Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Порано,во некоја доба од ноќта,долго размислував за ѕвездите,знаев дека секоја од нив чува нешто,безуспешно, ги оставав така да светат во мракот.Да молчат се додека сонцето не завладее и се додека јас не потонам во некоја бездна од соништа.

    Со молк ми раскажуваа,со тишина слушав.
    Ми се вслелуваа во очите.Темни.
    Со моето постоење ги замислував.
    Ги гледав,распрснати по небото.

    Сакам мирисот на морето да ми се вгнезди во срцето,кожата да ми мириса на кокос и јагоди и да пронајдам морска ѕвезда.Солта да ми остане во косата која ветерот ќе ја разбранува.Некаде таму,сакам да пиеме коктели и нашата љубов да ја натопиме во таа морска шир.Сакам да ги затворам очите,тонејќи во длабочините на љубовта која се насели во мене,сакам со леснотијата на прстите скоро и не допирајќи да му поминувам по свежо подраснатата брада,да молчам и да се прашувам за бојата на неговите очи која понекогаш станува многу зелена.Сакам и морето да биде љубоморно на мојата срцева длабочина.Патувајќи со безброј возови да ги слушам стиховите кои ги рецетира,понекогаш смешни и креативни.

    Колач со вкус на лимон и дупчиња на образите ја чинат мојата среќа.И никогаш нема да можам да му напишам стихови еднавки на длабочината на океанот,нема да бидам поет во името на љубовта,но знам дека поетот љуби и пишува болува и составува,за да му кажам дека љубовта ми ја испиша по телото како песна од стихови некаде скриена,невидлива.
    Чинам поради него очите ми имаат друга боја и украден сјај од ѕвездите.
    Понекогаш неуморно му зборувам а тој ми продава молк допирајќи ми ја клучанта коска,патувајќи и продирајќи низ мене.
    А јас така со душата пишувам стихови во воздухот,да лебдат над нас.

    Денес знам дека тие сепак чуваат нешто,некој неизмерно блескв сјај,запишани приказни.
     
    На Ivy89, bittersweet, Barbie20 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.666
    Пол:
    Женски
    Моментот кога се околу мене ме нервира..........................

    Моментот кога знам дека сум виновна а не преземам ништо за тоа................

    Ах таа моја тврдоглавост. :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    35.200
    Пол:
    Женски
    Човекот кога е пијан, го кажува она што го мисли кога е трезен. - Сител, Вести. :clap:
     
    На Dreams.678, Barbie20, ColoursOfTheRainbow и 6 други им се допаѓа ова.
  4. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Си искочив на тераса на едно цигарче, и така дим по дим, и ми се навратија некои прекрасни спомени, чудно како една цигара може некои спомени да ти врати! :D
    еххх што било, прошло... што ќе биде и тоа ќе помине! :)
     
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Нов член не е нов член ако не отвори нова тема..и во погрешна категорија :D
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Dreams.678, anichka94 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Значи како ме нервира брат ми |( Кога он седе на PC ја никогаш не му сметам или па му викам.Јас кога ќе седнам ќе се наврте.Му викам чекај сега јас седам и он океј и после 5 мин еве го па :@ Ама најногу се нервирам како ќе се залепе позади мене и се си глеа шо правам.Неможам на фб,фемина и твитер да си поседам,а не па да пишувам со некој :rofl: .
     
    На Dreams.678 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски

    Самер, не е самер ако не забележи некоја членка :D :wasntme:
     
    На Dreams.678, eliesaab и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Колку е точно...
    [​IMG]
     
    На Dreams.678, tirkenbal, DoReMi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Rock.Lady

    Rock.Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Најголема грешка ми е што сум дозволила некои луѓе да ја видат мојата кревка страна. За нив(а богами и за сите) отсега ќе бидам антоним на кревкост. :!:
     
    На Barbie20, eliesaab и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  10. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Каде постои вистинска идеална љубов?Каде е таа љубов од бајките?Нека се јави тој/таа што вкусил таква љубов за да можам да му честитам и да го поминам остатокот од мојот живот завидувајќи!
    Не сакам да бидам погрешно сватен сите ние сме љубеле и ќе љубиме во животот ама ништо нема од онаа “Ромео и Јулија”-односно вечна љубов.Знаеме многу добро знаеме како би требала да изгледа таа нели?Па зар не не учат уште од малечки за она фамозно “Си живеа среќно до крајот на животот...”
    Пубертет тогаш во потрага по горенаведеното убеден дека таму некаде те чека личност створена да биде твој двојник во огледало и длабоко во себе се надеваш дека ќе преживееш една бајка од типот “Пепелашка” само без делот принцеза, принц, коњ...
    Упорно се трудиш да дојдеш до таа личност побргу убедувајќи се самиот дека таа ти е предодредена за вистинска љубов, не како илјадниците примери кои си ги видел и запознал што се изгубиле по патот бараќи ја.
    Е од тука започнува второто поглавје кое започнува со пролетта.Се почнува да цвета па и твојата љубов...секој ден и секој ден е се поубаво, потопло...доаѓа лето, цветаат рози сеуште те следи занос и поголем жар...пополека паѓаат температурите и се ближи есента на твојата љубов, која е слична со вистинската есен, листовите од рози паѓаат и остануваат само стеблата полни со трње.Баш кога ќе помислиш дека болката е преголема за да можиш да ја преживееш доаѓа зимата се прекрива и останува само тапа белина и сеќавања.
    И сега знаете што е љубов, сте ја почуствувале и се прашувате какви луѓе всушност биле тие способни да измислат такви приказни?Бујна фантазија...реалност или лудило ?
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    А јас,јас сум многу,многу среќна..
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, L-enna, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.235
    Пол:
    Женски
    Кога ги гледам фотографиите од нас како деца, се си мислам дека мајка ми ме лаже и ден денес кога ќе ми рече дека сме биле најубави деца. :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На bittersweet, kala21, tirkenbal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Додека мајка ми не беше дома, направив благо. И нормално, уз пат во кујната 3 атомски бомби ко да паднале, нели... [​IMG] Влегува мајка ми, кога виде, шлог ја бапна жената. :$ - Зар биваше бе сине олку да извалкаш? - Ама мамо, види како уметнички е рашљакано. :rofl:

    Се унесов во улогата дека сум некој уметник, и' oбјаснував колку е само прекрасно. :rofl: Мислиш во Топ Шоп работам. [​IMG] Пф, многу знаат они што значи да си уметник. :emo: Ти мислиш така лесно е, преку ноќ уметник да станеш. :fubar: А бре за то треба да си роден! Сос тој талент! Од висачите, па до стазата... се' со чукуладо. Пљукната на Леонардо да Винчи сум, бе. Пљу кна та! [​IMG]

    Само за нареден пат, ќе ја начекам во ходник, ќе и' дадам да проба од јадењето. Па после да и' биде полесно кога ќе ги чисти атомските бомби. :rofl: Па што? Вие мислите лесно е да имаш дете уметник? :!: АпФ, па како ќе знаете. :emo: Нормално дека не е лесно. :rofl:

    Што ќе беше ако Моцарт беше абортиран? Или јас? Голема загуба, бре. [​IMG]

    Се уфилмав ептен еј, ај чао. [​IMG]

    Како викаше оној од ВБ? Небитан си, фејк и смараш! :rofl:
     
    На Barbie20, ColoursOfTheRainbow, mileystar и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Единствена ли сум што живеам во близина на затворен Мекдоналдс ресторан и ме фаќа носталгија секогаш кога ќе поминам покрај истиот? :tmi:
    Ех, стара добра времена... :lol:
     
    На Mariangela, WaffleGirl, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Дури сега сфаќам со каква лажга сум се дружела.
    Девојчето кое го сметав за најдобра другарка во 1 година ми кажуваше за нејзините љубовни проблеми и ми имаше кажано дека имала профил на фемина ете тогаш и јас го отворив мојот. И ми кажуваше како била потпишана ама сум заборавила само знам дека беше нејзиното име и броеви до него. И еднаш за Авон нешто зборевме и таа ми кажа дека сестра и со Орифлеим имала работено и кога ги зела порачките со се кутии ги наредила, сликала и сликата ја прикачила овде во ваша тема. (најверојатно мислела на вашето козметичко катче низ лични фотографии) И преска си читав така стари теми, постови и налетав на еден гледам корисничко име ...951 и се сетив. И љубопитна бев и морав да и ги прелистам мислењата чисто онака. Мене таму во школо едно ми кажуваше, вам тука сосема друго. Кога раскина со тој еден вам ви пишала дека тој и удрил шамар и си заминал, мене ми кажувааше тааму удрила и заминала. За еден друг нејзин мувач ми кажуваше дека тој и ѕвонел постојано овде вам ви пишала дека таа го барала неможела да издржи. Мене ми кажуваше дека сестра и работела како полицајка, вам овде ви пишала дека е невработена. Мене ми кажуваше оти е од друг град дека дошла тука да учи за да смени друштво малку школо вам ви пишала дека нема ниту една другарка таму. И уште илјада лаги. Некого лажела само незнам мене или вас ама по се изгледа мене. Оти овде е анонимно и може да напише што сака. Во еден пост ви пишала дека има 15, а во друг 17 години хаха. Инаку зборам за постови пред 2 години. А девојчето е еден ден помала од мене јас сум 2 јуни 1998 таа е 3 јуни 1998. Мислам тогаш се искаравме и незборевме дури криво ми падна оти и овде ја одбегнуваат ама сега ич не ми е жал. Таква лажга не ми треба. Дури во еден пост пишала дека девојчињата со кои учела во клас биле растурени. :o Каква лицемерка луѓе мои.
     
  16. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    ^ Деца, nobody cares едноставно.
     
    На Dreams.678 и HoneyBun им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Додека на ист портал читам како некоја била анорексична, за некоја уште послаба, читам како била фатална убавица во бикини.
    И, ај сега, дојди разбери да те видам. |(

    **

    Иначе муабетот ми беше за многу наши дојденци од странството, а најбројни од Швајца`рија. :talk:
    Сакам да ми кажат истиве луѓе како можат да живеат во една од најсовршените земји, да ги почитуваат законите беспрекорно, да бидат граѓани на оваа земја, а кога дојдат овде им се буди животинското и не само што немаат основна култура и речник, туку фрлаат ѓубре каде сакаат, иако пред носот има канта ? :fubar:
     
    На LittlePinky, eliesaab, Anabelle.Amorette и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    наместо да причитам името на членката цигарче,јас многу пати читам циганче :rofl: :$ :lol:
     
  19. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Ги слушам луѓево и се чудам.Што сакам да кажам.На мајка ми една пријателка,накај 50 години е жената.Живее надвор од МК и само се разведе.Да напоменам беше доста богата.Али едноставно не одело и се развеле и сега има нов партнер и е среќна,си продолжила со животот.И сите тука се вакви :o :o :o Како можела? Шо мислела толку пари да оставе,па на тие години.Како шо знам јас,бракот не е само за малдост.На секој,малад или стар,му треба подршка,љубов,разбирање..Ако она го немала тоа,зар теба да трпе? Али како да им објасниш,не разбираат.Какво задоволство им носи мешањето во туѓи животи,а колку само уживаат да ги судат другите.И сето тоа кажува за нив дека нешто во нивните животи недостасува,всушнст најважното-Среќата!!
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Исцедена сум начисто и уморна од се околу мене, и сакам само да отидам некаде далеку и да заборавам на се`,ама нема да кажам дека не остана сила во мене, зошто остана, и ќе бидам добро, знам..
     
    На Elennaa, di-di3, Dreams.678 и 5 други им се допаѓа ова.