Надвор паѓа дожд, а поговорката вели дека бегајте од луѓе што не сакаат дожд. Ок, се зезам Штом има дожд јас сум позитивен, а сега само позитива се фура, бајо мој! Емилија Стојменова, по потекло од Виница, вчера стана Министер за дигитализација во новата словенечка влада. Таа, воедно, е вонреден професор на Електротехничкиот факултет во Љубљана и избрана од Стејтдепартментот на САД како една од 50 жени, кои се важни во науката, технологијата и математиката ширум светот. Честитки, Емилија, многу успеси во иднина и не се сомневам дека достојно ќе ја извршуваш својата министерска функција.
Посакувам сите што се ебете без осет дека комшии јасно ве слушаат, да не можете да станете од кревет две години. Имам родители и гости тука, и деца ве слушаат. Гниди гнасни стокосани. Да знаев од која зграда сте сега одма ќе ви се качев. Осет да се немало..
Лелеееееее абе оти не кажувате дека Украина мојот фаворит победиле ? Але алееееееее Вчера се комирав па не успеав да гледам како течело гласањето, а маж ми имаше пуштено фудбал Рома - Венеција , па дури денес ко се разбудив ги читам резултатите. Значи браво, секоја чест, уште на прво преслушување на рефрените од сите држави Украина ми привлече внимание и баш ми е мило што победиле. Ауфффф многу ми се прави ќејфот што мои фаворити се победници. Срце не ме држеше а да не искоментирам и на форумот , браво Украина
Мразам свадби, со сите овие обичаи. Не сакам да ми трештат тапани по улица, за тоа "земањето". И тоа со пари ставање во штиклата и работи други што не ги ни знам ни како ни зошто се прават. Не сакам ни ора ни чочеци, само забавна музика признавам. Свекрва ми ќе мисли дека сум изрод, проблеми од старт.
Мене тоа со зурли и тапани на улица ми е безосетно. Да будиш луѓе и да ги боли глава оти тебе ти се весели. Музиката треба да биде само во ресторан.
Тука може да се најдеме ама ретки сме. Јас не познавам никој што, кога правел свадба, тоа не била традиционална свадба со сите салтанати а лично знам само 2 брака со потпис во матично, без свадба. А своја мала прослава некој да направил, тоа ич. А баш тоа би ми одговарало. Затоа пишав ќе ме смета за изрод. xD