Треба да ми е јасно дека имам проблем кога во 5 милионски град продавачките во неколку продавници за долна облека ме познаваат, ме пречекуваат со насмевка од 6-6, веднаш ме упатуваат кон новите колекции, ми го знаат веќе и вкусот. Што да правам едноставно не можам да им одолеам, особено кога ќе видам, волку посто попуст, онолку посто попуст, почнувам просто да се лигавам. Срам ми е да кажам дека не знам веќе колку пара гаќи имам, колку пижами, долни маици, градници, корсети, спавачи, пола соба да наполнам и пак малку ќе биде и пак си доаѓам дома од секое шетање со кеси полни. Сопругот само се смее под брк кога ќе ме види со кесите, не знам дали немаше да приговара ако со истиот интензитет купував штикли, изгледа мојата опсесија му одговара. Преска седаат децава, поголемиот му помага на малиот со слагалките и го слушам му кажува на Конта како мама во мешото имала бебе, ќе излезе бебето од пупак, дека кога ќе се родило ќе било досадно бебето ама да не се секира брзо ќе пораснело и ќе си играле сите заедно, дека треба да го сака братчето, да биде добро братче и да го учи се исто како он сега што го учел него. Што да кажам освен детево ми е ангелче кога сака и фала му на тој што измислил телефонот со камера па како сталкер целиот разговор му го снимав, ќе имам материјал за уценување кога ќе порасне и нема да сака да ме слуша, ќе му покажам колку бил паметен како мал.
Одвај чекам да помини денов (иако сум станата од рани зори ) Да заминам вечер на Ален Исламович долга желба шо чекав да ми се исполни да одам на негов концерт многу го обожавам човекто. А од утре на заслужен одмор. Имајте убавв винекд феминки и уживајте во животот иако има црно -бели денови.
Утрово на заболекар, лежам така на столот од пеколот со устата расчепатена 2x2 и заболекаркава: "Браво душо, ич не трепна!". И во памет си викам: Па кај да трепнам - очиве ги немам отворено од мака. На враќање си купив едно фустанче, нормално е да се почастам со нешто после еден час болка нели? Мислам 3-4 кила ослабев од стегање
Бог да те чува од мајстори,таман ќе помислиш ќе се среди проблемот за ситни пари,кога филозофот. -Вашиот шпорет госпоѓо не вреди да се поправа,од постарите типови е и такви греачи тешко се наоѓаат. ЈАААА,ми требаше ти за да ја откријам Америка,и јас знам дека најлесно е да ја исцедам и онака сувата картичка. Второ вчера испеков копанчиња со премаз од сенф и мед,денес мислев само компири да испржам,ама не изгледа ноќно време куќава ми ја посетуваат џуџуња,пошто половина месо е изглодано.Абе да не можеш на мир еден ручек да испланираш.А да, нема и половина сладолед и четвртина торта.Мистериозно нема што. Трето ,на друг форум,бев малку дрска и безобразна,ми стигна порака од модераторот ,Примивте предупредување!А јас убаво си вратив,Го примив,ви благодарам!Е па како поинаку да одговориш, Се смеам како ненормална од сабајле,нема да е на арно!
СДК вчера отидов по цигари и си купив Чинчила. Една чинчила е спасена! На некој дебил ке му фали џеб на бундата. Хехе
Чао Охрид,чао Македонија,чао Европа,излегов од вода Се шалам,се вратив во Скопје,доста го пиев енѕерото И се најдов веднаш со другарки,да си се поприкажеме,што има што нема.. И ни се јадеше помфрит од тренд а немавме пари за сок,таму еден сок сто денари И си купивме сокчиња од продавница за 35 и ни доаѓа келнерот и ни вика дека не смееме таму да пиеме такви. Ние па уште зошто го прашуваме Кога фати да се смее човеков,ех сиромаштија Си поцрвеневме како кечап и си станавме одма. Следен пат кога ќе одам во ресторан ќе си носам манџа од дома. So smart,стршленке,so smart. Инаку сакам да кажам... дека е многу убав пеколен летен ден. И дека нејќам летово да заврши. Колку и да е тешко ќе се снајдеме,ама кога ќе залади ќе си го бараме сонцево.. Добро,не во толку брутална верзија,но ќе си го бараме
Толку сум изреволтирана не знам дали е до ПМС-ов или ... Абе јас ко што знам знаци за забрането запирање и паркирање имаше и на тестовите и по улици кога полагав. И во странство кај што сум била сум видела такви знаци. Не знам дали во Германија ги има тие знаци? Некој да ме просветли? Овие германциве изгледа или не го гледаат, па со колите мора на тротоар/ на сама кривина, да се паркираат па ти иди помини. Овај да бе, нема секој овде Масерати, Порше, Х6-ка, па мора да се прикаже на тротоар. Изложбен салон е. Па нема врска што се паркира пред гаража + од таа страна тука знак олкав на, поставен од некој паметен веројатно што со причина го ставил на метален столб 2 и кусур висок. Да имаше градов пајак, сама ќе земев да го возам и сите фино лепо в отпад колите, исецкани да ги бараат. Или да земам да бушам гуми. Се чудам дали и вака во Германија се паркираат, а и кој им дал возачка воопшто?
Со текот на времето наместо да научам да ги прикривам емоциите,мене лицето ми стана огледало на се што мислам или чувствувам. Не можам да сокријам ниту позитивни,ниту негативни емоции. Се подетинувам изгледа дури сега. Ко сите работи да ме сменија скроз и да ми се потрошија сите маски и глупости,па сега не ми е гајле какви чувства ќе предизвикам кај некого кога ќе го види голиот израз на мојата душа.
Ми иде така еден мерак да ги искршам сите огледала во гардероберите по бутиците. С И Т Е Д О Е Д Н О.
зборев со мајка ми на скупе и ми кажува какви *закони* вовела полицијата.. само пари да се крадело и казни да се пишувало за глупости. Полоцијата ги сопирала велосипедистите и барала лични документи,велосипедска кацика или како и се вика на мк... значи луѓе брее ова полицајците не се нормални во малите градови како мојот нема велосипедска патека па да се гледало насока на возење,почитување правила и бла бла ,до продавница па морало лична карта да се носи е како да не ... ок е лични документи се носат,кога одиш во друг град.. ама во малите градови,во малите населби каде еден со еден се знаат не гледам никаква причина и потреба да се носи лична карта.. ееее ако немаш лична карта со тебе 20 евра казна,ако од бавча се вракаш дома со точак и немаш кацика 30 евра казна и кој нашле да малтретираат,старите лица,бабите и дедовците,тие над 50 години. Добро ајде кажете ми кој дедо.. да го наречам дедо,што оди со точак,ке стави кацика... никој бреее..можее капче за да го штити од сонцето ама другово ехххх до кај ни ојде државата... закони треба да се почитуваат не велам не ама нека обезбедат услови па тогаш граѓаните ке ги почитуваат законите. постов каша го напраив ама ете така ме нервирааат неправдини ТОЧКА
Јас не знам па кој дедо денес вози точак... се испоизмодернизираа и тие, па само со автобус се возат, кога е на гага, земај и не гледај...
Е па не прават добро газдите на бутиците. Треба да не стават огледала во гардероберите, туку надвор едно големо, од тие турскине со тркалца, што се навалуваат напред-назад, па кога го навалиш наназад, те издолжува и ти е мерак да се гледаш. Па одеш пробаш уште нешто, и уште нешто, и се одушевуваш колку убаво ти стои, колку те издолжува и истенчува, и на крај најтешко е ако немаш доволно пари за се да купиш, па треба да се одлучиш. Знам, работев во еден таков бутик, со таква тактика Абе, луѓето видно беа расположени, неретко и коментирале: ех колку ви е убаво огледалото. Со мерак се огледували.
Како врвен дегустатор на кафе и вечен кафехолик,официјално признавам дека си ја најдов сродната кафепијачка душа! Амин. Спојлер Па колку е само прекрасно чувството луѓенца,кога пиете врвно кафе,уживајки во него во потполност,кога имате исти чувства кон него,и ги искажувате на вистински начин!Мераци! За кафето!
Ај газдите,ама и вработените кои си задаваат за право да коментираат на секој твој чекор.Ко што би кажала професорка ми,алапача. И уште оваријалниот циклус да ти е придружник,многу лоша комбинација. Па си викаш не се криви тие,едноставно мораат.
Можеш да бидеш згодна девојка колку сакаш, џабе кога се викаш Менче на пример... Менче бе... ај кумот, ама родителите толку биле глупи?