If i had a dollar секој пат кога ми рекле да не стојам боса на плочки или да не седам на нешто ладно зашто во иднина треба да раѓам, сега Илон Маск немаше да ми е рамен.
Не сум по фалењето. Но, сакам да кажам дека сум во првите три по статистика, во тимот. И единствено женско сум меѓу нив. Која борба ја имам со себе, а сепак успевам. Thank you, God! Ви посакувам на сите само успеси да редите на сите полиња.
Еве, јас пред три дена дознав дека „тарашка“ е синоним на „буричка“ и сега го читам твоето, каде објаснуваш за случајностите, а во текстот го користиш истиот збор „тарашка“. Каква е па таа случајност?
Надвор сонцето грее, птиците пеат, уживам во нивниот црцор, а мене на дремка ме тера... Решив цел ден ќе го поминам во одмор, еднаш се живее
Јас не знам дали ми е рано, зошто многу често присакувамама после сум као чекај имам уште милион работи што сакам без дете да ги направам
Дојдов во твојата куќа после толку време и ме фати некое чудно чувство на носталгија.. Цвеќињата расцветале, дрвата расцветале, тревата озеленела, а тебе те нема. Ти секогаш викаше дека ти ќе живееш 100 години, дека нема да се предадеш толку лесно ама не бидна така, животот на чуден начин ти покажа дека згреши.. Не знаев дека толку многу ми недостасуваш се до денес, твојата куќа како да нема живот без тебе, денес за прв пат после толку време го почувствував твоето отсуство и ми дојде некое чудно чувство, чувство на носталгија помешано со тага.
Ради оние видеата кај што гледаш ќеса чипс, бокал, лаптоп, микробранова, жаба или парче месо како испаѓа дека се уствари торти, мислам и цицкава да ја сецнам ќе ми излезе дека е торта.
Ја немаш таа чест да ѝ ги бакнеш нозете, одамна е почината. Josephine Cochran. https://spectrum.ieee.org/this-soci...ch-that-she-invented-the-automated-dishwasher