Изгледа дека погрешно се имам изразено штом сум оставила таков впечаток. Океј имам самодоверба ама не сум се фалела никогаш. Тоа беше кажано ради нешто друго. Не сте ми ја сфатиле поентата. Сама си кажав дека не мислам за себе дека сум НАЈпаметна. Мораше тоа да го пишам така. Ама изгледа лошо испаднало. Ако го познаваш Бајден ќе ме сфатиш во кој контекст го пишав тоа.
Само што се вратив. Прва свадба после 2 години (освен мојата, во сред корона, со 10 луѓе ). Убаво било меѓу луѓе, да се средиш, да се видиш со сите, да се изнаиграш
Во Кам на рафт видов чоколада отворена, земено од неа еден ред и вратена на рафт пак.. Мислам не знам што да кажам, сфаќам дека народот нема пари, ама до толку да нема една чоколада да си купи..
Кај егзистираат сингл машките кои не обожаваат да се журкаат до 5 сабајле и радо би да одат лабавко на вечера или да останат да гледаат филм во кревет отколку да се пустат во дискотеки? За другарка прашвам де.
На форумов често забележувам користење и вметнување англиски зборчиња/изрази во речениците. Нема потреба од нивна употреба кога има македонски зборчиња кои го доловуваат нивното значење, т.е.она што авторот сака да каже...Во овие времиња кога упорно се негира нашиот идентитет, да си го негуваме и чуваме, мајчиниот, македонскиот јазик. ♥️
Еден ваков што го знам е зафатен...со мене Шала на страна, несфатливи ми се луѓе што им е досадно да имаат таков скромен дејт со партнер и секогаш мора да се со гужва, гласна музика итн. Ако ви е досадно да сте сами на мирно и тивко, I have bad news for you.
Леле одма под твоето мислење, јас употребив. Ама не е дека нема македонски израз со истото значење. Ама некогаш има некои сленгови, фрази кои не можеш буквално да ги преведеш, а сосема добро ја доловуваат поентата. Или многу често, звучи "помоќно" Дури и при пишување семинарски, стручни изрази некогаш сум морала да ги напишам на англиски зашто немаат соодветен превод. Ниту па турцизми можеш да избегнеш. Или други туѓи. Колку луѓе викаат навртка место штраф, реално?
Да не има твојот сингл другари, ама да се исти како него? Другарка ми ме напна откако го прочита твоето мислење, прашај па прашај.
Пиши податоци лп да ве спојам. Тукаа да ти лежел зајакот значи, зато чупето не можи да си најди некој таков.
Значи најглупи аргументи што може некој да ги искористи против тебе се глупости од детство. Рандом се закаруваш со некој повозрасен што те знае и овој ти вика дека си глуп, неспоосбен, ваков таков зашто кога си имал, не знам 2,3,4 години, нека и нешто повеќе си се измочал во гаќи, си плачел за глупост, си направил некоја друга глупост. Мада што сега си пораснат и се однесуваш ко за твои години, ама во нивни очи секогаш си лигавото дете што некогаш се измочало во гаќи. Дете сум била е*ате тогаш, што требало да правам? Диференцијални равенки ли да решавам? Затоа не ми се иде кај роднини повеќе. Оти буквално детски глупости ми ги ваделе низ нос.
Имам чувство како луѓево едвај да чекале свадба да прават, значи цела почетна на фб и инста ми е со слики од свадби.. А јас нигде не сум поканета на свадба оваа година, пирошки да си каснев на свадба, торта да си се најадев, ништо..
Па ок не мора секад совети да давам. Не ни имам искуство за се. Али барем ти знаеш дека не сум малце тачна у последно време. Прво сама да си помогнам
Ептен ми е мерак што ги нема тука одма Корона темите на изволте и се враќаат старите. Теми за свадби, места за одмор итн. Ко да сум назад во 2019та.