Исто така, би било се поинаку и полесно, кога би имале храброст да кажат „ извини“ зборче кое поправа многу работи во животот, кое не се кажува туку така, колку само да се помине преку тие работи, само за да се каже тоа, освен храброст, човек треба да е чесен.
Си седиме со другарката на кафе доаѓа и еден другар со едни дечки од град од тука и еден бартучед од којзнае каде така згоден поприлично .Немаше слободна маса па седнаа со нас,се супер фино ни тргна муабетот со згодниов стигнавме до имаш немаш дечко ’’немам’’ женска и тако то и гледам на телефонот ми стига известување т.е. френд рикуест со исто име и дури ни не го отворив само името го прочитав и си викам ии аха ќе биде интересно ова , така му се смешкам нешто безвезе , овој ме гледа уште по безвезе така цело време... Испивем кафето се поздравивме си тргнавме накај дома,и кога на крај стигнувам дома отварам фб, гледам профил и погодете- не е тој, само случајно истото име! Ај да можев да го вратм времето некој саат наназад , у живот вака се немам изглупирано у јавност #јебигаслучајност
Многу се нервирам кога ќе слушнам за предрасуди од типот кај таа се фатила со него бе она образована тој неписмен или обратно. Друг случај тој богаташ, таа сиромашна и се земале, за брзо време бракот ќе им се распаднел, или милион такви слични глупости. Луѓево само се мешаат во туѓите животи, а за нив не си гледаат. Само да се озборувало, како не им се здосади не ми е јасно , ама затоа друго ми е јасно, љубовта нема граници.
Сакам деца, ама ретко кои ми се по ќејф да речам, и кои е добро воспитани и кои не се чудни. Посебно ме нервира кога ќе гушнам некое машко дете, а тоа така сочно ме фаќа за цицка. Не знам што им е на децава бре, зошто толку сакаат да ме дрпаат И како да му ја влепиш една, кога нели не разбира ништо Само се надеваш во моментот дека никој ништо не видел. Им стрчат ли, што е работата? Брее, манијачиња едни, уште од мали Се извинувам, ама ова беше посебен инспиративен момент.
Целосно те разбирам Другарка ми има еден братучед, 4-5 години и се научил да фаќа за задник. Шетаме еднаш така и само осеќам некој ме штипе за задникот си викам ај некоја другарка се зафркава и кога да видам И тоа колку му викаш да престане продолжува и тоа во јавност, ми идеше да пропаднам во земја, премногу awkward А другарката што и' е братучед пак вика остави го Е мој си е задникот и нема да оставам да ме штипе
Девојки дали всушност знаете што значи убава девојка? Сакам да кажам дека не е убавина да облечете краток минич со 20 цм над колената, со штикли од 12ка со оптегнати цицки и газ. А згора на тоа со тон пудра и вештачки нокти. Бљаак брее. Сакам да знаете дека убавината е многу повеќе од тоа. Убава девојка е девојка во тренераки без штикли и без шминка. Најважно за една девојка е да има шарм, харизма и позитивизмот да и доаѓа до израз. Признавам дека има многу такви кои се убави макар не ставиле шминка ич на себе, ама ако немаат шарм и женственост не се ништо посебно. Само шарм, женственост и позитивност тоа е тоа што го сакаат маживе. Џабе вие ако сте метро и 80 високи, ако имате манекенста става, а сте намќор вие делувате одбивно уште на прв состанок. Тоа е тоа што сакав сега за сега да го кажам. Чао пријатно.
Преубав реферат за лека ноќ. Го ценам ова, но не во ситуација кога морам да заспијам за да бидам освежена за четири часа. Бич.
Велат деκа κога не можеш да заспиеш неκој те сонува, е па ја замолувам таа будала што ме сонува да пρеκини, саκам да спијам!
Чуството кога сте излезени 5 души,удолу и кога само вие зборувате и пробувате да ги забавувате другите.Кои се страмат и не се познаваат баш добро,за да бидат опуштени. Е значи тоа е..излезени сте со другарка ти,брат и(помал 2 години од мене),сестра ми(и таа 2 год) ,брачеда ми(таа е 3 год) .И сите се страмежливи,кој од кој пострамежлив.И вие сте единствената врска која ги поврзува.Што значи мора вие да ги забавувате И од што незнаете како да ги насмеете и да ги разборвате,почнувате глупости да тресите. А и воедно треба да пазите на речникот,имаше помали,па тие се пренесват на родителите(сестра ми и брачеда ми). Излезени уште од 18:30 со сите стари на Шеталиште.И прва дестинација Зоолошката градинка во Битола.Онаа на Тубе кафе .Епа да и ја исполниме желбата на брачеда ми,поседалка ни е,никогаш не била и јас и реков на мама да одиме.Да оди и таа,да види како изгледа. Ама дека се гради сега,шо муабет да се прави за неа. Животните во беда живееат.Поубаво им е во дивината,отколку таму .И тие животните двајца без тројца беа.Цела зоолошка кокошки,мајмуни,глувци и зајаци е.Тој лавот во 2 m2 простор седи. А пак двете лавици во 2.5m2 .Ајде да се пофалиме имаме нови 2 леопарда, души прекрасни беа и една лисица,ама таа многу малечка е. Потоа излеговме беше 19:45.И по пат беревме капинки,како и секое утро,кога пешачам со таа другарка ми.Ух најубави се капинките од Тумбе-кафе . А бе капинките беа некој изговор за некоја моја зелена,овие ако јас не ги насмев,немаше да се насмеат,ниту да прозборат. Подоцна следеше часталото од парите на мајка ми .Колку да ставиме некоја калорија од повеќе.И пак кој ќе ги насмеше и размуабетеше,ако не јас. Потоа следеше шетањето по улицата „Биди виден“=Широксокак.И како резултат на пиењето Кока Кола морав у чичко Вецко.Па ги натерав да одиме до кај мене.Да со цел памет и да по кратко патче за 15 мин. техничко бевме(во близина). Уште една причина зошто ја сакам Битола и малите градчиња.Не сакам да живеам во голем град! Беше 9h кога бевме кај мене. И кај мене дома се врткавме сладолед јадевме,јас ги смеев.Во десет без петнајсе,пак ојме удолу,пак со цел мој памет.Притоа другарка ми во 11треба дома да е .И во парк јас,се однесувам како детенце од 3години.На ова она крлешка,на лизгалка,ваму таму.Си пеев детски песнички од Си-До,ТРА-ЛА-ЛА..Значи се направив да ги насмеам и малку да прозборат.Ама тоа е сите се страмежливи.Иии иди единајсе без петнајсе и телефоните за дома ѕвонат.. . И овие како за инает мој накрајот почнаа да зборуваат и смешки да прат тие. .И ај да не си пукниш од мака,цело време цела харизма,цел хумор на 10000000000% ги ставаш и шо кога ќе почната да се опуштат тоа завршва .Тоа е ама сепак се смееа цело време онака,под мустаќ.И по нивните сериозни и страмежливи лица забележав дека добро си поминаа.Сепак кога ќе го видите тоа во нивните очи,вашата душа се полни со радост.И на некој необјаслив начин вие сте најсреќната линост на светот. Добра ноќ мили феминки.И немојте да заборавите дека среќата е многу поголема кога ќе вложите се од себе да насмеете некој,кој не го прави тоа често, и тој едноставно се насмее.Нема поубаво нешто на УНИВЕРЗУМОВ . П.С. Добра тура беше,оваа денеска 4 и пол саати.
Сакав да си го вратам биоритамот во нормала. Си легнав да спијам во 10. Заспав. И еве ме сега... Ајде, кој е за доручек, мене ко да ми се пријаде. И секогаш кога ќе го видам зборчето биоритам, во глава ми се појавува слика на Новица Василевски со тоа знакчето на образ со песната: Ти жааааарче, јас ооооган, ќе гооори леле силен пожар. Единтствена ли сум, ебаго? Ова зборчево кај ми се умота сеа... ебаго.
^ Елено оди легнувај си, да не се јавувам на домашниот Требало да си ја ангажираш Цветето како туристички водич, таман видиш насекаде ќе те прошетала и сега ќе спиеше Биоритам, dm sat ритам, абе се ќе ти беше поправено
денов ми е 5ка :up: сонце , туш, музика пуштам радио и led zeppelin како планирано сама дома со брат ми ркнав гласот на 100тка .. i don't care what the neighbors say , i'm gonna love you each and every day утре заминав на одмор и за 4-5 дена бек ту скул 21 август .. сериозно порано неможеа ? имајте убава ден и уживајте на летово уште малку
Голема благодарност сакам да искажам на сосетката и нејзиното друштво со неверојатен вкус за музика. Синтизајзер, мандолина, гитара, одам на концерт комши. Се надевам влезницата е бесплатна за мене. Сонче мило мое, се надевам утре нема да сакаш да поминеме повеќе време заедно, па да се налутиш и да ме киднапираш. Немам време за спиење. Ојдох на приватен концерт, пријатна ноќ.
Само сум многу разочарана. Од најдобра другарка. Само што овој пат оваа ја разбирам. Приказната е ваква - заради глупи комплекси што сама си ги набила не излегува долг периот. А јас се плашам да не се оддалечиме. И не сакам да пропушти убав период од годината заради тоа. Еднаш е Лето 2014. Што посебно се случува за да пропушти? Ако поминатите денови со другарките не се вредни, тогаш ништо. Сепак времето не се враќа. И испуштените моменти не се враќаат. И испуштените смеи со другарките не се враќаат. И дај Боже да ги постигне нејзините goals и да се чувствува удобно во својата кожа, да ја видам пак надвор, да се смееме заедно и да го поминуваме времето заедно, затоа што тоа на сите ни недостасува... Да надоместиме? Нема, неможеме, кажав, изгубеното време не се враќа и изгубените спомени, исто. Може само да создадеме нови кои нема да ги пополнат старите дупки. И ми вели, не можам да ја разберам, затоа што не сум во нејзина кожа. Ја разбирам, затоа што и јас мислам лошо за себе и не го сакам своето тело, само успешно го прикривам тоа. Само ме разбира ли таа кога велам дека е совршена? Не. Ако не се чувствува удобно во своја кожа тогаш и јас би била среќна, ако работи на тоа за да биде среќна. И ме разбира ли таа, дека состојбата не е воопшто лоша за да се затвори дома и да го губи времето ? Не. Кој кого не разбира?
Тогаш биди внатре. Со неа. Седи со неа. Гледај филмови со неа. Чекај со неа додека повторно да биде спремна да излезе надвор.