Ти го читам постот и ништо не те разбрав Пишуваш за закопување, па за карма , некако каша попара , ај мош дека не сум расонета па затоа Си се надоврзала на мојот пост, ама јас пишувам за секоја глупост што ја нарекуваат тренд . И оние на кои не им се свиѓа трендот само кукаат на интернет и мислат дека со тоа кукање ќе се смени нешто. Време е за какао
Дали е возможно да не дозволиш некој да ти го уништи денот? Толку ми е убаво и сепак некој успева да ми го уништи денот и морам да легнам да спијам сега.
Нема врска останатото со тебе. Затоа и ѕвездички си ставив за да се одвојува. Во таа смисла беа. Само те поддржав за тоа што го имаше ти напишано. Во делот каде што те тагнав. Една реченица беше и ми беше некако без врска да те цитирам ради таа и затоа така испадна.
Се надевам дека некогаш и кај нас табу теми нема да бидат : Ментални болести Канцер Неплодност Секс Развод И други. Од тоа, ќути не кажувај на никој, на братучеда ми и беше отсранет канцер. До таа фаза стасала. И јасно, сите дознавме пред операција. Преку глава ми е од ќутење.
Луѓево штрајкуваат за да добијат поголема плата, а јас се бунев зашто не ми функционираше акаунтот таму каде што гледам серии.
Гад ми е што бев сведок на мизерни чешма муабети за „пријателка“ на работно место пред куп клиенти. Пред неа срц прц, само што излезе „леле каква е, ме исплаши, на што личи“. Кога сред работно време пред клиенти отворено оговара пријателка и се расфрла со онаков речник, што остана за односот кон клиентите. Барем да се воздржеше пред луѓево бе, сѐ се слуша и гледа. 2-3 пати досега „грешки“ со цени и продукти имаше. Пред мене човекот кога отиде на каса дури дозна друга цена за продуктот, го правеа будала, не видел наводно, па после мораше да го остави и да си излезе така. Едно на рафтот, друго на каса. Е во оваа извесна продавница за технологија и такви ствари, моја нога не стапнува. Дно.
Живееме во таква држава каде што се одвојуваат илјадници евра за патни трошоци и луксузирање на пратеници, се одвојуваат пари за НАТО, за споменици на УЧК, ама затоа државата не си нашла за згодно да склучи нов договор за набавка за лек за епилепсија без кој дел од луѓето кој го користат(претежно мали деца) откако предходниот договор завршил.. Илјадници деца и луѓе, епилептичари, оставени без соодветна терапија, се приморани да одат и лекот да го набавуваат во странство 15 пати поскапо поради тоа што некој си игра курташак и наместо да работи си игра спајдер солитаре.. Ми се смачи од оваа мизерија од држава веќе.. Епилептичар да оставиш без терапија, е исто како да сакаш да го убиеш..
Преку глава ми е од муабет и макар на шала кажан. " Мажот ми, почна да работи во Скопје, сега со децава сум како самохран родител хахах" Мислам, поглуп муабет амин.
Зашто си зачудена толку? Кога не се само они такви што оговараат. Во мое опкружување има еден куп. Јас сум си навикната веќе.
Комплетно реновиран стан, 1600€ квадрат.. Го гледаш станот, го гледаш, и си мислиш, па добро бе, јас толку не знам што е реновиран стан, па доле ни ламинат нема, паркет е, мебелот купен баба ми кога тргнала во школо, дома на баба ми покојна мебелот и е полуксузен, гледаш прозори дрвени, во тоалет плочки од оние ситните малечките, дома ги сменивме тие пред 15 години, гледаш, гледаш и си мислиш, што е реновираното овде побогу?
Мене па ламинатот ми е поубав. Ние си ставивме таков. Само што е светол и се прља али и лесно се чисти. Сега им кукам и за кај мене во соба ама не знам како би изгледало. Ептен си ја натрупав собата со ствари. На ништо не ми личи. Треба некако да ја средам, а немам идеја.