Епа многу погрешно размислуваш. Треба да ги осудуваш луѓето кои се решиле на бокс. Со бокс ништо не се решава, посебно во држава во која сите сме изгубени во системот, не само во здравство, туку и образование, и сите други сфери од општеството. Океј е да искажиш револт, ама да повикуваш на бокс и насилство за да решиш проблем во системот, не е океј. Ако си тука во Македонија (а си, по тоа што го пишуваш), на крајот за жал си оставена на нивна милост, оти генерализираш.
Мене ми е досадно и едното и другото да ги слушам секој ден. Кога човек нема граница и себично збори само за себе, сеедно ми е дали е болест или не. Обично и едните и другите не прифаќаат совети туку баш тоа е целта, да се жалат. Наметнувањето мислење за брак и деца секако не ми се во ред ама и чудно ми е како на членката конкретно сите во околина и наметнуваат. Мајка ми на почетокот така само се жалеше и не преземаше ништо, еве ја со години на психијатар има огромно подобрување и сега на периоди и доаѓа да се искаже, останатото функционираме нормално.
Баш ме погоди мене сега жими се. Јас сакам само да се жалам а не дека не знам и како и се. Убаво ми доаѓа тоа.
Да знаете дека ова не е океј. Само цицате туѓа енергија, нема ништо продуктивно во жалење и набројување на свои проблеми на друг без да превземете нешто вие самите. Јас на мое друштво имам кажано дека секогаш ќе сум тука за нив да ги расположам и да им дадам совет, ама нема да ги слушам како се жалат за свој живот, за државата, за немање пари, за луѓето околу нив (и за анксиозноста кога веќе збориме за тоа) итн. и ако почнат нешто такво ги прекинувам, станувам а во најчест случај не ни излегувам со такви луѓе на кафе.
Конкретно не мислев на замарање за нивните деца. Познавам жена, има две возрасни ќерки, првата на 22 ја родила, другата 2-3 години после тоа. Големата ќерка е скоро 24. И женава се фали како е млада мајка, зашто мајка ми покасно родила и дека на ќерка ѝ ѝ зборела да гледа да си роди побрзо. Е женава на 46 полошо изгледа од некоја од 75. Не зборам за лепота, брчки него за движење. Онака ич не води сметка за себе и свое здравје. Мислам која е поентата да се фалиш дека си родила млада тогаш ако си многу постар од годините.
Можеби е од таква околина не знам... И мене секое седнување со повозрасни луѓе истото ми го зборат па 28години си до кога мислиш вака интересно е сега спиење, шетање ама еден ден ќе зажалиш блабла.... Само што не го пишувам тоа тука на форумов. Не знам, јас секогаш ќе имам жал и ќе сослушувам луѓе што од болест ми раскажуваат, а не проблем да им е неспиење ради дете. Онака, споредба правам. За секој неговиот проблем е најголем знам ама само за здравје прифаќам да се пожали некој, другото ништо не е битно така јас си функционирам бар
Како кај нас на едно одделение,со најдобрите доктори ,во провинција,каде луѓе од други градови доаѓаат ,ја скршија влезната врата,го искршија џамот.Разбирам тешко е да ти почине близок човек но некогаш докторите не се семоќни.Седи сестрата на ѕид со игла во раце спремна да ми ја аплицира,јас коментирам ,а таа ми вика со прстот на уста ќути,тешко нас сите ќе не убијат. Друг пример во три на полноќ,влегуваат и се дерат како дома да се и слушам глас од сестра ,ве молам господине има пациенти овде.На ова лично јас сум присуствувала од неколку пати што сум била,што значи многу често се случава.Обезбедување треба под хитно за медицинскиот персонал,зошто сите ќе заминат во приватно здравство или надвор ќе заминат. Е тек тогаш тој што нема а за приватно повеќето немаме,ќе си умираме беспомошно дома.
@Anne Boleyn Не се сите здраствени состојби за приватнио.Приватните ти викаат ај на државно кога имаш мака.
Епа затоа треба да го зачуваме ова наше јавно климаво здравство,да им дадеме ветар во грб на тој медицински персонал што останал да работи и работи како што треба,да не генерализираме дека сите не чинат,напротив има прекрасен медицински персонал, туку да не се повторувам ,она што сакав го кажав во првиот пост на оваа дискусија, беше баш за тоа,бескрајно благодарна што постојат.
Како да речам, а да не згрешам. Не ми е проблем да сослушам, добар слушач сум затоа немам енергија за себе Може дека јас моите проблеми ги споделувам само со мајка, сестра и маж, па ми е чудно како некои можат секој ден да зборат со рендом особи за било што. Убаво е тоа, не викам не, одиш и се истураш на некој друг, па тој нека се снаоѓа после Комплексно е, за некои проблеми треба гласно да се збори ама и недостаток на сон е голем проблем ама не мора да тупи, кафе муабети се тоа 'Цела ноќ не сум спиена', не мора да се труби нонстоп.
Во однос на плаќање партиципација во болници, премногу строго се држи. Татко ми кога имаше тежок удар сестра ми го однесе сама на ургентен и требаше да го снимаат на компјутерска, ко за беља сестра ми не земала со нејзе нешто многу пари, и не сакаа да го снимат дур не се плати партиципација, а состојбава на човеков не беше за чекање. Среќа некако он се сети дека има новчаник со него па платиле. Мислам разбирам дека имаат ситуации каде им бегале и слично за да не платат, ама во вакви итни ситуации стварно не е во ред такво понашање, сигурно немаше да не платиме. И друго мое лично искуство. Јас не знаев дека доколку имаш рак не се плаќа партиципација. И секаде си застанував за да платам, и тие од шалтер наместо да ми кажат, ми наплаќаа. И последниов пат докторката ме виде како плаќам и се изненади и се развика на шалтерушата. Е таков срам ни е државава.
@sweet-cherry Погоре ме убедуваа дека некои групи на луѓе се ослободени од партиципација. Нека го читаат само твојов пост. Едно е на хартија, друго е во реалноста. Хартија се трпи.
Многу се оптеретувате и вреѓате поради туѓи комплекси, карактерни маани, нерешени проблеми и трауми. Може да биде annoying, ама од едно уво влегува, од друго излегува. Ако е некој толку досаден ќе научиш и да не го перцепираш. Остај го да биде досаден, негов проблем.