Не. Сака да каже не значи ако родила дека има право да кажува друг дали родил, зашо не родил и шо праела она на нејзини години. Просто ко грав Ама ретко кој да го сфати ко такво
И да и не. Ама не дека децата ја остареле, или мајка ми раѓањето на постари години децата ја напраиле таква. Него тоа што зборува кој на колку години што доживеал, а за некој тие години не значат ништо во поглед на виталност и тоа какви се. Значи муабетот нејзин смета.
^ Ме интересира вие кога ќе имате толку години дали ќе ви се вкусни муабетиве или ќе ве навредува. Реплицирајте ми,кога ќе наполните толку. Колку да се каже нешто
Јас кога ќе наполнам толку години нема да префрлам на други зашо помлади не родиле или на нивни години што сум правела. А ќе гледам што е до мене колку што можам да се исчувам, барем до таму кај што е во моја контрола.
Па во глобала сите се во сличен фазон(луѓето)..Јас доев,јас на твои години бев независна,јас веќе семејство имав,јас работев,јас кола купив на твои години..бла бла Секој своето го доживува како успех
тоа е исто ко сеа некој тебе да ти рече- ееее јас на твои години имав толку и толку стаж. само ова е посурова верзија, со оглед дека во денешно време секоја втора се бори со неплодност ... Мене за второ ме напнаа, им реков не можам трудна да останам и раат бев од тоаш (пред 3-4 год ова).
Мислам дека сите мижите на делот кај што членката вели дека некоја си со 40 години и префрла на мајката на членката која е 60+ години, дека многу била стара и можела да роди порано. Со други зборови кај и да е ќе умреш, а ќерка ти млада останува. А Мунчмалоу само укажува дека и оваа од 40 години не е нешо посебно со виталноста за која пробала да префрли дотичната.
нека рече 15 год стаж имам Голема раб ако рече.Битно е она со кое јас сум задоволна.Дали е тоа доење,дремење,работење,деца раѓање..мое си е. Знаеш како велат кај нас..кучињата лаат,караванот си врви @Munchmallow20 у реду е.Сфаќам.Ма на крај пак изгледот врска нема со се погоре шо си пишала.Некој на 20 изгледа како 40.Некој на 40 изгледа како 20.Пак ке кажам…живот,услови,финасии,одржување,нега..мн фактори играат улога.
Ништо поразлично не кажа членката од ова.... сем дека секој своето треба да си го глеа. Али па да не беа такви ко таа што и се обратила, немаше да знаеме кој е прост а кој не е... така да win win ситуација. Оваа сфатила колку е саат, а таа ете се осетила супериорна јер доела на нејзини год
Овој муабет ни го тераше една асистентка на факултет шо смрдеше на фрустрации и депресивност. Кажува еден датум, а доаѓа пред или по некој ден и нормално не сме тука.. И почна со муабетот јас на ваши години бремена тој и тој месец учев над книга за да го завршам факултетов вие овде наместо да седите на факултет којзнае шо прајте... Ова простотилук на кило..
На муабетот, сакам да го спомнам зборот комплекси и фрустрација ама ми е мака да се објаснувам. Омаловажување и коментирање нечиј живот, а величење на сопствениот во секоја можна прилика ми мириса на фрустрација. Секој можи да си ги кажи достигнувањата, обожавам да слушам, ама не и да се прај дека е нешто над мене само зато шо немаме исти желби и цели. Од толку теми за разговор, да се дрзниш на некоја да коментираш оти, дали и кога родила е
Проблемот е што повеќето луѓе имаат tunnel vision, тешко се двојат од нивната замисла што е битно во нивниот живот и мислат дека сите исто размислуваат и се осеќаат. Мене некоја да ми се правела паметна на начинот за кој зборувате, ако баш осетам потреба да и' реплицирам, тогаш гордо ќе и 'кажам со надеж дека ќе сфати дека тоа што за нејзе е успех, не е и за мене: "Мене па мило ми е што сум била паметна и во моите 20ти години наместо да дојам, си шетав, си се забавував, си одмарав лагано, си уживав без деца, си работев, си трошев само за себе, штедев само за себе! Баш убаво си го искористив времето, уживав целосно во тие години!". Да не бидам сфатена погрешно, и двете сценарија на проживеани години мене ми се океј сè додека личноста била среќна. Муабетот ми е, секој различно го доживува животот и има различни желби и потреби во различно време, и поради тоа смешни се тие муабети, демек кој попаметно/подобро/поправилно го живее животот, као демек има шема или правила. А сè се сведува на комплекси, и таа што се прави паметна дека е подобра што родила помлада и таа што се вреѓа на нејзиното мудрување.
Тоа ако тргнеш да споредуваш кој кога родил и зошто не родил и слично, најчесто значи дека освен што си родила друго достигнување или интереси други немаш. Или немаш осет кои теми се, а кои не се за бош муабет.
И сори нот сори, али фул сМе двојни аршини. Ама зашо така рече јер била подгрбавена, ама таа смее да рече што сака, тебе не треба да ти смета. У реду је Секој све смее, ама ти не смееш.