Не знаете колку ме исполнува кога универзумот ми праќа успешни, упорни, млади луѓе околу мене кои ме толку инспирираат со нивните приказни за нивната кариера. Секогаш сум инспирирана и добивам уште еднаш потврди дека се е можно и дека навистина успехот доаѓа кога го следиш и си упорен за она што ти лежи на срцето. И после тоа сум мирна и среќна затоа што знам дека и јас ќе успеам во што и да посакам.
Значи што стана со цените за храна по сендвичарите, рестораните.... цени плафон, а храната количински намалена. Тоа кога сакаш да се богатиш и си ненаситен цело време
Сакаат да ги извадат парите за тие две години шо не работеа. Во овај сектор само за вработените ми беше и ми е жал, та газдите имаат наталожено. Ама арно ни прават, и 500 денари да е хамбургерчето пример пак ќе купиме. Најинтересно е шо само нагоре одат, само кога е покачување во прашање имаат очи, утре и да падат цените на берза нема да намалат. Сакам да кажам блазе си ви на сите шо бевте на море викендов. Плажа неќам, ама сакам одмор.
Да, ајде поскапено се, качи цена ама не да се намали количината на истото, вака се во повеќе ќар и од претходно.... Денес ми се случи да одбијам храна, малце ми падна прво срам ама сфатив дека не вреди
Пуштам Мрт пред малку и гледам тече ,концерт на Тоше. Тоше бе душо мила и по толку години,кога и да те слушам ми побудуваш измешани емоции.За момент ме разнежуваш,ме развеселуваш,во друг момент ми го стегаш срцево и ми навираат солзи.Зошто бе душо те изгубивме,зошто толку кратко траеше сонце мило...
Кога сме кај поскапувања, јас кога пазарам уште потајно се надевам дека ќе најдам банани за 50, краставици за 25/30, кило свеж стек за 180, домати за 40, компири за 20... Онака знам дека све е поскапено и секој пат одново се разочарувам
Ова го ставил еден колега од факултет па да не испадне го крадам ако го ставам на Инстаграм и јас еве тука. Во однос на факултетот го мислам ова:
За жал и тие што работаа.Викаат алчните се секогаш сиромашни.Се им е малку,никогаш доволно, затоа.Срамота, душата на ѓаволот ја продале. https://lokalno.mk/bekteshi-superma...e-zhalat-za-zgolemuvane-na-minimalnata-plata/
А тек по 31 мај колку поскапување ќе има не се знае… Веќе страшно почнува да биди, секој пат од маркет излегувам со помалку и помалку производи за иста цена.
Потполно исто го чувствувам,а верувам и повеќето .Поседуваше нешто што ние го немавме а ни фалеше во меѓучовечките односи.Нема песна да слушнам а да не ми се соплаче.Често кога го гледам помислувам и на неговите родители,си викам ние не го преболевме ,а не тие. Прекрасна душа беше,убав,нормален,спонтан,зрачеше со некоја посебна енергија во универзумов.
Тие не се престанати со поскапување. Секој ден нови цени. Не знам шо замрзнување беше ова А сега па тек кога ќе одмрзнат
Рандом онака ми излегува на спонзорд реклама за козметички салон и гледам огромни разлики во цени за шминка за невестинска, матурска, дневна шминка итн. И гледаш сликите невестинска од матурска се разликува по нијаната на сенка и контурите, а цената голема разлика како дупло да троши. Да не зборам па колку некогаш некои не личат на себе. Или сум видела "професионални" шминки каде устата е прецртувана и апла се познава, лицето две нијанси потемно од вратот, веѓите со остри граници кај носот. Двапати у живот ми требаше шминка на козметичар, двапати истиве грешки ми ги направија. Невеста кога ќе бидам пре би нечурал да одам него како кловн. Средна уста имам и горната усна на стедината не е вдлабната, бела сум како дух ама не знам која е потребата да го менуваш тоа кога само погрдо изгледа.
Леле исто... Знам одвреме навреме да си пуштам песни негови и солзи ми доаѓаат. Нема кој не се пронашол целосно барем во една песна од неговите. Сѐ си мислам дека премногу добар беше за овој свет. . . . Сдк откако почнав да живеам настрана најреално ги осетив поскапувањата на храна. Welcome to the real world Amellie, it's gonna be a long ride.
Ха,ха,затоа една пријателка кога беше невеста,си закажа и им кажа дека таа ќе оди на свадба и сака понежна шминка.Си плати поефтино,си стави сама венчето дома и си направи свадба. Инаку да,прегрдо ми изгледа тоа прецртување над линијата на усните,веѓите,делува неприродно. Според мене поентата е да го направиш поприродно, да се слее,ама изгледа толку знаат овде нашиве.