Глумење лудило на денот : ' Јас сум навикнат на клима, ништо не ми е' Господине, дали сте сигурни дека ништо не ви е? Свашта. Седиме тука еден до еден, можела да стои климата пуштена пошто господинот немал ништо проблем. А исто така и прозорецот можел. А ние што имаме проблем и не боли се? Само го кога? Колку се луѓето само себични. И пази, треба да одам во друг град на контрола и никој не сака да ме замени. При што одма се нафаќам да вратам ден. Гледаат што јадам, кога јадам. Па колку пари сум трошела на јадење. И на сето тоа игнор. Но, денеска ми прекипи. Не, вакви мислам дека никој не не сака.... Ќе дојдат и моите 5 минути...... I am patiently waiting.
Толку многу мажи на форумот а не најдов ни една тема за Специјалните единици во РМ Волци и Ренџери. Темата АРМ и Вијска не е ниту активна. Повеќе ги има во Мода и Секс
Да и се плукнам и на таа филозофија и на сите филозофи внатре во неа, заради нив не сум легната и ќе станвам пак заради нив во 6, едвај 3 сати за спиење Денојве пореметив и спиење сѐ, сега тек разбирам што значи и сесии и месии упм
Значи сезоната на умирање може официјално да започне. Толку многу мразам жешко време, тоа е страшна работа. Отвори прозори демек да фаќа промаја, оно полен лета низ цел град и ме умре таа алергија на полен. Пушти клима да ти дува и оп одма синусите и пак апчиња за синуси. Жешко па тешко да си ибе векот, проблемот е што имам многу низок притисок и стварно ми е лошо. Ќе си речиш убо се погоди 2 дена слободни, цркнав од жешко. Алал да им е на сите кои можат да трпат жештини , мене никако не ми се погодува. Втор ден по ред главата ме боли , а ќе продолжи и утре таа пуста мигренска болка. Целава листа ми се пробани апчињава и ништо не ми помага за ублажување на мигренава скапана acetaminophen (Excedrin, Tylenol) aspirin diclofenac (Cataflam) ibuprofen (Advil, Motrin) ketorolac (Toradol) naproxen (Aleve) Следно за купување е Суматриптан. Ако и тие таблети не ми делуваат може слободно да се обесам. Значи ептен сум во лошо расположние овие 2 дена, скисната сум и не ми е дојдено до ништо. Вчера вели маж ми , ај да правиме нешто ( мисли на секс) , го одбив, му велам не можам главата ме боли. Ај да не ширам негатива, ќе пуштам филм нешто да ми го оттргне вниманието малку.
Магнезиум б6 да те опушти малку, аспирин протект (не чист). Не мораше да пишеш секс може сака да кампирате (за ова се смеам).
Подарувам лето и тоа три и пол месеци. Не знам зошто не го можам. Едвај чекам септември да дојде. Мислам дека удар ќе добијам. Покрај езеро, море сакам лето ама вака…
Не го сакам ни покрај море ни езеро. Само на планина го сакам. Не го можам пеколот летоска, ужасно многу ми смета, притисокот ми го симнува да не можам да функционирам нормално.
Во темана снаи и свекрви проблеми сите се жалат од свекрвите, испадна дека ниедна мајка не е добра за децата, снаите и внуците Сигурно тие што имате браќа и нивните жени вака ги коментираат вашите мајки
Ух,тапаниве што тропаат кај мене во населба,некој прави свадба.Одамна не сум слушала звук на тапан,па ми дојде мило