Доста веќе од келнери безобразни кои "забораваат" нарачки. Не ме интересира дали доволно ги плаќаат, дали се оптеретени, дали се малце во смена. Нарачувам Х јадење и нормално дека ќе ме изнервира ако особата ми ја заборавила нарачката.
Повторно нешто научив од кога се зезнав. Во Бугарија нес кафето не е како кај нас што го служат во кафичи. Туку личи на некоја грда верзија на турско кафе. За да порачаш право нескафе требало да кажеш фрапе. Добро ја мислев само во Грција дека нескафето така се вика. Зашто човек мора да учи од како ќе се зезне?
И како што рече некој: од грешки се учи и на крајот пак ќе си умреме глупи. И има логика во тоа. Зашто треба да знаеш пред да направиш нешто. Баш за ова прашував како да знаеме и ми рекоа не постои таков човек. А јас барав генијално решение за ова.
Во обични денови кожата ми е стакло, ама затоа кога имам некој посебен повод, прослава каде што треба да изгледам 'совршено', кожата ми е катастрофа.
Ќе има ли ден кога ќе седнам со шоља кафе во раце и ќе си помислам " добро е, немам проблем во животот " . Ама не , од сабајле со немир во душата за жал. Денов ќе биде депресивен како и времето надвор .
Сега во маркет еден човек немаше да си плати, картичката не му помина, а продавачов дури дрзок му вика што доаѓаш ако немаш пари, овде само гужва правиш.. Имаше земено влошки од оние евтините, леб стар што го земаме за кучиња ние и млеко едно, и остана засрамен пред цел маркет.. Му плати човекот што беше одма после него на ред, не беше ни 100 денари за плаќање и му рече не треба да ми враќаш.. Ама од односот на продавачов се згадив, добро бе толку ли може некој да биде нечовек, па не земал бифтеци и алкохол ебате, леб земал и тоа за кучиња што веројатно они ќе го јадат..
Е ова: Не ми е мене лесно у животот, туку се трудам постојано, работам на тоа тековно да си ги решавам нештата што ме мачат, редовно се соочувам со мислите и чувствата што ги имам, без разлика колку и да ми е неудобно. Не може да се будиш сабајле, да доживуваш сè и сешто и после да легнеш да спиеш, и утре пак истото од почеток. Па после "ова ми е, она ми е, тебе лесно ти е, не се замараш, види што си лабава, расположена си нонстоп...". Нит ми е лесно, нит сум позитивно расположена нонстоп. Само се трудам да уживам во моментот, ако можам. Ако не, нема да ги поттиснам маките во мене, само нема да замарам луѓе наоколу, ќе си ги решам на друг начин. Не сум секогаш позитивна. Ниту цврста, ниту самоуверена, ниту пак имам енергија. Јасно ми е тоа и го прифаќам тоа... затоа што сум човек. Ама не се откажувам и не се предавам на негативностите, свесна сум постојано дека треба да се издигнам над нив, зошто немам време да трошам безвезе, животот е краток. Благодарна сум што го имам, каков и да ми е во моментов.
Жално е какви злобни луѓе има. Ама ете и тука си ја видела другата страна на светот, онаа убавата. Респект за човекот што му платил.
Комшивката моја ќе ставела отров во дворот за мачки затоа што и копале каде што таа садела. Тоа го кажала и за мојата мачка, плус еден куп други мачки има во маало. Може ли некаде да ја пријавам? Стварно ми е страв да не ми ги отруе животните.
Чале си лепи сликички со фудбалери на кутијата со цигари, на местото кај што стојат грозните слики кои укажуваат на штетата што ја чинат цигарите. Ле ген да
Една другарка си ја чуваше мачката на ланец долг 10тина метри, зошто правеше бељи по дворови, да пробаш така?или дома да си ја чуваш ...