Мене не ми беше да осудувам која родила млада а која стара. Него баш она погоре @Srckata28 што појасни. Ѝ вели женава на мајка ми стара си, 60+ имаш, ќерка ти уште е млада, а јас на 46 ќе ја дочекам да дипломира. Ама она физички е постара и од неа. Збори за други кој колку истерал на колку години, а сама не се гледа дека не е само до годините. Пре би на 50, 60, години, па и после да сум здрава и права, имала деца или не, него на 40 да не можам скали да искачам ама да им зборам на другите колку се стари а не направиле тоа и тоа. Пак овде зборам без разлика на имањето деца. Само што она имањето возрасни деца го става како репер кој колку е стар, не јас.
Јас ако не се чувствувам спремен и ја најдам сродната душа шо би ме усреќила, тешко да би основал семејство.. или да си речам леле веќе 28 прам, а имам школски веќе имаат деца пораснати, па да морам со било која да зачнам и формирам фамилија. Јбг таков сум каков шо сум тежок на некој начин и пребирлив ама тоа е.
Бегам од луѓе кои секоја туѓа ситуација си ја поистоветуваат со себе. Нит сте центар на внимание, нит па некого го гајле. Едно е личен успех, ама друго е да го буташ во сечиј мозок за секоја ситуација. И ова не го кажуваат како совет, повеќе е да се издигнат над тебе.
Секој има башка приоритети во живот и од таму не сфаќам"јас на твои години..." Муабет од две причини: 1) лечење фрустрации и ставање себеси на повисоко ниво од другиот како објективно позначајна и поистрајна личност шо во исто време го турка соговорникот скалила подолу и прај чувство на вина, тага и срам. 2) влегвање во улога на жртва, за како другата страна "ужива", а та на тие години "страдала" па се претвора во емоционален вампир околу кој не сакаш да си, а кога си, повторно ги набива истите чувства од погоре. Сите башка работи сакаме и не исполнуваат. Имав генерации шо родија одма после средно, на 19/20. Тогаш да родев детево в градинка ќе ми беше или прво одделение. Ама ни тогаш сакав дете, ни пак то ќе ме праеше среќна. И ако некој мисли дека ќе ме праело среќна оти нив ги напрај среќна и воедно притисок и критика за изборите мои - нема да има отворена врата да кажи шо сака со мене. Обично тргам на мајтап. Мислам една членка имаше нешто слично пишано погоре. Пошто сум немажена, без партнер, често ми се вели "ајде да те мажиме годинава", "јас на твои години три деца имав а ти ни еден дечко салам" и слично. На шо јас враќам: "сполајти, не сум глупа знам подобро". Не мислам дека тие вака шо избрале се глупи. Напротив, мислам дека то е точен избор за нив. Ама ако некој ми збора вака, обично нивното го вртам ко лошо за shits and giggles и обично функционира за да си гледат в двор. Едно време се нервирав, признавам. Сега сум премногу незасегната по овие прашања за да ми е гајле. Да речиме дека имам комфорт во моите избори за да ми е гајле.
Многу креативно од професорката по ликовна уметност во с.Негорци (Гевгелија). Професорка АнаМарија Митриќеска - Калчева. По мени испуштила базенТ и сТрам, али тоа на други скали https://umno.mk/ucilisteto-vo-negorci-stana-sareno-kreativno/
Преку глава ми е од расизам, body shaming, лажни пријателства, комплексаши што си лечат фрустрации врз другите само за да се чувствуваат подобро и остали слични срања.
Никогаш не се осеќај навредено, глупаво, невредно, поради туѓа некултура - нешто што упорно морам да се потсеќам. Зошто јас да се осеќам неубаво ако некој на работа не ми каже здраво? Или нешто саркастично ми искоментира? Или мисли дека е некоја специјална личност на планетава затоа што има "повисока" позиција во фирмата? Можам да се осетам ужасно ако јас некого лошо истретирам. Ќе ме јаде внатре фактот дека од некоја причина сум била идиот кон некого. Ама за туѓи постапки да се секирам? Јас да се нервирам што некој е невоспитан? Или исфрустриран? Или има его до небо? Nope, nope, nope. Може само да не добива почит и внимание од мене, без разлика дали ги сака или не. Не ме интересира кој е.
Ај убава шминка ама кога телото е една боја (по вратот и деколтето најдобро се гледа), а лицето друга, најчесто некоја нијанса потемно, ич не е убаво. Лице е, не е боенка.
@edna_malecka ти ми даваш 14 години. Овие најмалку 18. Значи тука сте негде Со солзи се смеев кога го прочитав ова што го обележав.
Сдк пресмешни ми се луѓето кои од дебела личност очекуваат преку ноќ да ослабе Да, јас сум таа дебелата, и сите само ме прашуваат до каде сум, дали се откажав, зошто нема резултат Кучки, овојпат ќе има резултати, стрпете се
Единствено најбитно нешто е ти да си се чувствуваш убаво во своето тело, а другите можат само во празно да млатат.
Долго време не се чувствувам убаво во свое тело, ама слаб карактер, и останатото е историја. Ама за инает ќе успеам сега
Иста сум и јас, и колку и да ми викаат дека имам добро тело сепак не се чувствувам убаво. Ама само упорност и истрајност и ќе успееме.