Еве кој знае колку време го имаме и ништо не му фали. А и животни имаме си трчкаат и супер си е се. За кого како.
Во комбинација со се друго, изгледаше многу старо сѐ, можеби е квалитетно, ама старо, не изгледаше воопшто дека било некогаш реновирано особено не пред брзо време како што го рекламираа..
Што по ѓаволите се случува со маркетиве? Бев во КАМ прееска , пилешките филети што ги купував за air fryer ги качиле од 150 на 210 ден , купив 3 банани 60 ден , јагоди 100ден... за неколку работи направив 1000ден сметка а скоро ништо не купив
Јас првиот пат кога си го видов едно колаче поскапено што ептен го јадам бев у шок. Ама на крај си се тешиш дека не е многу некој денар плус
Искрено е. Посебно ако купуваш повеќе. Од еден производ 5 денари, од друг 10, од трет 7 и така ќе испадне 200, 300 денари
Мене ламинатот ми е подобар од паркетот, а и се погоди квалитетен. 2 пати се поплавувавме, еднаш со врела вода, еднаш со ладна и ниту се надува, ниту се оштети.
Алал да ви е за изборот. Ајде и кај го купивте напиши, да купиме и ние. Ко ќе се запните за нешто по ваше да е ко крлежи сте!
Паркет не може да се споредува со ламинат за квалитет ама кој колку разбира. И тоа не го мислам јас, тоа е докажан факт. Не значи дека ламинатот за еден месец ќе пропадне туку едноставно неспоредливи се двете работи по однос на квалитет. А ако зборуваме за лепота сега има паркети да ти е ќејф да ги гледаш ама кому колку му крепи џебот.
Најскапиот ламинат не може да се мери со најевтиниот паркет, ама на кој да објасниш.. Ламинатот е добар само за да заштедиш.
Не ми беше муабетот за пари. Јас кажувам само реално. Сум видела и паркети ама не ми оставаат впечаток. Вака поубаво изгледа за око. Се што е квалитетно не значи дека е убаво. Јас така размислувам. Пред се гледам нештото да ми фати око па после се останато. Ама еве задоволна сум.