Епа нешто не штима. Не може некој да е толку сам. Ај да речеме јас од здраствени причини. Али и се десило нешто или? Врска немам. Само погодувам.
Епа тоа е, тогаш. Еве ти си и тука. Ќе се дружите и така. Што да правиме. Можда понатака ќе си запознае некој неочекувано.
Пиши ми и ќе ти раскажам една ситуација што ми се случи мене. Можда тоа ќе и даде на некој начин надеж на другарка ти. П.с мразам кога ќе видам заклучени пораки
Ќе може ли некој да ми каже одговор на прашањето „Еј, што правиш?“ (во живо), пошто мене кога некој ме праша, јас мислам дека не сум ништо правела никогаш во животот и немам одговор. Ајде вас што ве бива за површни муабети пишете ми, па јас ќе го рецитирам нареден пат.
Ама ич не ги сакам оние моменти кога треба да пратам ризична порака и после со страв го отворам одговорот. Ако може повеќе вакви ситуации во животов да немам, фала.
Скоро сите што ги имам на фб се омажија/оженија. Некои не ги ни познавам, а некои онака ги знам. А јас си правам список на турски серии кои имам во план да ги гледам
Иницијатива за повеќе. Концерти, настани, допишувања, патувања..... Отстранување се' што не' ограничува од тоа (најчесто што ќе кажат другите), нелимитирање единствено на женско со женско или машко со машко или различни години. Има начини само луѓето се премногу испаничени од „што ќе речат другите“ и се ограничуваат од све, не само од стекнување нови пријателства или воопшто одржување на старите. Ова со „екстра екстроверт“ нема врска толку колку што зависи од ситуацијата. Секој различно реагира на различни ситуации. Колку и да е некој екстроверт, ако наиде на намуртени фаци како што се најчесто луѓето во македонија, секако дека нема да се чувствува себеси. Знам дека во странство различно реагирам отколку во македонија затоа што во странство луѓето најчесто не се преопседнати со тоа како ќе го преживеат месецот туку ако веќе се излезени - сакаат да си поминат добро, а не да мислат на работа, на преживување, на „лаалее од понеделник кој ќе работи, знаеш кај нас вака и вака“ и сл. Во македонија за жал не е така, од разбирливи причини. Да не излезе дека ги критикувам, ги разбирам. Само не си прават услуга на самите себе. Излегле да го потрошат тоа малку слободно време и го поминале во кукање и жалење. Одат на концерт, се сретнуваат стари другари и наместо муабет, тие почнуваат со жалење. Одат на журка - сите стојат. Ако не кој игра - аааа овој се мрднал види го. Ако пее? Ааа и овој заминал... Не знам... Онака истресов само мисли
Иначе во право си за ова со журките. Една моја другарка што ја имав е премногу опуштена и игра на секоја журка. Не и треба мн алкохол за да се опушти ептен. Таква си е природно. И се деси да и дојде едно девојче и и рече дали може да играме заедно зашто многу убаво играш. Јас девојчето го мислев за мрднато. Од нигде никаде се појави. Никој не ја познаваше од нас. А стварно играше предобро.
Иста сум на журки. Играм дури ме држат нозете. А другите или на телефон снимаат за стори на инста и стојат. И баш заради ова се осеќам јас како ненормалната затоа што играм во толкава толпа луѓе што стојат како споменици.
Многу ми прават задоволство луѓе што играат дури ги држат нозете. Баш се полни со живот и уживање. Алал да ти е!