Во маркет: -имате Виолета пелени 6ка? -Нее се потрошија - а да земам некој други да сменам… -епа земи од истиве 5ка Ехх што ти значи добар продавач
Јесте Сите ме знаат во населба Затоа ми е и малце чудно зашто сета оваа анскиозност кај мене ама океј само да пројде..
Следен сељак што ќе паркира залепен пред контејнериве од страната кај што се отвора контејнерот и ако не можам да го отворам, ѓубрето врз кола ќе си го добие.
Баш ме интересира ама ми го избришаа мислењето. Се надевам дека сега нема до тој степен лошо да се изразам зашто ме интересира одговор. Дали продолжувате некој да сакате ако ви направи нешто страшно лошо (што е за вас лошо)?
Кога некој/некоја другар/ка ќе ви се јави после 2 месеци некаде да излезете и да се подружите знајте дека нивниот/та дечко или девојка се излезени некаде истотака. Не дека нешто многу им недостига вашето дружење.
Мајка ми и татко ми ми се на гости и еден семеен пријател. Сношти паднавме во муабет за фб,зошто пријателов нема. Човекот е во години,женет и жена му има фб. Мајка ми ќе ја цитирам му вели: “Зошто немаш фб, ако сакаш ќе ти помогне Буби да отвориш или пак заеднички имате со жена ти”. Тој нешто со очите ми дава сигнали, јас велам “Ааа добро “. И мајка ми продолжува “Е што е де,фб е.” Тој: “ Нема фб разбираш,опасна зона е,разбираш толку”. Е не можам значи, се превртев од смеење.
Све е скапнато и се мрднуваат со цени! Разбирам дека имаат трошоци за покривање ама не ме зезај бре, залихи набавени пред месеци и години тие сега ми ги продаваат 30% поскапо. Уште ти велат „имаш 20% попуст“. На што бре попуст, на покачувањето?
Совет во темана за врски: "раскини му" Имтимни прашања и проблеми - "посети гинеколог" Брачни совети - разведи се. "Гатање, баење" па воопшто да не ја коментирам.
Овие здравиве што уште носат маски на отворено па и сите што не научија дека вирус нема да фатиш ако не ги исчистиш патиките со доместос ми се и бетер од овие што прашуваат дали се бремени зашто дечкото свршил у лавабо дур она носела гаќи, хулахопки и фармерки. А и да, не сум опоравена уште. Не ми требаат филозофии.
I togas, i Sega ti go rekov istoto - nema da te zaboravam, posebno ne tvoite oci, vtori po ubavina. Moite se najubavi. Mi falis budalce, mi falis uzasno. Ti ke me zaboravis, ke si prodlozis kako nisto da ne bilo. Dva pati mi bese del od mojot zivot, fala mu na gospod. Nema da te zaboram. Nema. Ti i jas ke zivejme vo moeto srce.
Браво за Македон Димитровски од Тетово, седум годишно момче кое реди златни медали по математика ширум светот. Последниов негов успех е златен медал во конкуренција од 4.000 математичари. Со задоволство го изгледав неговото интервју на Сител. Благодарам Македон што не правиш горд и достоинствено не претставуваш ширум светот. Честитки до родителите и учителката и посакувам уште многу успеси да те следат низ животот.
Ај да разграничиме некои работи. Ако те удри воз на шини, тоа е ненамерно. Причина зашто е така? Оти возот е масивен, многу пати потежок од кола и кочењето кај возовите временски се одвива неколку минути, а по должина и стотина метри, дури и цел километар може да помине додека закочи целосно. И затоа тука нема што да пази машиновозачот кој има на шини, луѓе треба да се свесни да не преминуваат шини без да се осигураат дека е безбедно. Оти тој и да сака, не може наеднаш да го закочи возот, ниту има каде да "сврти" оти логично, од шини ќе излета. Ама типац со кола што наидува на пешачки и гледа луѓе дека минат или чекаат и притоа шиба со брзина над дозволено и удира во некој или за малку се избегнува трагедија, не е ненамерно. Сам стиска на гаста, сам одлучува да не закочи на време, сам одлучува да продолжи иако има пешачки. И не, не збориме за ситуации каде ќе ти излета некој пред кола или ќе удриш некој во мртов агол. Пример за второво е ако јас стојам непосредно зад или пред или до камион или комбе. Оти од шоферското место не може да ме види. Така што кога видам дека стои камион, го заобиколувам од подалеку. Ако нема место многу за заобиколување, анализирам дали е упален, дали се движи или ако има уште некој во близина, надвор од камионот, прашувам дали е ок да поминам. Така што, не може да било ненамерно тогаш кога си имал неколку услови да избегнеш да удриш во личноста, ама си избрал да не го направиш тоа со свесни грешки.
Јас: само 15-20 мин да одморам и станувам. Исто јас: станав од длабок сон после 2 саати и сега уште 2 за да се освестам кај сум.
Ништо не е ненамерно, напротив се се случува со причина...главен фактор е вниманието и многу зависи дали истото е насочено во вистински правец или во погрешен тогаш најчесто се јавува расеаност и доаѓа до она "ненамерно" што викаат луѓево....а се е до вниманието и моќта како го контролираме.
До кога сексуалното образование ќе биде табу тема во севернава ни држава до кога... не само училишно туку и домашно сексуално образование и воспитание да се воведе со закон