Повеќето маркети работат.. на тие луѓе не им е празник!? Немаат ли фамилии!? Се надевам кога веќе работат, ќе бидат платени празнично
Верски е празников и газдата одлучува дали ќе работи или не. Ако работи не е задолжително да се исплати дупла дневница.
Мислам дека не е баш вака, т.е. газдата не одлучува, туку тие што се православни имаат право да не работат. Истото важи пример и за други празници како ден на Власите, не е верски туку етнички, не е неработен, ама ако си Влав ти е неработен ден. Е сега колку стварно почитуваат газдиве тоа, искрено се сомневам.
Најмногу сакам да се стопли за да можам навечер да седам на отворено во кафич каде нема толку да ме трујат подвижните оџаци со цигарите.
Јасно дека газдата одлучува, ама ако веќе одлучил да работи треба да си плати празнично. На православните им е неработен..
Едно е како ние посакуваме да е, друго е како е навистина. Газдата не е обврзан со закон да им плати дупло на православните.
Не е како посакуваме, по закон е неработен ден за таа категорија луѓе кои се идентификуваат со таа вера. Кај нас, веројатно не се почитува.
Одамна не се имам најавувано на форумов и сега што разгледав забележувам дека се има сведено на расправии, 90% од темите се без мислења, нема дискусија, нема ни одговори, сите прашуваат во општи прашања наместо да бараат соодветна тема за тоа прашање, читав некој имаше пишано дека не ни одговараат во соодветните теми ако се постави прашањето, непопуларни мислења се жестоко напаѓани (нормално дека после тоа сите си заминуваат од форумов, кој сака да го навредуваат наместо да има размена на мислења на цивилизиран начин).
Типичен верник на денов денес ти гледа во уста и гаќи и следи што јадеш, пиеш и дали си се онадел оти во спротивно не заслужуваш да живееш. Зашто како тоа ти јадеш мрсно а Исус го распнале денес. И вие сте јаделе мрсно на денот кога го пикнале Галилео Галилеј во затвор за глупостите на црквата па никому ништо.
Убаво е во Дојран за празници. Тогаш највеќе живнува местово. Претходно беше пусто. Страв да те фати.
Одамна не сум разменила некое мислење на форумов, неколку месеци ме снема.... Часот веќе 7 ипол а надвор сеуште сонце ми фалеше ова расположение
Секогаш кога повеќе од еден саат седам со дете што не прекинува да збори се чувствувам истоштено и сфаќам дека воопшто немам трпение.
Правилото да не допираш никого без дозвола не важи само за меѓу луѓе од спротивен пол. Важи апсолутно за секого према секого и за секоја возраст.
По кој параметар се одредува кој е православен христијанин, а кој не? Празников е за голем пост, молитва, посета на црква, најтажниот ден во христијанството или продолжен викенд, шопинг, пијанчење и кршење задници по дискотеки до 5 часот наутро? Мене повеќе ми делува на второто. Освен 1.000 православни христијани што овие денови навистина имаат некое значение за нив, се друго треба да си оди на работа и слободните денови да бидат укинати. Нема поента нешто да се “слави“ и празнува кога за 95% од популација нема никакво значење.