Сите луѓе се попродуктивни и прават помалку грешки во работата кога имаат доволно одмор, неработни денови за неколку празници не се никаков проблем. Ни едно човечко суштество не е робот.
Правата на работниците ги регулира пазарот и високата побарувачка за работна сила и недостаток на истата. Посебно високо квалификуваната. На никого не сум кажал како да се чуствува. Што ми е гајле, крај краева кој-како се чуствува.
Ми се приповраќа од луѓе: некој се жени - одма прешр и они да рипнат и тавче. Некој прави куќа - мора и они бар стан да купат, некој купил кола - гес уат, мора и они. Некој сменил работа - мора и они. Некој направил бебе - па нема везе шо не е сладолед, туку е животче мало, какосегатоа и они да не. Гет а лајф луѓе...
кој кого је.е а кој није нормалан... https://plusinfo.mk/korpata-da-a-vratish-vraboten-vo-market-istepal-81-godishen-skop-anec/
Кој си ти да кажуваш вакво нешто? Сите имаат право на неработен, слободен ден. За тебе празниците немаат симболика, ама за други имаат.
Колку е дрско и безобразно кога некој со денови не враќа на порака или повик од некој близок, а пола од денот го поминуваат на телефонот. А кога нив им требаш одма пишуваат и ѕвонат. Е за таквите луѓе директно бришење од животот.
А дали рамноземци слават Нова година? Или дали го признаваат 29ти февруари како ден? #ПрашањаКоиМеМачат
Христос воскресе Сакав вчера барем јајцата да ги сликам ама ме искараа дека во црква тоа не се прави Како и да е за многу години нека е се надевам паметот ќе ми дојде
Некој се радува на се, ден за ден живее, во себеси зборува за се, Боже благослови не... Боже благослови не со многу здравје, среќа и спокој во нашите души... Нека ни се среќни Велигденските празници! ❤️
Не ми пречи да има неработни денови ама ми пречи што се поделени по религиски и етнички групи. Ако е неработен нека е неработен за сите. А не не да не доаѓа некој за Рамазан, ама па на Велики Петок и онака никој не оди, па од одмор им одбиваат, чорба каша. А концептот е обратно од секуларен. Православните имаат технички најмногу неработни денови. Не им ги даваат сите, ама да им ги даваа ќе беше далеку од океј. Или сите или никој, нема логика помалку денови да одиш на работа само бидејќи се идентификуваш како дел некоја група. Привилегија е.
Христос воскресе, навистина воскресе ✝️нека ни е за многу години Да сте живи и здрави и исполнети со љубов.
Комшијава има врска на далечина. Гледам овој Велигден не е кај нејзе ни таа кај него. И претходниве неколку викенди дома си беше. 100% раскинале. Ух колку ми е криво. Ма знаев ми мирисаше на лошо последните пати некако, само овој идеше кај нејзе а оваа слабо кај него. Ама кај се седи на гз место 10 души? Оваа сигурно да не му рече директно не ми се доаѓа мала ти е куќата му рекла "поубаво само ти да доаѓаш кај мене". И овој на крај разбрал колку е саат, и и раскинал. Ух колку ми е криво. Абе какви сочни сценарија можам да смислам ни режисер не ми е рамен. Ќе си прашам, не ми е срам. Па шо наши сме. Комшии си се комшии тешко кој ги нема.