Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Друго е муабетот со самопочитта. Јас зборувам за моментот дека не се заслужува почитта само заради позицијата што ја имаш.
    Како професор што знае да ти убие мотивација, достоинство и да ти ја згази гордоста во најкритичните години мислам дека ни најлошиот родител не може.
    Каде правда ќе тераш, таму кај што немаш никаква сила ни моќ? Не знам ете може јас вака размислувам зашто завршив во тие генерации, сега веројатно малку повеќе родителите почнаа да се залагаат за правата на децата.
    А имав и прекрасни професори што ден денеска се заслужни за тоа што сум го постигнала.
     
    На MeowMeow, Idedemja, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Можеше да објасниш и без ароганцијата.

    За болдираното апсолутно не се согласувам. Ова спаѓа под самопочит. Нема да се расправам ама нема ни да молчам и сигурно ако постои навреда нема да остане непријавена. Ова спаѓа под самопочит.
    Јас прашувам за тука и сега, а не за вртење глава после завршување. После секако не ми важи ништо, ама ќе остане дамка за мене ако немам реагирано на такви професори. Ако не реагирам сега, ќе го направат и на друг чија самодоверба е уште покревка и уште толку повеќе ќе потклекне под влијание.
    Па да, позицијата на некој начин не ми дозволува да се однесувам некултурно. Да ми е другар или слично, можеби ќе изреагирам поагресивно (ама пак културно), ама на професор културно и смирено ќе му се обратам дека греши и не е во право (овде не муабетам за навреда, за тоа нема никакво оправдување и ниту еден професор како педагог не смее да си го дозволи тоа).
    Болдираното....е заради таквите не треба да се молчи за потоа да не се случи на друг, баш погоре во постов го споменав тоа. Културно реагирање најмногу ќе ги повреди. Ако почнат расфрлања со навреди значи успеал во својата намера да те испровоцира и ќе те прати кај педагог.
    Подвлеченото: ако е така, не значи нема да се обидам и тоа и го правев. Ако сум во право, нема ништо да ме спречи да се изборам. Колку за мене, толку за тие после мене.
     
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.923
    Допаѓања:
    23.874
    А што мислиш дека ќе се случеше ако реагирав?
    Ќе ја избркаа кокошката од работа? Или ќе дознаеше и до крај на година ќе ми ја вадеше душата?

    Дури и културно реагирање за некои е многу. Како да ти кажам има луѓе (без разлика дали се професори или друга професија) што секогаш за нив помладиот, помалце искусниот треба да трпи и ќути, не смее ни да побара помош, ни да му укаже на овој од повисоко дека греши зашто боже сачувај, кој си ти да се буниш дека нешто ти смета?
    Вакви луѓе можеш да ги имаш и во фамилија, и во комшии и на работа. Ама како наставници на ваквите дигнати уште толку им се дига егото и лечат комплекси на послабиот оти им се може.
     
    На raww, MeowMeow, forumce и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Знаеш што добив од моето реагирање на неправда? Најболното ми беше 4ката по математика во четврта и неколку опомени за лошо однесување само за да ми се докаже кој е појак. И тоа секогаш од тие истите професори, не само јас, многу мои школски. Сме реагирале и кај директор и кај педагог ама во тоа време немавме поддршка од нашите дома. Не дај боже да дознаат дека 'си се расправал' со професор, пострашно дома ќе поминеш. Нема како сега татко ти да дојде накострешен во школо да ги крене сите на нозе. Или како онаа мајката што драматизираше за маски, во тоа време ќе си носиш и ќе ќутиш.
     
    На NoirSerpentine и Celltica им се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.528
    Допаѓања:
    8.037
    Пол:
    Женски
    Дали се уште се дискутира за тоа дека наставниците треба да заслужат почит?
    Да, секој треба да ја заслужи почитта.
    Мене некој да ме навредува и малтретира и јас да го почитувам само поради тоа што е професор, нема шанси. Баш ми е мило што денешните деца ги воспитуваат да се борат за себе и да не дозволуваат некој да ги малтретира.
    Почит се заслужува!
     
    На raww, MeowMeow, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.138
    Допаѓања:
    329.186
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми поради малтретажа од учителка го замрази(буквално) школото а стигна и до психолог.Плачеше пред секое одење во училиште.Почна и физички симптоми да пројавува пред школо(да и се врти,лоши,да ја боли нешто).Џабе беше нашето обраќање и до наставничката лично,и до психологот во школо а ни до директорот.Глуви се сите.И ке ми зборувате за почит пошо носила дотичната титула -учителка,а ваму истура фрустрации врз невино 13 годишно дете во најранливиот период од животот.
     
    На raww, Annath, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Па овде пак доаѓаме до самопочит. Ако ти доволно се почитуваш себе ќе укажеш дека им е погрешно мислењето. Не знам, мене ова ми е многу едноставно зошто јас многу убаво ги имам разграничено однесување со почит (што за мене вклучува воспитување, ако почнеме сите да се расправаме како малограѓани - што сме постигнале). За почит секако дека нема од мене да ја има некој кој не ја заслужува но пак ќе му се обраќам на културен начин независно од личноста.
    ..........................................................................
    И да, уште се разговара за заслужување почит. Можеби затоа што сметам дека однесување со почит е едно, а почит е друго и овде се мешаат работите.
    И пак тие кои крекаа најмногу дека почитта се заслужувала не дадоа никаков одговор за тоа што тие мислат дека е почит. Мешаат самопочит, културно однесување со обраќање со почит. Па што, ај сите да земеме пример од претениците и спикерот на собрание кои немаат основна почит кон функцијата кои ја вршат и се расправаат, навредуваат и викаат како да се најголемото дно на општеството (ок, знам, политика ама и на друго место е политика па нема такви дно од расправии), а не како да држат една од највисоките функции во државата.

    Може и јас мешам некои работи ама за мене овие работи се најдобро разграничени.

    Едит: познато ми е. Жалам што и кај тебе се случило истото @Jana06 За мене повеќе ми беше мирна совест отколку четворката. Спијам мирно затоа што сум реагирала за секоја неправда. Немаше да биде така ако молчев. За жал, заради тоа ми страдаа оцените.
     
  8. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Да, тоа е.
     
    На Idedemja, Angie1432, Indiegurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.923
    Допаѓања:
    23.874
    Прво ќе ти речат дома мораш да почитуваш, после наставникот, натаму дечкото, натаму фамилијата негова, натаму претпоставениот на работа.
    И така додека не начукаш 40+ години ти достоинство немаш.

    На шалтер тетката ќе те види младо девојче и ќе ти се обрати со "ти", наставникот ќе ти рече оти си глупа и неспособна зашто не си знаела Хитлер колку често ги чешал јајцата ама ќе ќутиш.
    Мајка ти ќе те удри ама мајка ти е, јбг, ќе ќутиш. Утре на партнерот фамилијата ќе ти јадат трици оти си дишела повеќе од левата ноздра него од десната ама и на нив мораш да ќутиш.
    Па можда и на работа ќе ти вадат душа ама ќути, нов/а си немаш искуство, барем плата тече.
    И ќе ти летне пола живот во "ќути" и никој нема да те праша како си оти понижувачки е да те прашаат. Понижување ѝ е на некоја постара да ти стане во автобус оти со менструални болки мораш да се акаш по обврски оти "ауу јас да станувам на млади здрави особи".
    Понижување им е да пробаат да те сослушаат за било каков проблем јер млад си и ќути.
    Цел живот ќути зашто си "подолу" "помлад", "за кур не те бива".

    Се имам заколнато дека никогаш нема да бидам ваква.
    Си бил ли постар, си бил ли родител, свекрва, професор, макар и газда на некое страшно фирмиште научи да почитуваш секого.
     
    На Annath, MeowMeow, Miss666 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Па не е дека и ти ми докажа нешто поразлично за да ме убедиш дека мешам работи. Само повторуваше дека почит се заслужува и тоа е тоа. Мешаш самопочит со невоспитување и останати работи. И што за тебе е почит пак не напиша, важно ме квоутна.
    Браос, еве ти 5
     
    На Bebce1 и Tea678 им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Низ три теми е пишано и пак ќе најдете нова да пишете ЛЕЛЕ МАЈКО НЕ МИ СЕ ВЕРУВА ПОЧИТ СЕ ЗАСЛУЖУВАЛА, ЛЕ ЛЕ.
    Еве 5 членки пишаа зошто и како се заслужува, образложија, пак не ти е јасно, пак 100 филозофии испомеша што немаат врска со тематика, и политика вклучи.
    Зошто да трошиме време понатака?
     
    На MeowMeow, Idedemja, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Тие ми пишаа за нив и со нив направив одличен муабет. Научив нешто од нив и сфатив што подразбираат под тоа и како мислат на тоа. Јас тебе те прашав, неколку пати, неколку пати имаше само хистеришење, ама не и одговор.
    Имаш право. Џабе си трошам време.
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Сум попримила од професори на школо очигледно :D
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.923
    Допаѓања:
    23.874
    А јас и другиве упорно ти вергламе дека позицијата на наставникот е привилегирана од аспект на тоа дека е "над" тебе и нема да го заплаши твоја жалба.
    Дека во школо кај многу наставници самопочит на учениците не е дозволена.
     
    На MeowMeow и Just.do.it им се допаѓа ова.
  15. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Види, може да се разговара и без ароганцијата. Втор пат ти е ова.

    Мојата самопочит никој нема да ми ја „дозволи“ и никој не ми ја дозволил ама мене ме учеле да почитувам, но и да одговорам соодветно. Сигурно нема на професор да се обратам со „ти“ или со навреда. Не ми е професорот ни другар за да му се обраќам со такви зборови. Со професор се имам сретнато на концерт па не му се имам обратено со „ти“ или на час со „еее се сретнавме и ти така и така“. И овде доаѓа однесувањето со почит. Како што веќе напишав, ако јас сум убедена дека сум во право во дадената ситуација, мене не ми е гајле дали ќе го заплаши. Мое е соодветно да реагирам исто како што и тој би реагирал ако мисли дека некоја моја постапка е несоодветна.
     
    На Bebce1 и Tea678 им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.923
    Допаѓања:
    23.874
    ***
    Ете што верглав погоре
    За ваквиве све е непочит, ароганција.
    Или ги боли вистината?
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.309
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога се збори за почит, се дава акцент врз тоа како помладиот треба да ќути и да го 'почитува' постариот, али никогаш немам забележано да се возвишуваат постарите лица кои сите ги третираат еднакво.
    Ме заболе дали си постар, маж, жена, баба у количка, куче, вонземјанин. Ако главата ти е толку спикана у гз до поента каде не гледаш ништо освен своја угнетеност јас немам проблем да ти ја извадам.
    Колку почит даваш толку и ќе добиеш.
     
    На Herrera, raww, Hecate и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.923
    Допаѓања:
    23.874
    Јас искрено најмногу големина (онака у душа) гледам кај луѓе ги почитуваат и третираат на исто ниво тие на "подолна" позиција.
    Родител према дете, стар према млад, наставник према дете, газда према чистач итн.
    И најмногу при срце ми се такви луѓе. Го гледаш пред тебе постар, на повисоко ама пред него не се осеќаш ништо помалце зашто знаеш дека самиот не те гледа како нешто помалку од него.
     
    На MeowMeow, Idedemja, Maca Macka и 4 други им се допаѓа ова.
  19. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    ако си имаш фрустрации јас не сум должна да ти ги трпам. Никаде не ти се обратив некултурно, ти постојано „мене ми објаснуваш“ и „верглаш“ како да треба јас да те читам и послушам, а не да дискутирам со тебе. Јас овака, јас онака сум била. Ти трубиш за еднаквост, а ти ја кршиш што се поставуваш како да си „изнад ситуације“ со напишаното.
    Јас ти одговорив на напишаното, ти го издвои само тој дел кој те повреди и пропратно изигнорира све.

    Нема дискусија - нема што дополнително да додадам.
    .........................................................
    СДК: обраќање со почит и воспитување се тесно поврзани. Ако го нема второто, секако дека првото нема да постои. Јас се обраќам кон сите со почит. Баш сите. Најголем дел не се навикнати на такво однесување кое треба да биде дифолт за секој па продолжуваат со тој тон. Важно е како ќе се поставиш во ситуацијата. Најникаквите луѓе се претежно најмногу исфрустрирани од ова. Мислат дека те понижиле и спуштиле на нивно ниво, а ти стоиш високо над нив. Ама затоа страда пропратно твојата цел: документ, оцена, успех заради кочење од нивните функции. Дали вреди? За мене - да. Моето достоинство за мене е најважно. Достоинство значи и дека не сум дозволила било кој да ме спушти на нивно ниво. Ако секој се однесува онака како што сака...па што пишувам, секој се однесува онака како што сака, затоа и сме на ова ниво, со такви претставници, со такви политичари, професори и што уште не. Затоа се селат сите во странство каде имам поминато доста време. Сите имаат почит кон секого, но и кон себе. И овде е моментот каде луѓето не можат да направат дистинкција.
    А тоа како јас си се чувствувам кон одредена личност нема никаква поврзаност со односот кој го прикажуам.
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Дали имате другарки шо преовеличуваат работи за нив, пред вас и пред други? Дали ви смета тоа? Ако ви смета, дали сте им рекле нешто или?
    Пример ти вика испив 3 пива се начукав, а она 1 испила, и такви некои слични работи
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.