Не може со зборови да се опише до кој степен е одвратен и прост менталитетот што лежи во овој народ. При толку слободни места во автобусот, одлучуваат да го зафатат местото за инвалидска или било каква количка, додека една мајка со бебе во количката не може да го искористи местото ради истите тие што бараат култура и почит од нас младите. И истите тие меѓу себе се гледаат дали некој воопшто ќе стане за да го ослободи местото за да станат и тие, па ако не стане некој нема ни тие. Значи промената започнува од сам себе. Се додека се јадат трици за туѓите постапки занемарувајќи ги своите, ќе тупкаме во место.
Денес ми текна на Жаде(серијата Клон) колку беа тоа убави и поедноставно времиња.Во меѓувреме пуштив музика,една ствар водеше до друга и...да речеме имаше и танц инволвирано,да не навлегуваме во детаљи, али можда и марами Ви текнува на овие времиња?
Многу ја сакав оваа серија. Специјално купував весник за да собирам сликички од актерите, секој ден од на училиште право до блискиот киоск и со возбуда летав дома, весникот не ми текнува кој беше, мислам 'Вест' беше, ама каква возбуда паѓаше човече, за 10 денари ги имав сликите од глумците. Сега што разбираат маливе од слики, од постери во соба, се им е достапно со еден клик на мобилен кој го имаат од второ одделение. Сори што ти се уфрлив во муабет, ама ме совлада носталгија дури ми фали и мирисот на весник. Инаку да, играв и јас на музиката од серијата и многу ја слушав, ама после немаше кхм ај во другиот живот тоа
Да светеа оние што растураат бракови и врски и се пикаат секаде струјата ќе беше многу поевтина и ќе немавме никакви проблеми. Да се немало никакво достоинство и самопочит.
Највеќе што мразам од сабајле е некој да застане до мене и да збори на телефон. Толку гласно да збори,да го слуша цел автобус. Во 5:20 наутро тој се распеал ко некој петел во штала.
Ако некогаш станам famous сфатив дека мамето ќе ми го ебете со сите мислења што ги имам напишано тука. А ако некогаш идам како претставник на Евровизија, е тек тогаш good night.
+1 Шо тука, шо редит, шо твитер ... Буквално од основно растам онлајн и цел процес на учење и растење ми е онлајн. Не смеам да сум славна. Уф па негде сериозна, негде сериозно тролам, нема да ме верват ко ќе објаснам, ќе мислат се вадам. Па ко ќе ми ископаат до смислата на хумор ... То е најризичното ако сум сериозна. Ме насмеа од сабајле.
Дури сега се уверив какви се не групи има по фб. Мажени, женети, со деца. Особено гледам познати бе. Што живеат во филм, као они имаат идеален брак, слики на Инста, стори, пуфки. Се сликаат провокативно во групава , им посакуваат добро утро на сите, со разголени слики. Фрчат лајкови, срциња. Коментари од секаков калибар. Кои псајxо бе. И после немам верба. Е, немам. Со поусул само. И Господ да ни го крепи умот.
Исто мислам и за твитер, го имам уште многу мала и едноставно премногу трагови имам оставено од себе на интернетот, нема ич да ми служи.
Абе јас 2 имам. Првиот од ко растев. На кој седи мое име. И му заборајв мејл и пасворд. Нема #win ситуацијава. Или леле еден ангели форум, прв ми е. Немом да го најдам и се надевам не постои поќе. Оти ако постои, таму ми се почетоците. А новиов твитер еднаш после година или две користење избришав сите мислења со аплилација. Ама од тогаш пак кузнај колку илјади ги фркнав. *Паника* Сега сфаќам оти не треба сошл мидија за деца. Или Гламстик леле Гламстик Ок, за него носталгија ме фаќа. Ако некој ми најди профилот во архиви да ми кажи оти името си заборајв.
Јас прв пат у живот напраив твитер. Братучедка ми ме научи се како иде. Претходно сакав зашто следев статуси ама англиски врска неам и не можев да се снајдам. Сеа што ќе ми дојде си пишувам. Само она ме знае како сум потпишана и тато ме сфати по пишувањето дека сум ја. Еднаш објавив еден мој твитер на инста и бато ми пишува,, што ти е бее? ". Толку сум се смеела. Поента беше и да не скапираат баш на што се однесува ама да сфатат дека сфаќам. И ми вика немој такви ствари да објавуваш ќе мислат мрдната си Па океј де оправдано ми е мене и онака имам дијагноза..
Кога сме кај гламстик, имаше едно анонимно прашање кое ми останало во памет, па некогаш во круг на блиски луѓе го кажувам како виц. Некоја членка беше пишала: “Здраво,јас сакам да прашам нешто. Не ми се смејте, ве молам. Бев на дејт со еден дечко,ништо не правевме пиев само кафе. Јас отидов еднаш до вц и малку се задржав,а кога се вратив уште го пиевме кафето. После тоа,се вратив дома од тогаш помина речиси една недела ,а јас требаше да добијам менструација пред три дена. Девојки,јас не добив можно ли е да ми ставил сперма во кафето додека јас бев во вц и да сум го испила?????? Дали сум бремена???????” Како одговор друга и пишува,цитирам: “Да,да ќе родиш бебе со кафе Браво во рацете”.
Ни маска, ни коректор. Најубаво си поминував кога излегував по пижами. Дечкото на една другарка го запознав баш тогаш и малце чудно ме гледаше ама океј. На некој кога ќе раскажам им е поинтересно кога сум лабава така.
И мене исто. А, некако последниве години и како да се "припитомија", па и немаат страв и на тераса да седат додека ги гледаш. Порано многу повеќе бегаа.
Исто! Овој ми е најомилениот период од годината и генерално најсреќна сум. Го обожавам црцорењето, особено на тие птици што овој период ги има само. Времето е за мерак, ни многу жешко ни ладно, зеленило има насекаде. Камо да беше вакво цела година...