Темата за штајк на просветните работници се претвори во калакурница. Препукувања, вербална расправија и обвинувања. Нема дискусија. Овде ако имаш непопуларно мислење, веднаш си имаш етикетки. Заборавив дека не само судство што ќе штрајкува туку и пошта штрајкуваше. Ама за нив и нивната неспособност немаше вакви дискусии кога им ја покачија платата.
Со среќа нека ми е петта годишнина на форумов Ептен си го сакам,само да нема расправии во секоја тема, ќе биде уште подобро. Нека сфатат луѓето дека секој си има различно мислење, различен вкус, различно искуство. Ќе биде полесно за комуникација.
Поради, да, за жал, несогласувања во врска со ставови во врска со штрајкот на образовниот кадар- нема да одам кај одредени личности за Велигден. Штотуку една личност ми даде до знаење, колку може да се биде размазен и нехуман, кога чистачките во училиштата ги нарече-безработници со метла во раце кои не заслужувале покачување од 15.000 на 18.000 , а како таа дотична особа шо ( самата си кажа дека оди на работа, на замена, по 3 месеци а 9 е дома) имала 4 одделенија, воспитувала деца, правела планови и прегледувала тестови вон работно време и тие саати не и биле платени- земала 22.000. Еј,алооо чистачките...вреѓања бе, биле со метлата в раце. Е, цеце, пази се еден ден и ти да не останеш со метлата в раце. Боже, чувај не.
Али остај тоа, кој ќе оди за Грчка? Еј Cтојна на фб ставила слика во Париз е за Велигден а и Кардашијанс се враќаат со полна сила на екраните (на Хулу) ќе имаме можност да ја гледаме љубовта на Ким и Пит (само Канје да не испадне од некоја грмушка) аман пусти их не се воле човече
Прочитав во темата за штрајкот на наставниците дека „почит за наставници се заслужува“. Само малку сум запрепастена од тоа што го прочитав и уште од толку допаѓања за тој исказ. Ова неизбежно ме носи кон фактот дека образованието ни е довде дојдено заради ова. Па родителите ги учат децата дека професорите треба да си „ја заслужат почитта“. Да се разбереме, едно е почит, друго е standing up for yourself! Тргнувам од мене. Мене сите професори ми беа еднакви. Кон сите имав култура на однесување (на тоа и мислам - почит, не знам останатите што мислат, би сакала да ми укажат што подразбираат под тој збор), независно колку ми беа одвратни. Ама затоа ако имаше некоја неправда кон мене или кон некој соученик, неизбежно реагирав на тоа - пак на културен начин. Ако некое дете е учено од дома дека професорот треба да си заслужи почит, зошто очекуваат образованието да биде на повисоко ниво? Многу се надевам дека родителите реално не ги учат дека ако професорот е дно, дека и тие треба да се симнат на исто ниво со тоа што ќе почнат да се обраќаат на некултурен и недоличен начин. А имам видено секакви ученици. Професорот е педагог, ама тие ученици (какви што им беа и родителите) беа битанги. Џабе беа, праќања до психолози, педагози и директори кога од тоа што се гледаше на родителските, родителите им беа бетер. За жал заради нив, страдаа останатите, во секоја смисла.
https://republika.mk/vesti/skopje/n...raat-nastava-direktorkata-si-podnese-ostavka/ Како културно да се врати на ова? И јас сум запрепастена од ова вакво понашање. Имав и вакви десетина професорки и наставнички во средно и основно. Запрепастена од уличарско понашање и култура.
Ова е веќе ненормална и екстремна ситуација што се пријавува до сите можни надлежни и ненадлежни. Ниту една личност која образова деца/луѓе не смее да си дозволи да кажува било какви навреди. Во никој случај не беше напишаното за нешто вакво!
https://sitel.com.mk/od-utre-i-zadu...-6y6vLZ_Ph8Y8rh93XgHqGyhPAIiwwzN7qjFLGeuR0_bA На вода ќе пржиме
Не е тоа почит туку домашно воспитување. Ми вриело во стомак, солзите на очи ми стоеја ама наведнував глава пази пошто бил професор. Тоа што ќутевме и наведнувавме глава не значи дека сме го почитувале тој професор. Сега младите ниту ги воспитуваат така, ниту имаат волја да трпат таков 'авторитет'. Ќе ќутиш пошто јас сум во помоќна позиција. Тие што ќутеа се иселија, тие што се уште имаат живци да ги трпат срањата во државата се мачат.
Во домашно воспитување треба да стои и дека ако има неправда дека треба да реагираш. Да си застанеш зад самопочитта што ти е креирана. Нормално дека нема и не треба да трпат ако има некое недолично однесување од страна на професорот, исто како што професорот би реагирал ако има недолично однесување од страна на ученикот. Ми се случи неодамна да не е во право една професорка (и тоа за огромен случај). Почит е на културен начин да се спротиставам (и го направив тоа). Таа продолжи по свое. За жал немаше што да направам зошто се направи „на тошо“ и изигнорира дека не е во право. А се случи еднаш и да ме бркаат заради тоа што се спротиставив на професорот кој направил грешка заради која јас за малку требаше многу да плаќам и губам година. Се тресев од бес ама на културен начин се сносив со ситуацијата. Барем тоа за мене е почит - носење на ситуацијата на соодветен начин. Затоа и не разбирам што за другите значи „почит“ ако мислат дека професор треба да ја заслужи. Заклучокот ми е дека и самопочит е дел од домашно воспитување.
Ај да ти појаснам малце. Ме има навредено професор. И не сум се карала оти знам дека е џабе, оти знам дека јас сум пред него никој и ништо, оти моето достоинство не постојат во училница, само неговото. Е тие професори после завршувањето се правев дека не ги познавам, глава вртев на улица иако они мене ме памтат. Е ги има и вторите што ми е и ден денес мерак со насмевка да ги поздравам и да им направам муабет, да им кажам што сум постигнала до денес. Пред вториве додека сум била ученик достоинството не ми било никогаш нарушено.
Не е ни почит, ни авторитет, туку страв. За споредба, имав професорка по математика, ниска, слаба, со смирен тон, буквално никогаш немаше глас повишено. Беше од онаа стара гарда професори што имаа строг однос кон ученици, ама не во таа смисла да те малтретира и понижува, туку едноставно, бараше многу знаење и кај неа врски не функционираа. За сметка на тоа, беше одличен професор, знаеше да предаде знаење и ја знаеше суштината на тоа штп го предава. И најнемирните деца не зуцнуваа кај неа на час. Не слушнав од ниедно дете некогаш лош збор да каже за неа, дури и тие единици што требаше да поправаат. Тоа е авторитет и тоа е почит. Затоа овие новите сега мислат дека од дома треба да си го учам детето некој што го малтретира да му ќути? Извинете наставници, ама нема. Кога женава како пример знаела да се псотави да заслужи виустинска почит, истражувајте и видете како да пристапите и вие. Подобро нека не заврши факултет, него да се плаши од сите, да си накалеми стравови. Не сте тоооолку вредни. Ние си знаеме како сме поминале со такви што очекувале СТРАВОпочит. А да, и голема грешка ви е што за вас работата е 45 минути да прочитате учебник и да диктирате по тетратки, а заборавате дека можете да се надоградувате особено во педагошкиот пристап.
И јас имав ваква по хемија баш. Жената беше принципиелна, бараше знаење, редовност ама мислам дека беше една од ретките што цел материјал знаеше така убаво да го соџвака до степен да го научиш во едно читање. Е оваа пак никогаш не понижуваше ученици кои згрешиле или добиле слаба оценка, никогаш не лечеше комплекси врз нас. И оваа е една од тие што стварно ми е мило што ми предавале