Завчера и јас после доолго време бев меѓу стотина души без маски и без да ми е шубе дали некој кивнал или кашлал. Додуша откако прележав ми е гајле секако
Па кога со никого не зборувам, не играм, за што би одела освен за јадење и пиење.. А и свадбарските пирошки се нешто посебно, само на свадба има такви убави пирошки..
Јас не сум пробала свадбарски пирошки Не ни имало таму каде што сум била јас. Освен што сум била камен на јадењето не се ни сеќавам дека сум јадела нешто
Учете си ги децата дека и животните се живи суштества кои имаат граници и потреби исто како нас луѓето, и дека не смеат да прават што ќе им текне со нив како да се живи играчки. Се додека го почитувате тоа, нема да има никакви непријатни случки и инциденти.
Гледав едно видео како некое дете ја влече својата мачка за опашот и ја удира по очите и по неколку секунди и мачката го нападна детето по лицето. На тоа мислев кога кажав инцидент.
Во 1995та, човек со име МакАртур кој ограбил банка бил приведен неколку часа подоцна затоа што не носел маска. Наместо тоа... тој си го намачкал лицето со сок од лимон затоа што чул дека тоа е состојка која може да се иакористи за да се пишува "невидливо" (како кај маркерите каде треба да им светнеш со УВ светло за да видиш што пишува) Кога го прашале зашто не ни носел маска, он фино си одговорил дека "има лице, само не можат да го видат затоа што е невидливо". Оваа ситуација сеуште се проучува академски, со заклучок дека луѓе со пониска интелигенција сметаат дека се најпаметни. А имал 45 години.. Интересна и иронична случка што ја прочитав, морав да ја споделам.
Од што сте толку спремни за дебати и самоуверени дека сте во право, пишувате во тема во која не смее цитирање
До кој степен можат да одат некои луѓе да те лажат у очи а притоа да знаеш дека лажат и да те убедуваат во спротивното. Како !?! Како е возможно до толку ... Просто вчудоневидена без зборови...
Има лаги кои се прифатливи. Ама некој постојано да ти докажува нешто што не е вистина знае од такт да го извади човек.
Ниту една лага не е прифатлива, макар ситница да е. Пробај да се одучиш од лажење. Сега кога веќе призна дека лажеш од каде да знаеме дека не не лажеш и овде на форумов за некои работи?
Си лежам и размислувам.. Дали кога човек ви зборува те едно исто шо и како било во минатото и упорно става акцент на тоа, нели ви здосадува после 100от пат кажување... цел живот и веќе мислите дека на некој начин се егоцентрични ?