Не можеш да се лутиш зашто не те викнала, можеби останатите не сакале други луѓе. Не ти е таа крива што ти си останала сама, ако дотолку ти бил важен 1ви мај си можела да ја прашаш што план има или да предложиш да одите негде заедно. Да се лутиш сега, па уште и да се одмаздуваш е глупаво и личи на 15 годишна.
Аха и другите да си прават што ќе им текне? Така? Се си има граница некоја. Не можеш па и до толку да ги кулираш стварите.
Wow, кој спомна одмазда? Да океј, требаше да прашам и јас дали ќе идеме некаде, ама јас да би била на нејзино место би ја викнала пошо сме другарки сто години и од чиста култура би ја поканила да дојди со мене. Тоа не сакаат други луѓе ми е скроз детски и безвезно, јас одсекогаш сум прифаќала без проблем други луѓе да доаѓаат, зошто побогу би ми пречел некој, па посебно ако нема со кој да иде. Али тоа сум јас, излеа не заслужувам ни да бидам прашана за некаде.
Јас спомнав одмазда. Ама другите ако сакаат да трпат нечие понашање, нивно си е. Не може некој да ја премина границата на нормалата. Ти постојано да простуваш и да кулираш. Ни тоа не оди. Сега кој како си сака. Јас не можам.
Секој во животот си прави како што сака и како што му одговара, па така и јас и ти и саричка и другарка ѝ. Ако некому тоа не му чини, на лево круг и адиос. А па ако некој се труди на сите да им угоди, жалам ама само себеси ќе си наштети и ќе се нервира бидејки досега не се родил некој кој угодил секому.
Ако ѝ е најдобра другарка не морала да ѝ праќа слика или да става да гледа. Ако се дружеле сите, не е воопшто детски што се навредила затоа што не ја викнале.
Ау да не треба да се крие? Да не направила некаков злочин, кривично дело ако отишла со други другарки? Па не сме со папочна врвца врзани за најдобрата другарка.
Ја не би се лутела би ја прашала директно ( ако сте долго време другарки), реално и ја би се осеќала ако искочат со познаници мои а не ме викнат , човечка реакција е … Со тие што сум плус 23 години другарки ме знаат, знаат на шо да и шо не би кажала. Али од друга страна ако ти се одело си требала да и кажеш еј ај да праиме нешо ја и ти, може зборавила може мислела неќеш нигде да идеш…
А зашто воопшто претходно не сте договориле нешто ти и она? Или ти, она и другите? И мои другарки си имаат башка други друштва и ако не сме се договориле претходно, нема што да се лутам ако отидат со нив.
Дискусијава од горе е причина зошто славењето за 1ви Мај е overrated. Договарања, преговарања за еден ден толку искомплицирани беспотребно. Патувања во странство од по неколку недели полесно сум договарала него што да се прави за 1ви Мај и Нова Година Too much people-ing за мој вкус
Не отишла со други другарки, туку колку што сфатив со другарки кои им се заеднички и не ѝ ни спомнала. Ако ти се однесуваш кон најблиските другарки како со рандом комшики и тоа ти е во ред ок нема што да продолжуваме муабет...
Признавам, навистина е непријатно зашто ми се има случено и мене и јас многу слично реагирав како тебе, се лутев, нервирав, преокупирав и сл... ама едно сфатив, ако толку ми се оди некаде ќе земам ќе пишам/ќе прашам! Зашто од тоа "си мислев" и "таа знаеше" не бев викнат, едноставно не им давав до знаење дека сакам да учевствувам. Барем јас така гледам на работите.
Па некои не се ни однесуваат и со комшики така. Убаво си реков јас дека за се има граница. Кој сака може да си трпи такво понашање. Јас, не. Па и последна да е на светов.
Хмм.. Мојава знаеше точно каде сакам да одам и не ме викна. Си беше таму со заедничкото друштво. Поточно јас ја запознав со нив. И сега како треба јас да се осеќам? Како марсовец?
Абе ако сте ептен блиски и она не те покани, само ти дава до знаење дека не си и толку битна. Чао и толку. Не сте врзани, ќе најдете други луѓе. Ако они ве ценеле ќе знаевте.
Не мора да се скараат, ама јас би ѝ кажала дека ми смета таа постапка. Не сакале да дојде со нив и не ја викнале, што океј, може не е до нејзината другарка туку до некој друг во тоа друштво, ама сепак треба да ѝ каже.
Проблемов кај мене беше малце комплициран. Она ме запозна у најтешкиот момент и се преправаше дека е секад тука за мене, а ми правеше вакви ствари. Ја не го разбирам ова другарство.
СДК,алал на тој што измислил сушара,ММЕ на тој што измислил сметка за струја! Денес јас во друштво со гореспоменатата и еФтината струја. ФМП што би пишале децава!