На „оној свет“, теоретски гледано, веќе немаш здравје, а уште помалку ти треба машина за миење садови, и најмалку ти е до бакнување нечии нозе! Но, добро, на „овој свет“ идејата не е лоша @edna_malecka.
Затоа стои погоре „теоретски гледано“ Ако ти знаеш некој повели, покажи ми го, би било интересно да направам муабет со него! Имам многу прашања!
Ме плаши реченицата, на мајките, општо на мајките и на младите мајки. ' Ќе те видам ко ќе родиш, тогаш нема да имаш време за себе. Ќе живееш за детето' Сериозноста ова, ко ќе бидиме мајки ќе се забаталиме себеси? It makes me afraid.
Ќе живееш за детенцето точно, ама гледај никогаш да не се забаталиш себе си. Пошто стави прашалник затоа и те цитирам
Па зависи. Зависи пред се дали и кого ќе имаш до себе. После зависи и од жената. Во моја околина има жени кои не сметаат дека веќе е потребно да обрнуваат внимание на себе и свои цели и жени кои размислуваат сосема спротивно и жени што се измеѓу. А муабетите од типот "ќе те видам тебе...", најчесто се тешење дека и друг ќе поминува низ истото.
Мене вака за брак ми зборат. Демек сега во врска ви е уживање со партнер, кога ќе се омажиш е тешко, само проблеми. И викам а што е тешкото? И вика па домаќински работи, деца, Мислам... домаќински работи треба да знаеш без разлика бил во брак или не. А деца не следуваат под дифолт во брак. Така да...
Мене не ми е ништо посебно 1ви Мај. Порано многу фаворизирав и се “тресев” кај ќе идам, со кој ќе идам,колку пари ќе даваме, денес сеедно ми е. Речиси секој ден ми е 1ви мај,секој ден можеш да направиш скара и секој ден да се собереш со пријателите. Сега гледам и 2ри мај се празнува, за Европјани утре е работен ден. Не знам што толку се форсира,се посветува внимание, па речиси секое слободно време во неделите ти е ПРАЗНИК.
Веројатно тоа би важело ако си самохрана мајка, језда и тогаш не мора да значи. Детето ќе ти даде нова посебна смисла на живеењето. Ама тоа живеење за него не значи дека ти ќе престанеш да постоиш. Треба да си добро организиран пред сè, а и да си способен на адаптирање. Кај децата има разни фази, периоди кога е потешко, па ќе треба повремено и периодично приоритетите да ги менуваш. Ама не е секогаш исто, како што не е исто и без деца. Имаш потешки периоди поврзани со работата, со финансиите, со здравјето, со пријателите; периоди кои ти одземаат поголем дел од времето и вниманието. Така и со децата, не е рамна линија. Ама не разбирам какво е тоа запоставување кај мајките што го зборуваат тоа; престануваат да се бањаат? Престануваат да јадат? Да си купуваат за нив работи? Се затвараат дома, не искачаат никаде? Секако дека нема да имаш време секој ден да шеташ, или да гледаш 5 саати серија. Имам чувство дека тие што така викаат самите се имаат убедено дека е така и никако другачие. Не дозволувај и тебе да те убедат во тоа.
Брат ми ме видел со дечко ми сношти кога ме донесе и ми вика сабајле, кој ти беше тој чичкото што те донесе вчера.. И јас бев као втф, чичко? Му викам сабајле на ДМ, земи да се обричиш, брат ми мислел дека си чичко.
Треба да се живее за себе за детето утре да има пример како да живее за себе, а не за другите. Ова или ти го кажале како утеха, свесно или несвесно, дека ти е тешко што сеуште немаш дечко, маж или ретко некој сеуште во 2022 е убеден дека мајката живее само за децата и толку! НАЈСТРАШНО е кога жена, мајка живее за мажот и децата! Едвај чекам жените да владеат со светот.
Јас сум приморана да бидам со ,,друштво". Брат ми собра другари дома дека сме сами. А баш си реков од 1мај дека ќе учам. Еве ги рокаат музика. Ни да легнеш да спиеш, ни да учиш.
Не си сама. Јас од здравствени причини нигде не отидов, а и времево не е на наша страна. Има денови за шетање, да сме живи и здрави.
Дали би се налутиле доколку една од најдобрите другарки не ве викни со неа, а притоа е собрана со други? Ние со неа сме во посебно друштво али останатите забегаа во странство и не се тука деновиве. За денов останавме само јас и таа. И не се ни начна тема за одење некаде пошо мислев само две сме нема да се иде никаде. И оп денес гледам собрана заедно со уште 4/5 другарки со кои притоа да напоменам се познавам и јас, имам идено со нив неколку пати заедно и сме во океј односи. Се осеќам многу повредено, се изнервирав. Знаеше дека немам со кој да одам, и не ни отвори тема да ми спомни дека ќе иде со нив, ако сакам да одам. Дали се лутам со право, навистина се чувствувам глупаво?
Јас би и вратила на прва прилика за да и она се осети глупаво. Тоа и го имам и направено. Не знам. Мене ми е без везе за вакви ствари да се лутам. Кога ми се деси мене ваква ситуација тогаш ништо не и ни спомнав. Само после тоа сами си се наместија коцките.
Нема да и спомнам ништо сега дека сум лута, не паѓам толку ниско. Само не ми е воопшто сеедно, се изедов одвнатре. Како да и вратам? Едино да помини некое време и на заебанција да и го шлепнам.
Не бе ни на заебанција да не го спомнуваш. Мојава ,,другарка" сама си го спомна. Јас на игнор го ставив тоа. Ќе видиш самата. Ќе ти се појави некоја прилика каде што она ќе сака да иде, а ти ќе отидеш без да и кажеш.