Ма ако те сака ќе те сака и со мал крембанан. Кој последен се смее најслатко се смее. Среќен роденден!
Нека е честит денот на космонаутиката! На овој ден пред 61 година се одржа летот на првиот човек во вселената, советскиот космонаут Јуриј Гагарин. 12ти април е многу значаен датум во историјата на човештвото. "Полетувајќи од космодромот Бајконур, неговото вселенско летало Восток-1 направи еден вртеж околу Земјата и успешно слета во регионот Саратов. Летот траеше 108 минути, а два дена подоцна целиот главен град, целата земја го пречека херојот на вселената. Светот му аплаудираше на вселенскиот пионер. Јуриј Гагарин, со своите искреност и добрина, цврстина и непоколебливи одлуки, вистинската верба во најдоброто и блескавата насмевка засекогаш го промени светот. Во тие години, Јуриј Гагарин без сомнение беше најпопуларната личност и илјадници луѓе ширум светот сакаа да ја видат легендата со свои очи, па на крајот на април тој замина на своето прво патување во странство како дел од светската турнеја, која често се нарекува „Мисија на мирот“. Политичарите, кралевите и претседателите, научниците и уметниците, обичните граѓани - сите сакаа да го допрат неверојатниот настан од историјата. За цело време, Јуриј Гагарин успеа да посети повеќе од 35 земји."
Еднаш еден дечко ни пишуваше на мене и на многу што ги знам во мојот град, дека му требало 100 евра за лекови за мајка му, која била многу болна, па ќе ни ги врател. Не се ни обиде да звучи уверливо. Секако, јас одбив. Една моја другарка, многу добро девојче инаку, му прати пари, по што тој одма ја блокна и после се разоткри дека не барал пари за добра цел, очекувано. Кога зборев со неа, таа рече дека зборела со нејзините и со други, кои ја советувале да не праќа пари, ама таа рекла дека ќе оддели од своите пари, нејзина одлука и не можеле да ја спречат. Во нејзини зборови, „Знаев дека може ќе испадне вака што ќе испадне, ама ако стварно му требаше за лекови, а јас одбив да му пратам, немаше да можам да спијам мирно, пак би постапила исто“. И за некој она можеби е наивна и глупава, како што форумот има навика да збори за добрината, дека било глупаво да си добар, особено во „оваа време“, ама јас не можам да потенцирам доволно колку вреди да си добар без разлика на се. Стварно верувам дека се враќа таа добрина и многу вреди да си добар, да пружаш љубов и се. Мене таа другарка скроз ми ја смени перспективата и сакам да бидам како неа кога ќе пораснам, хаха.