Идиотите Треска ја запалиле. Еко катастрофа од огромни размери за да се изградат станови што некоја будала после ќе ги плаќа по 2000 евра квадрат за да се труе во Скопје. Дечки тоа во Треска е пред се азбестен кров, има куп хемикалии што горат, тие што живеете натаму носете си маски денес утре барем за азбестот и прашината колку толку, и избегнувајте да се шетате. Не ми се верува, кај живееме.
Да сме нормална држава сега треба сопствениците на земјиштето да одговараат за загадувањето и за несовесно одржување на просторот, без разлика дали е намерно подметнат или не. Пишуваше и на ФБ дека гореле азбестни кровови, значи воздухот моментално е екстремно канцероген. Сите што сте во Скопје носете маски обавезно надвор!
Секако дека горат азбестни кровови, цела Треска е азбестен кров. За жал ни само маски не помагаат, воздухот е исклучително канцероген и заради хемикалиите што горат, а маска за тоа не помага Треска има магацини со опасни лепаци и хемикалии за производство. Страшно... Од овие причини еден од критериумите за купување стан ми беше да не е во близина на Треска, ми се чудеа сите пошто нели супер локација, ама во оваа држава ништо подобро не може да се очекува. Жал ми е што бев во право. Инаку за азбестот да не ве плашам, ама надишани сме азбест еден куп сите во Скопје. Сите срушени бараки за згради се со азбестни кровови кои никогаш не се демонтираат, туку се кршат со булдожери, што е исклучително опасно и летаат тие влакна насекаде. Така да носете си маска надвор ден-два, и избегнувајте го тој дел, ама без паника, пошто веќе секако сме биле изложени
Неколку пати поминат ист пат. Немање соодветна велосипадска патека. Мушкања низ дрвореди, нивните дупки со остри ивици од кои лесно пука гума, исплашени пешаци (зошто реално пред да го залепат таму знакот тоа беше нивна зона) за кои не ни има место, а не пак плус велосипед и наместо да стигнеш порано и релаксираш, ти си под стрес, се нервираш и плус доцниш. И во право се и тие и тие, велосипедџиите внимаваат да не се судрат со пешаците, пешаците нервозни се муртат на велосипедџиите, а за сето тоа се виновни само општинските власти.
Мислам дека на форумов повеќе се “дискутира” читај надмудрува, расправа итн отколку што се помага. Колку само наназад прашања имам поставено на кои никој не ми одговорил, а пример во темата за војна цело време се коментира.
Многу се осеќам overwhelmed од животот и сите можности во него. Сакам да ја прочитам секоја книга што постои (освен оние на Колин Хувер ), да го правам секое можно хоби, да свирам 10 инструменти и да знам исто толку јазици, да живеам во сите држави, да ги изгледам сите серии што ме интересираат, размислувам како би бил мојот живот и да сум научник или да сум шознам, историчар и сум ужасно фрустрирана што не можам да бидам и правам и прочитам се на светов. Пошто буквално се ме интересира, нема нешто во кое и најмал дел од мене не се пронаоѓа и не знам како ќе умрам без да знам се.
бев 20 год стара, кога сфатив дека на форумов има тема за бебешки гомца..со опис какво е гомцето. а ќе бидам 100 год стара, кога ќе сфатам зашто си викате ,,мајка’’ меѓусебе, дека ја на мама само така и` викам, па чудно е.Никовиве не знам за шо ни` се. мајка и немајка
Сакам другарките да сфатат дека немам нерви да пишувам или да зборувам на телефон 24/7 за секоја ситница. Секој ден се гледаме и си кажуваме се што имаме, ај сега и на телефон и во живо истиот муабет...
Толку ли е битно полнењето сопствено его и играњето со друга личност? Ајде ќе му давам лажна надеж, по 7-8 дена без никакво објаснување ќе ме снема. Тажно општество...
Феминки и фемини, драги луѓе. Конечно се ослободив! Заврши разводот. Дишам слободно. Почнува мојот втор живот. Фала ви што бевте со мене кога ми беше тешко. Ве гушкам и ви кажувам никогаш да не губите надеж. Кога после толку многу години успеав да ставам крај на нешто лошо секој може.
Здраво . Да се запознаеме . Повратник на фемина,нов профил поради лични причини .Тука сум за да се забавувам и разменувам мислења.
Може се знаеме веќе шо ќе се запознаваме Да не си го имаш згрешено малце никот? Не одговара со тоа што е на аватар ако тоа ти беше поентата. Ништо страшно де онака само забелешка