Да дојдат администраторите и да ги банираат оние со повеќе од еден профил, гарант полoвина и повеќе Фемина нема да ја има
Па што ќе правите без мене после и без моите 128 профила, со се поблиска и подалечна фамилија Сега уште 367 профили ќе отворам за да бидеме повеќе и да привлечеме повеќе спонзори на фемина, гледам нешто слабо реклами се појавуваат. Се надевам дека ќе ме поддржите во замислата.
Маче, ова е најдобриот форум од сите можни форуми. Ти треба да основаш црква на либералното форумство и да им ја предочиш оваа света вистина и замисла на сите, затоа што никој не е свесен за оваа генијална идеја. Еве види, јас прва те поддржав и се покажав на дело, а не само празни зборови.
Па ти маче мислиш не основав? Само што е повеќе како секта на либерални форумџии. Ама уште не ја експонирам во јавност, за да не ја злоупотребат намената. Не за друго, уште не сум подготвена да трепка банер на вип а под него-благодарение на Абеја како основач и сите останати феминки и феминковци. Мора да се покажеш на дело, не си залудно вип член.
Фер. Ти ми делуваш како сериозен непријател на форумот и верувам дека работиш на многу нивоа за да го урнеш системот. Веројатно те следат и државните разузнавачки служби на форумов, ама тоа е, само храбро! Јајнициве ми се стресоа кога ја прочитав Summerlover... гледам дека ти си на моја страна, само страв ми е ако сите го следат твојот пример и вака дојдат на мојата страна, да не ми се преврти кајчето?
Епа ако кајчето ти е безплатно, опасно ќе биде. Јас не сум форумски непријател особено не сериозен, бидејќи јас ниту форумот не го сфаќам нешто многу сериозно. А тоа дека работам на многу нивоа-работам, се во служба на корисниците и еднаш да го победиме игнорантскиот став на државните разузнавачки служби. Со нови сили-напред ! Јас сум сигурна дека и самерка сака да плови во твоето кајче, оти е безПлатно.
Е од кого ќе ви се преврти кајчето Google [Bot], BelieberYeahh, m3a3c3a3, Primavera, другиве од страна ве гледаат јас од тераса ве следам и платно на кајче не гледам ај мирно море
Па во погрешни води гледаш, кајчето не е в море, туку в езеро. p.s. google [bot] не е страшен, ама yahoo [bot] може да прави проблеми
Таман си се водите, правецот тој е, кајчето не ви чини Ако не сега нешто покасно- ветер ќе не однесе и вас и мене
Ти бега поентата на муабетот, ама нема врска. Не е само да се земе учество, туку треба вклопување во суштината.
^^ Епа ти не ја разбра, ние си знаевме за што правиме муабет, ама ти го вмеша кајчето како пловен објект без платно. Добро утро ти посакува Абеја Туку, нова бура на повидок, сега некој "Нестор" ќе го чекаме да пристигне од Хрватска. Ќе им снема имиња веќе. И пред да ми кажат јас си знаев, мускулите и коските мене ми зборуваат, си го имаме муабетот. Туку да се пофалам, повторно станав нина на едно бебуле
Ја гледам темана Фемина Инстаграм и се чудам. Колку убаво си почна со прекрасни оброци, добро декорирани....сега турат јајца пржени едвај еднаш превртени и загризани тостови. Таман да ти се одјаде
Не знам дали е до визуелната перцепција,или сме ние луѓето навистина расипани,или само човекот наишол на такви,но вистина е дека не ги перцепираме беспомошните. Самата помисла дека ги експлоатираат децата за финансиско добро ми вели јасно и гласно да не им дадам ништо,нели така би била и јас соучесник? Само ќе им помогнам да заработуваат на еден толку подол и валкан начин.... Но од друга страна,знам многу добро дека очајно им е потребна помош на некои луѓе кои вистинки немаат. Прашањето е како да ги препознаеш? Чувствувам грижа на совест. Се преиспитувам колку луѓе сум одминала тукутака,без да размислам дали вистински им е потребна помош. Сепак,мислам дека треба да се пронајде начин и тоа што побрзо да се отстрани проблемот. Нема да се отстрани сето зло од светов,но вистински е страшно она на што тие деца,па и возрасни се приморани да го прават. Ме облева некаква тага,посакувам да можам да ги згрижам сите беспомошни луѓе на светов.Но,време е да се разбудам. И додека пак не почнам да сонувам,ќе продолжам да ги гледам луѓеви секојдневно. Потсетник на она вистинското,и на времето. https://www.youtube.com/watch?v=w1rwRT229Uo
Топло е па ти, склет им е на луѓето да декорираат. (Нико) Нестор кога ќе дојде сега и ќе не` испозатвори по дома можеби ќе среди работа... Освен ако не не` малакса на друг начин и не не` тера на спиење.
Кукаат сите дека немаат пари (освем комшивката со маж афганистанец) кукам и јас.Додуше не онака јавно со солзи и мрсули ама кога се нема,се нема.Немаше ни за одмор годинава и знаете зошто?Зашто не сме домаќини (зборувам за мене и за овој мојов).Се научивме да живееме со ставот прво потроши па враќај со камата.Ова се однесува и за оние како нас кои ги цедат картичките,за се па и за одмор.Ретко кој од нас,со исклучок на оние со високи примања може да отиде на одмор а да не осети.А како порано средната класа си дозволувала 2 годишни одмора плус престој во бања.Кога размислам навистина така беше,но тогаш луѓето немаа трошоци како што ги има денес.Немаше кабловска,интернет ,мобилни,памперс пелени,разноразна козметика,за горе за долу... Имаше литарски шампон од бреза или коприва,сапун,обична крема за лице за сите...а сега имаме козметички салони на секој чекор ,а сепак денес жените не се ништо поубави од тогаш. Кога само пресметам на годишно ниво колку сум фрлила за средства за мачкање излегува сосема солидна сума.А истата кокошка сум ,не сум се проубавела ни за милиметар. Па нема одмор,е нема кога не штедам.
Понекогаш во животот е потребно да се свртиш околу себе и да разгледаш дали има друг начин за да стигнеш до целта ако нешто ти застане на патот а неможеш таа препрека да ја решиш, исто како кога братучедчево мало гледа цртани, а јас му ставам играчка пред очите и неможе да ја тргне, па затоа се врти со главчето и продолжува да си го гледа цртанот а има само 5 месеци