Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    12.629
    Пол:
    Женски
    ...девојки ова беше еден прекрасен ден,ќе остане запаметен. :inlove:
    ***
    Инаку сакав да кажам дека многу ме нервираат оние странцине ко ќе дојдат во Македонија и не мислат нас онака прости заостанати и ќе почнат да се фалат,те ова,те она. :!: Ние јесте дека живееме во прилично заостаната земја, ама тоа не значи дека и ние сме заостанати и не знаеме како идат работите,па они ќе ни перат мозок тука,оди бегај бре. :emo: Обавезно мора да се пофалат кај биле на одмор,што јаделе,што пијеле
    колку пари потршиле и колку бакшиш му оставиле на келнерот.
    Излегле тие од селото ама селото не излегло од нив,тоа е тоа. :)
     
    На Heartbeat, BestFriends.99, Dreams.678 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Татко ми само што ме изненади, позитивно. Си седам јас и тој влегува во собата и го носи вовчето кое ми го купил за првото запче. И ми вели да си го дигнам.
    Прво се изненадив затоа што тој му го даде на мојот братучед да си игра со него и потоа ми вели „Земи си го го и дигни си го, тој е мал, го удира и сака да го скрши, тоа ти е спомен“. Фала Богу, имало некој што не е бездушен кон спомените. Фала Богу имало некој што ги цени убавите спомени :inlove:
    Друго, пак видов како паѓа ѕвезда ^_^ Се шетаме со другарките и одеднаш две од нив цркаат и јас погледнав и што да видам - паѓа ѕвезда, радости :D Пак замислив желба, што мислите ќе ми се исполни? :angel:
     
    На DoReMi, Barbie20, Srckata28 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Потајно им завидувам на девојките кои се омажиле или ќе се мажат...
    Знаам, дека јас нема никогаш
     
    На anneyy, HoneyBun, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.116
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Elennaa, Marjan007, Dreams.678 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека навистина се било бумеранг,и се се враќало..ако повредиш некого понекое време ке си ја сватиш грешката ке сакаш да ја исправиш ке сакаш да си со таа личност што не си ја погледнувал ама тој ке има некоја друга која ке ја сака или бар ке се обидува да ја сака,бидејќи знае кој згрешил еднаш ке згреши повторно..
    Изгледа сега јас го засакав,а он покрај тоа што уште ме сака се обидува да биде со моја добра другарка и редовно ме прашува за неа,сака да испадне со неа ама она несака..мислам дека примети дека го сакам и дека јас сега одам по него.
     
  6. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.972
    Пол:
    Женски
    Е добро бе, зарем и тоа дочекав да го видам ??
    Мои слики што ги ставам на фемина да ги најдам на др сајт каде што вршат продажба
    ццц.. И тоа без да знам јас...
    До девојката која го направи тоа женска барем да се обратеше во порака да ми напишеше дали може да ги украдам сликите
    а не вака...
    |( :puke:
    Повеќе ништо нема да ставам тука !
     
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    After great night, the morning coffee is great :sun: Имајте убав ден 8)

    [​IMG]
     
    На Mishela, Elennaa и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Тежини,тежини и тежини.
    До кога ќе го носам овај камен што мирот си го нашол токму во моиве гради ?
    Незнам ни од каде е,незнам ни зошто е,незнам ни зошто од сите ме одбрал мене ?
    Зарем душава моја е најубавото место што го сретнал
    Или сите во себе носиме некоја тежина. !?
    Секој ли си има свој камен.
    За момент,и на кратко излегува,и секогаш се враќа и враќа..

    Одамна не памтам да станам,и денот да ми започне како порано.
    Со кафе,добра музика,насмевка и силна воља за денот што следува.

    Растам,се менувам....и сфатив нема среќен живот,има само среќни денови.
     
    На eliesaab, ColoursOfTheRainbow и Barbie20 им се допаѓа ова.
  9. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.016
    Полека бре девојче, претпоставувам знаеш дека форумов е јавен (најголем дел), го читаат и листаат и надворешни лица. Од кај си сигурна дека е некоја девојка од овде?!!!
    И ако веќе сакаш да споделуваш фотографии овде, качи ги во мала резолуција, стави воден жиг и решен проблем.
     
  10. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    смрзнав |(
     
    На Dreams.678 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    СДК... Некаде се раѓа нов живот.
    Од почеток, без грешки, без тешки мисли, далеку од стегите на суровата реалност и алчност.
    Чистина...Искусување на нешто ново и невино, облагородено од духот на времето.
     
    На eliesaab, Barbie20, Primavera и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Lella1

    Lella1 Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    85
    Тоа гадно чувство кога ти се плаче, ти се вика, ти се тепа а не можеш ниту рака да поместиш, ниту солза да испуштиш, ниту збор да изустиш... Аххх... До кога вака? :( ;( :x
     
    На love11111, cheetah.girl, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Dreams.678

    Dreams.678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    60
    и јаас тоаа се прашуваам ;( ух го знам тоа чуствоо. коа ти е преку глаа од свее. :@

    хмм, ја секојпат коа сакам да се истурам на сите околу мене :@ наместо да си задржувам се у себе си праам презентации и сите моментални инспиративни чуства во неа . :D се ама се што сакам да исфрлам од себе . само таму си пазам да бидам со убав речник, пошто на крај краеви таму ми се сите чуства. :rock:
     
  14. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Она чувство кога си излезен со некоја другарка на твоја другарка,и се запознавате за прв пат и во истиов ден без некој посебен муабет типкава ти вика:
    - Ехх,колку си среќна ти,немаш никакви проблеми,не се секираш за ништо,еј,камо и јас да бев како тебе.
    |( |(
    [​IMG]

    Значи девојко,ако јас се смеам,не значи дека немам проблеми. Ако трескам глупости,се забавувам и со себе не ги носам своите маки,не значи дека немам проблеми. Ако не ги раскажувам,што е нормално,па не се ни знаеме,не значи дека немам проблеми. Ако не ги раскажувам за да бидам во центарот на вниманието,не значи дека ги немам,туку значи дека не сум attention whore.
    Сега е во мода да си се прчиш со маките,па дури и да си измислуваш дополнително,за да кажат демек ееј каква добра личност си ти дрн дрн јариња... Во мода е да се трескаш од земја за нешта кои што не постојат. Во мода е да се однесуваш напатено како да си лик од книгата на Лајла Грејс и да ја читаш истата. А да се смееш,да си позитивен,тоа не е во тренд веќе едноставно.
    А оние девојки,кои навистина се во депресија,имаат суицидални мисли и навистина преживеале тешки трауматини случки,ги нарекувате психопати. Ма не,само за измислени проблеми можете да се трескате од земја. Имам проблеми,сунце ли ти калајсано,и олабави веќе со Лајла Дисгрејс,тибам семката синапова.

    Јас ќе си бидам позитивна :D И ич не ми чуе сињорита што мислите за мене.
     
    На sweet-star, bittersweet, Mishela и 16 други им се допаѓа ова.
  15. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    До инаетот е се.
    Ама баш се.
     
    На DoReMi, eliesaab, Heartbeat и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.090
    Допаѓања:
    44.400
    Пол:
    Женски
    Ази,алал да ти е,ти си една од најпозитивните личности на форумов,ти симнувам капа за ова. :bow:

    Да не бидам офтопик: Седам по дома со витлериве в коса,крема нашлакана на лице,тазе лакирана и стојат со рацеве претпазливо да не се шлакнам,да ме види некој отстрана ќе се пукне од смеа. :D Вујко ми ми се јавува два пати за да одам на ручек кај нив,јас велам косава ми е водена,со витлери сум,не е средена,тој ме разбрал црвена и ми вика: Кај ќе одиш таква црвена бре???!!! :rofl: И сега дома ќе седам,тие ќе ми донеселе од готвеното,дека мене уште косата ми е водена :emo: Само ме тераат да јадам,и кога сум на гости кај вујко ми,вујна ми и баба ми, и кога тие ќе дојдат овде јади та јади,аман,ме здебеливте како прасе сум :D И ајдеееее нека дојдееее вечер што побрзо,не ми се седи веќе дома,сакам да излезам со друшкиве. :D
     
    На MademoiselleB, Someonespecial, luci22 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Конечно работите си дојдоа на свое место :) Си дојдоа од пред некое време, додуше, ама сега се свестувам, полека ама сигурно. Се потврди по којзнае кој пат заклучокот дека преселбата овде е најдобрата одлука што сме ја донеле до сега. Не се сомневав уште од почеток, меѓутоа имаше некоја доза на несигурност во мене. Но повеќе не :) Си отиде уште пред некое време, назад не ја примам :)
    Апсолутно ништо не ми недостасува. Некои десетина луѓе, кои и онака ќе доаѓаат овде, и се постојано присутни во нашиот сегашен живот, на ваков или онаков начин. Се' друго е отстрането, и искрено, пресреќна сум што е така. Убав е моментот кога ќе се искристализира кругот на оние луѓе кои сакаш да бидат присутни во твојот живот, макар и преку скајп или вибер. :D Посебно за т.н. најдобри другарки. Или барем оние за кои сме мислеле дека се тоа. :?: Да, за се', за сите и за секаде се има време и пари, само за мене не.....Ама добро, сфаќам, јас сум веќе од оние досадните, мажена, трудна, уште малку со дете, не можам да се журкам до следното разденување, да се пијанчам до бесознание, итн итн. |(
    Не е дека нема тешки моменти и денови, на пример денес. Роденден на една од најсаканите и најважните личности во мојот живот-сестра ми. И овојпат не можам лично да и' го честитам, не можам да ја изгушкам силно и да и' покажам колку ја сакам. За среќа, не и' треба потврда, се' си знае, вистинските честитки ќе ги добие за два месеци отприлика, со тоа што ќе бидат поголеми за две рачиња плус што ќе ја гушкаат тетката тогаш :)

    Песнава некако ми прирасна за срце, зашто ја доловува сликата за тоа како се чувствувам. Заслужено ;)

    http://www.youtube.com/watch?v=1G4isv_Fylg
     
    На Libera, bittersweet, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.540
    Допаѓања:
    17.114
    Ако не си го напрајш сам...никој не ти го прави денот,животот поубав...т.е. мораш да знаеш себеси да се развеселиш....
    Неделава секогаш ми е одредена за 80s & 90s style...песни,филмови,книги....
    https://www.youtube.com/watch?v=E5mwp264g-Q

    Не знам зошто...заминав на друга тема...да скратам...дали при заедничко кафе ( што е мое мислење) треба секој да каже кога може..а не да се брка постојано нечиј кеф...и одговори од муабетот „ Не можам јас тогаш и тогаш знајш како е,на работам одам...пардон НА РАБОТА ( нагласено,со иритирачки тон кој сака да кажи-ти си слободна можиш кога сакаш демек) и само да се брка нечиј кеф...па добро јас не велам да одиме во работен ден..пример во недела кога сите сме слободни,нели?!
    И не знам зошто не сум некоја што можи да оди по нечија наредба,конкретно стоиме в кафиќ и насекое и велат на една другарка која е малце понаивна...„Сликај не,сликај не “ а таа наивно го зема мобилниот и чкрапа насекое,наместо да земе да си помине убаво...Нареден ден сликите се на ФБ..потоа ја чепкаат за некојси нејзин симпатија и муабетот оди во круг во неполни 5сек и сите знаат дека симпатијата нејзин е тој и тој ( а кога некој друг нив ќе ги чепни за нив,се мрштат)јас само стојам и праам |( и си играм безгрижно...едноставно шо ќе сум здрвена ко другиве...и како си поминав преубаво...Едноставно,не сакам да се сликам бе...битно ми е како ќе си ја поминам вечерта...филингот,а не да се грижам каква ќе ми биде сликата на ФБ....

    Peace ! :emo:
     
    На DoReMi, eliesaab, AziskaStrslenka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Ме боли што општеството не им дава на луѓето да се поправат, да се корегираат во ставовите и однесувањето.
    Правиме грешки, млади, неискусни, искрено и по малку понесени од идеалот за подобар живот правиме погрешни работи кои перманентно не маркираат како лоши примероци. Тој не смее да ти биде дечко, не се дружи со него, понекогаш би се исселиле да не живеат во нивна близина.

    Нема, нема шанса. Не ја добиваат. И тонат од товарот на минатото кој го носат на грб.


    Не зборувам за батиња како убиецот на Тијана на пример. Зборувам за некој кој некогаш бил виден како пуши џоинт на улица, млади години, тинејџер. Наркоманот, знаете.
    Мене некогашни наркомани ми се пријатели. Се тргнале од срањето и живеат попристоен живот од копиљаци кои продаваат идеали за морал и етика и плукаат по нив со сопственото однесување, вандалско. Тешки пијандури, курветари од кафана не излезени, кршат од ќотек жена и деца, ама трева не пушеле никогаш.
     
    На L-enna, lunicka, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Има луѓе коишто на врвот на листата омилени хобија можат комотно да си запишат: пронаоѓање маани и барање влакно во јајцето за се` и сешто. А потоа секако следи бескрајно контрање со соговорниците кои имаат спротивен став во обид да им го расипат расположението.
    Навистина не можам да разберам личности кои во секоја ситуација извлекуваат нешто негативно, коишто својата енергија и мозочни виуги ги трошат во наоѓање аргументи до недоглед за истото.
    Мрчење... од кога ли стана модерен овој „спорт“? :D

    Не вреди расправање со луѓе кои се хранат со одземање на туѓото добро расположение, само игнорирајте ги и уживајте, не дозволувајќи нивните зборови да влијаат на вас.
    Запомнете, истата енергија која ја пренесуваме на другите ни се враќа како бумеранг.
    Вистинскиот талент е да го извлечеш позитивното во секоја ситуација и секогаш да најдеш причина да рашириш насмевка на своето, но и на туѓите лица. :sun:

    [​IMG]
     
    На bittersweet, UnPaso, Ivy89 и 23 други им се допаѓа ова.