Кога фризерката ќе ми рече не може сега до тука да ги скратиме шишките бидејќи до тука си фарбана… Дојдов дома си ги скратив. Како паметни да се прават ми изгледа, значи јас сум дошла за така да ме шишаш како што сакам, а не да ми кажеш дека не треба така. Ако сакам бела да се фарбам, бела ќе ме фарбаш, нема да ме убедуваш дека не е убаво така. Не знам што не е јасно
Сдк Ја од мала сум стар мал ама сфаќам дека да не беше форумов, и некои ситуации и периоди во животов мој, дека немаше да сум посозреана од моја генерација.Ете така
Што се прави кога уствари некој кој се колне дека те сака и си му битен во животот, се понаша скроз спротивно од тоа и ич г’з не го боли дали со некои зборови ќе те повреди, навреди, омаловажи и сл.?! И уште прави да се осетиш ти крив?! Мислам, знам што се прави ама ете, да си кажам маката…
Кога не спиеш, гориш очи на компјутер и не одиш на факс за да го завршиш проектот на време, го доставуваш и за инает клиентот отвара диспјут да си ги врати парите, иако бил задоволен се до крај Најзаебаното нешто е тоа што страницата не ги заштитува работниците, туку клиентите. Последно ми е. Се откажувам.
Па овој пат изгледа тоа ќе биде. Иако сабајле ми се вриштеше и сакав сѐ да ѝ исплескам в лице, да не ме мисли глупа, веќе не. Само јас се обидувам да го одржам другарството со постапки, таа само со зборови. Со делава тешко некако. Е ама и јас имам достоинство така малку, не сум вреќа нонстоп да се истура на мене…
Еден куп такви ги избришав во последно време, и се чувствувам преродено. Само дрско треба со некои, колку да си го знаат местото.
Случајно видов во тетратка, goals за 2021 што сум напишала, сум имала 13. Дали ви се верува дека ни една цел не ми е исполнета? Ниту една од 13!! Ама не на лош начин, tbh. Пошо сите се работи што ги форсирав, a во срцето не ги ни сакав, логично да не ми се исполнети. Сега сум на скроз различен пат во животот и ми е поубаво.
Што им е на овие паровиве со еден профил на фејсбук, ниту знам на кој од двајцата да им честитам роденден, ниту знам на кој да му се обратам во порака
И после 61 годинa дојде време да го канселираат од Западот... Јури Гагарин, човекот кој секогаш држеше говори за мир и се бореше за обединување на светот во полето на Астрономијата и Науката. Слава му нему, на Корољев и на сите други инженери кои со своите знаења успеаа да направат еден огромен технолошки чекор кон иднината за општ бенифит на цело човештво.
Русофобија пуштена на најјако. Сѐ решивме, во Достоевски, Јуриј Гагарин и остали беше проблемот. Јебала ги таа "кенсл култура", се извинувам на речникот, но ова е претеризам. Ама тоа е, западот е познат по лицемерието и извртување на работите во негова полза, сѐ под превез на "слобода и демократија".
https://vreme.mk/article/625605b5075b2192ca4e27da Ако мислите дека "сега нема кај да бега", да потсетам дека никој не одговараше за 70 смртни случаи како последица на корупција со Дурмо Турс, Беса Транс и болницата во Тетово. Ниту за родилка на која и извадија органи. Знаеме и за полицајци шо ќе те убедуваат дека си проминал на жуто за 3 сендвича. Знаеме и како се полага градска. Знаеме "како е редот" кога треба да се породи жена у државна. Знаеме и кај Тупанчевски како се полага предмет. Знаеме у градинка како се запишува дете. Ние се давиме во корупција у свака пора од општеството. И скроз уживаме во тоа.
Да ги бркаа вака тие шо нѐ крадат, покварени луѓе, доктори адвокати без лиценци, газди без лиценци, арно ќе бевме И онака сме проста раја, шо од читање виделе само читање жута штампа, па и тие ги бркаат шо книги продаваат.Шо лошо ви напраиле луѓето.Од кога знам за себе постојат тие. зашо се толку ретардирани сите во државава бе? Со шо ве дрогираат, дај кажете