Мене ми се дешава исто кога сум сигурна во себе. Дури и мама ми има кажано дека тоа е нормално. А онака лабаво кога ништо не знаеш и ти е гајле што и да биде.
Некогаш тажно ама фасцинантно ми е како е тешко да се размисли полезноста на пристап и воспитание 'со добро' и како пристап и воспитание со насилство има ужасно лоши последици и не е толку ефективно иако некогаш можи на прв поглед да личи така. То шо ме интересира за ова е, кој е тој дел од нас шо прво рикнува на насилство како единствена опција и која е та потреба да се изрази така? Зборам за коментари ко "не е тепан", "ќотек му фали", "го истегнав за уши пред сите и ме гледаа како кузнај шо да напрајв" ( ова конкретно ми беше прва инспирација за ова шо се олеснувам), "ех како ме гледа сега од ко го удрив еднашдва пати" ( ова е втора инспирација) и слично. И? Шо постигна? Моментално да те слуша? Во иднина да се крие од тебе и се исто да прај, а можи и полошо, само ти да не знајш? И веројатно полошо, пошто нема да си свесен шо се случва да интервентираш на нежен начин. Не знам дали "нежен" начин е точниот израз ама ете ќе го користам. Пошто најмалку шо можиме да направиме за идните генерации деца и други живи суштества е да не ги изложиме на болка и фрустрации. И "нежниот" начин вклучива многу поќе работа. Ама е поефективен, за разлика од површната "ефективност" на алтернативата.
План Б пилулите ќе ги нема, а со тоа се укинува правото на контрацепција кај жените. До каде стигнавме??!
Да си жива. Ја сум тепана и кријам многу работи од моите. Али сепак знам што е добро што е лошо, и до каде може и до каде неможе да се премине границата.
И пак ќе знаеше и да не беше тепана, само минус траума, плус подобра врска со родител. Иако двете фрази шо ги пишав ми се инспирација уште од порано, викендов една вежба од работилницата најмногу ме поттикна да пишам. Не мислам дека многу луѓе ( родители) се свесни колку работи можи да се скриени од нив само ради нивниот пристап кон детето. И то ќе штети и на нив, нема да имаат увид. И на детето. Чува тајна и то е мачно само по себе ама и можи да западни во тешки ситуации каде родител многу би помогнал ама ради осудата и стравот го крие то и станва полошо. Имај најсреќен роденден и сите желби нека ти станат реалност.
И јас вака мислам. Пошто генериката нигде нема информација дека е повлечена ( пример ranitidine ко повлекоја сите производители мораа да повлечат) шо значи секогаш друг производител можи да ја преземи на пазарот, а и општо Норлево уште го има како одобрен лек на регистар на лекови и не знам шо е со информацијава. Ќе видиме, I guess.
Особено кога збориме за деца... не постојат проблематични, лоши деца. Децата што напаѓаат, што имаат тантруми, што се непослушни се во болка и најмалце што им треба е казна, а уште помалце од најмалце физичка казна. Баш им треба нежност, сослушување, внимание, љубов. Ама родителите ретко кога имаат трпение за да си ги исправат сопствените траги што ги оставиле на детето... Многу убаво мислење.
Баш, и ме интересира некој шо би кренал рака, шо му се врти низ глава? Сфаќам дека влијае и како сами сме растени и дека многу не би му текнало оти "не знај подобро", ама има една линија кај шо повредваш некој друг и нема оправдување. То е то шо страшно ме фасцинира, а е ептен лошо. Кој е процесот на размислување за дирек да се фатиш за насилство, без барем да ги видиш другите опции? Викендов ептен ми освежи темата.
Една работа што ми е криво е што го тргнале контејнерот за донирање облека. Имав три големи ќеси, нешто ново а мало,нешто мало, нешто носено а зачувано. Патики,папучи што не ги носев повеќе и ред други работи и на крај морав да ги оставам во друга канта наменета за нешто друго. Се надевам некој ги видел и ги зел. Сакала нејќела морав да ги тргнам,вишок беа.
Дали ние се чувствуваме подобро во своја кожа кога некој друг греши. Дали тоа го рани нашето его и несигурност. Дали ќе изгледам дека воопшто не грешам, ако не простам грешка. Реторичко.
*Кажуваш дека ти смета некое наводно ситно дело. "А вака не се буните кога ни убиваат деца и здравството ни е крш" *Мелеш зашто утепале чоек пред диско и зашто човек со 70км/час убил девојка. "Абе дај не претерувајте, не било намерно. Асфалтот е крив, какви правила, боксови какви бакрачи. Имало и полошо, ајде" *Се буниш дека пола од докториве за кур не ги бива "А за тие плати шо очекувате вие, од мртвите да ве враќаат? Оди работи ти како доктор за мизерна плата па да видам дали нема да правиш грешки. Ајде и да погиниш, колку можеш ќе се спасиш" И така... И на смртна постела ќе викаме дека има и полошо.
Песната,,Ту ноч кад си се удавала,, само што ја слушав,по мене е една од најтажните балади од Ех Ју песни.И не само тоа,во 5 минути,срочена цела приказна,однесување,емоции,пријателска поддршка,секогаш ми побудува емоции. Сега се некој тралалајки , две ,три реченици ,без никаква длабочина,зар толку им исчезна инспирацијата на текстописциве. Некни слушам една народњачка во позадина ,,Чакмак,, чинам се вика,и текстов нешто оди ти се пуши цигара ама немаш чакмак.Ок ,музика народна ајде игрива, ама дај бе кој го напишал текстов. Жал ми е што нема повеќе текстови како порано ,тек тук по некоја утешително,жал ми е.