во продавница за клими, ќе си се наместеше на влез или на излог, никој не ја бркаше; па кај месарница едно што и кутија му ставиле и со локалното куче си се дружеше; кај Зелено пазарче едно дебелко кај бутик си се излежаваше; исто пред зелено една женичка што продаваше хеланки и слично си хранеше неколку мачки, па уште и имиња си имаа, Тајсон мачорот главен им беше
Сакам за еден ден да го имам паметот на луѓе што најголема занимација во животот им е кога ќе појдат на гости да прават археолошки анализи на чашите, чиниите и приборот, колку биле стари, макар што во сосем чисти и уредни садови си ги почастил. Или на каков начин си им го оставил филџанот на маса (втф??) демек со рачката поблиску до него морало, некултурно било сам да го врти да ја фати рачката, демек бон тон некој. Или распоредот на гарнитурата бил несоодветен за просторот. Не знам еве ама јас кога викам гости и идам на гости, највеќе ми остава впечаток пријатен муабет, смеење, заебанции, зависи кај кого сум. Разбирам да почитуваш ред кога идеш кај некого или да ги угостиш со ќеф ама тоа занимавање со детали ми е нон сенс. Крај крајова вратата им е онаму ако не му се свиѓа како факинг сум му го подала филџанот.
Што ви се врти во главата на вас бе, што труете невини животинчиња? Свесни сте дека по тие тревници што фрлате отров играат и мали деца, и додека чекате да видите отруено маче или куче, може еден ден да лежи и отруено дете? Сфатете дека не сте единствени на планетава, па да си давате за право да одземате нечиј живот.
Поздрав до екипата од Фемина Форум, кои стискаат од работа до дома 45 минути. Само тие можат да го разберат овој филинг