Исто ти е, секако е скапо.. Кило стек 450 денари, еве да земеш пола кг, 225 денари, и ориз, пак еден пристоен ручек ќе те кошта 300 денари, со се леб и салата дома, со појадок и вечера под 600 денари на ден не си само за јадење, каде е чипс да си купиш, нешто благо, кафе, или тоа е луксуз..
Океј де. Јас пораснав со такви ко другар ти. Мене ме чуди зашто ти се чудиш. Ако ти кажам дека еден бивши ми местеше негов другар ќе ми веруваш?
https://a1on.mk/macedonia/kovachevs...HSs4MEGfnBhN3e_w1aRSOfWfxJp2QzJDXVn-pG1l-S-hk вие уште за знамето да плачете Ебати овците глупи
Како само ми газат на нерви овие од брзиве пошти, карго и слично...ЕДНАШ бе еднаш како не достават за 2-3 дена, чекам овдека со недели и уште будала ме прават дојди сама да си го земеш....безОБРАЗни... зошто плаќам достава тогаш....ахх бе македончиња ах
И јас се чудам за ценава.Стекот е од 250 до 280 ден за кило отприлика плус минус зависи од каде пазаруваш.
Јас имам платено максимални 300 ден за несаламурен, иначе толку е, 250 ден. саламурен. Затоа и ми падна чудно членката во неколку коментари ја спомна таа цена што ни во Тинекс, ни во Рамстор како поскапи што се, па не е толку.
Од сега само позитива, бајо! Сите кукаат црнила, корупција, црна хроника. Немало позитивни работи, бајо мој! Има, ама не сакате да ги видите. И, во ова мочуриште исплива по некоја златна рипка. „Средношколецот Никола Спировски го освои првиот златен медал за Македонија на 39-та Балканска математичка олимпијада (БМО) која се одржа во Аргос, Кипар“ Со среќа, Никола. Уште многу успеси во животот.
Уште малку ќе дипломирам. До крај на годинава здравје и работа по струка ќе најдам. Во последниве месеци буквално 7-8 огласи најдов за мојава струка ама дипломирани бараа. Така што, имам надеж. На либе му е одлична состојбата после милион стравови и проблеми. Работите полека си доаѓаат на место. Уште малку и ќе живнам од сѐ. Уште малку и ќе дишам мирно после години гушење. Е тогаш ќе дојдат моите 5 минути. Тогаш ќе можам на раат да им **** матер на тие што треба. Едвај чекам.
Можно е да се расправаат на Фејсбук кој бил асли битолчанец? Дали е можно? Па се вреѓат кој од кај е дојден. Не знам дали помладите генерации уште се замараат со вакви работи или до кај генерацијата на баба ми? Ко да не сме сите заедно загрев. И ова сакав да го кажам: Ојдов да повежбам.
Луѓе дали знаете каде има праски да одам да купам? ЏенЦка ми два дена ми спомнува дека сака праски. И сега сакам да најдам и да и однесам, ама како што знам во Мај нема праски, во Јуни, Јули има.
Преку глава веќе со тие бош муабети дека старите скопјани си ги продавале бараките во Центар на инвеститори за станови да добијат после тоа.. Како прво, тие во бараки што живееле не се стари скопјани туку доселеници од страна(работници) кој што дошле во Скопје за да го изградат Скопје после земјотресот.. Стари скопјани во бараки што живеат, НЕМА.
Многу демони сум победил во животот, но овој демон, т.е. да се избањам и средам за 30 минути никако да го победам. Секое ново туширање пресечувам дека за 30 минути сум готов и на пола пат до мојата соба демонот ме победува и пак се враќам во wc. Чаре? Бардовци веројатно.