Јас не сум запознала целосно искрен човек. Па ни моите дома не се.. Кој ќе ми рече дека е искрен тогаш веќе 70%/80% не му верувам на тоа што го кажува.
Отко ќе те мани средовечна криза и ќе сфатиш дека 'забавниот дел' помина, малку неубо ти иди и обожаваш да се сеќаваш и да зборуваш за случки од минатото. И мене ме нервираше порано... од 40-наваму, се сторив ко нив.
Како може родителите да не се искрени со своето дете? Мислам дека треба да поразговараш со стручно лице.
Ама сто пати ми е слушано и сто пати истото. Јас сум во фаза каде треба да размислувам сегашноста како да изреагирам одредени работи за во иднина да ми е океј. Наместо да се фокусираме како Старк да си подобри ситуација или општо за неа/него, ама не, че зборуваме како било во минатотот и како требало да се изреагира тогаш. И глорифицрање на некои работи во смисла како било мачно и се избориле, МИ СЕ СМАЧУВА.
Те разбирам. Скроз. Исто се осеќав. Речи им дека не сакаш да повторуваат. Мене да ми речи некој, мислам дека барем ќе се обидам да намалам со реметење
Аууу страшно нешто.. дали дека сум поборник на вистината и искреноста цел живот просто сум зачудена како може некој да те убедува во нештото кое си видел со свои очи дека е лага.
Да и да. Било, поминало, уште многу има што допрва ќе дојде, а најбитно - моментот сега да е ок, моментот сега да се живее
Ме избудали човече, ај че си прајме муабет ама веќе при крај сум со границиве, ми здосади, цел живот то то то. Дај да размислиме сеа да потегниме некои работи, за во иднина утре други ден среќни весели, па да прајме за "тазе" минато... ама то е.
Значи колку си перфидно дупчало!!! Капа ти симнувам! Ако можеш да ја избегниш личноста, избегнувај ја.
За се е разговарано. Увек сум била искрена ама граница постои. Кога гледаш си тераат кеиф и престануваш да се замараш. Си продолжуваш со своето,тие со нивното и така… И на психијатар идам и на неа и кажав и поглуп совет не сум добила од никого. Ми рече да се преправам дека не знам. То ти е.
СДК1: Едно од најубавите нешта во животот ми се длабоките разговори и искусувањето конекција со различни луѓе, иако некои од тие луѓе се далеку низ светот и комуницираш само онлајн тук-там. Сите тие со кои се осеќам дека разговарам на иста фреквенција и ме разбираат, што ми будат некаква искра во душата, ги сметам за сродни души. Осеќам дека имам делче од мене кај сите нив. СДК2: Толку многу се опседнав со новата песна на Camila Cabello Bam Bam, што колку повеќе ја слушам толку поубава ми станува, и еве ми ја пак на рипит на слушалки на најгласно што можам да поднесам.
Не знам дали е секаде така, али мн има црцорење на птици периодов, почнува да ме нервира звукот и да не можам да спијам ....
Роденден ми е и сè што ми се мота у глава утрово е колку животот е краток. Не го мислам тоа во песимистичка смисла, едноставно ја осеќам минливоста на животот и сфаќам колку е важно да се ужива што е можно повеќе додека се има прилика. Годините поминуваат една по една, децении цели остануваат позади во минатото, преостанатото време се намалува... сè што сакам е да се дружам со луѓето што ги сакам, да се смееме, да се веселиме, да ни убаво заедно. Ќе ја посветам песнава сама на себе за денов:
Конечно си дадов отказ, работата што изминативе месеци ме гушеше, конечно крај. Здравствено ми влијаеше многу и во одреден момент она што мислев дека е еден од најпаметните чекори во мојата кариера, се претвори во кошмар. Среќна сум што на кошмарот му се гледа крајот. Пред мене стојат нови, подобри можности
Ова фитнес инфлуенсериве што пијат по 5 кафиња на ден, знаете дека не е сѐ во калориите и макронутриентите?
Вчеравечер кај учев до касно, кај ме фати температура до 4 и пол сабајле не заспав заради пусти колоквиум. Полагав кај најстрогата па затоа.. Се покрив со 4 ќебиња цела се тресев и сум кренала температура... Плус и станав во 6 тргнав на пат. Не знам што толку се стресирам кога знам дека си знам. Башка и најубаво си поминав, ги зедов сите поени