На темава зборев со една другарка скоро. Помалку има од 30, имаше долга врска која заврши и година и пол е сама. Ај што други сметале дека не можела дечко да најде туку и мајка ѝ тоа го мислела. И греота била дека дечко немала, годините ја газеле, до 30 се бирале, после тебе те бирале. Мене мајка ми да ми го каже ова, ја отпишувам. Со муабетот што ѝ го направив се надевам ѝ дадов кураж дека не е ниту греота, ниту срамно да нема дечко и да не се залетува по првиот што ќе го најде ама не знам… Кога дома ти го зборат тоа…немам коментар. Пошо сите мораме по нечии правила да живееме изгледа.
Значи толку ме изреволтира настанов со ракометарот ДенисТот, никогаш нема да ми биде јасно вакво однесување на млади луѓе, неприфатливо, вакви однесувања заслужуваат најстроги казни! Срамота и греота е.
5 години поминаа и сеуште ме прашуваат што е тоа на аватарот. Готичарска кукличка е. И многу си ја сакам.
Мене ми личи на Самара не знам дали ја знаеш од филмот The ring. Отвори на гугл ќе ти се појават слики одма. Ама малце ме плаши твојата слика и никот не знам што значење има. А вака си ми океј. Ми се појавуваат твои коментари често. Да се пофалам сега јас со нов аватар
Хахахахаха ја знам, имаче фала. Никот е кратенка од Independent rock музика. Брат сега стварно неможам да прекинам да замислувам дека изгледаш како таа на претходниот аватар. Цело време мислев дека то си ти
Сабајле скоро 1 саат не можев да се сетам која ми е лозинката од телефон, иако никогаш ја немам менувано, само седев така со телефонот во рака, буквално се блокирав.. СДК, стареам веќе..
Крејзи, ништо лично кон тебе, ама морам да го искоментирам ремек делово. Кој ако не бумерски пост да испомеша 12 работи што му сметаат на daily basis во едно? Од сексови, преку селфиња во купатило, до капиталистичкиот феномен достава на храна да е побрза од брза помош. Отсекогаш ми биле icky ваквите муабети за ,,времиња", зашто најчесто тие што ги зборат не можат да си погледнат подалеку од носот и мислат дека нивниот живот е референтна точка во која на светот му се дешаваат промени. Љубовта била од корист во денешно време, meanwhile во скоро цела помината историја луѓето се мажеле и женеле стриктно за материјална корист, а моментално се наоѓаме во точка од времето со најголем процент бракови склучени од љубов. Па и жените се плашеле повеќе од бременост отколку од ХИВ. Буху, фемоидите не сакаат да раѓаат да ја продолжат лозата. И како цреша на шлагот, заштитниот знак на бумеризмот: непотребно прееротска илустрација, со жени со тенки струкови и цицкетини, за некаде да излезат фрустрациите на луѓето што си ги мразат жените и животите.
Ама редно беше да направам некоја промена. Веќе е застарена таа слика уште од кога го направив акаунтов. Али еве вака како тебе некои ќе се навикнат на таа слика и полесно им паѓаш во очи кога ќе коментираш некаде нешто одма знаат дека си тоа ти и без никот да го прочитаат. Сепак кога ја видов сликава од девојкава не можев да не ја ставам на аватар Иако не знам што сака да каже со шарениве бои али многу ми се свиѓа.Тука можам да менувам вака девојки.Јас знам некогаш и на инста на профилот да ставам вака некоја девојка што ми паѓа во очи, а да не сум јас ама повеќето ми се чудат. Овде е се нормално. И ти знаеш на што мислам дека се е нормално.
Овие текстовиве за кои зборите ме потсеќаат на тие текстови што ги стававме на фејсбук во 2012 за да изгледаме препаметни и поразлични.Тогаш бумерите уште немаа фејсбук за да ги споделуваат.
Вакви статуси на инстаграм објавуваше еден дечко и во негово отсуство сите му се смееа зашто на инста се трудеше да биде поразличен ама сите што го знаевме беше и он таков. Не сакам да ги навреднам членкиве зашто не ги познавам и можеби они се навистина такви како што коментираат. Особено ова ме потсети на него: Живееме во време кога сексот е бесплатен, а љубовта чини пари. Затоа што се вртеа муабети дека беше со една само ради пари, а девојката беше стварно богата. Сега негово си е што стварно осеќал.
Жени што се борат со неплодност не заслужуваат емпатија ако самите со најпогрдни зборови напаѓаат други жени кои извршиле абортус или одлучиле да немаат деца. Барем од моја страна нема никогаш да ја добијат. Сори нот сори. Онака се загледав едно видео демек за некои аргументи против абортус и една во коментари пишала -"јас бев прочојс сѐ додека не се соочив со неплодност. Не сфаќам како може некоја да си го убие детето додека некои како мене се борат за тоа дете со години. Одвратни се" И ти си душо, фала.
Ме боли грбот ќе умрам, кузнај како сум спиела ноќеска. Кога ќе почнам да работам ќе идам дефинитивно еднаш месечно на масажи. Инч вчера и завчера се будам и гледам саатот 4и53 оти е така незнам. Времево у тежок пмс е. Де сонце де дожд и ветар. Гледам на планините уште има снегови.
Не знам дали сум единствена ама поомилени ми се прошетки на вакво време, после дожд, отколку на жешко време со многу сонце.