Аплауз за сите што врв на достигнување им е сликање на стори со директор од школо. Чоече. Партиски војничиња,златни. Немој само да слушнам, мала ми е платата. А ко ќе ви заврши договорот и си одите дома, нема каде да работите.Научени само на државно. " Женска, ајде иди кај мене у фирма бараат нови" "Леле не, не знам јас англиски толку ( а предава во школо) плус мене мажот не ме пушта таму да идам на работа. Потценување ми е малку. Цел град го знае и знеш нема смисла" Аии круната... При што се забораваат другарките и сега сите од партија им се побитни. Сесре, каде си сега? За шо другарство ни зборуваше? Па уште и као сите не собираше, таа мажена, па да ни кажела совети за мажите. Немом пукнав од смеење Баш ми е ќеиф што некои луѓе ми беа во најблизок круг и по одредена ситуација си ги покажаа лицата.. Досѕа ви е едно здраво и кафе еднаш месечно со многу ситни детали за мојот живот. Love and peace.
Планирав денес да раскинам со либе. Он преку ноќ легна болен од корона. Сега не знам дали да чекам 10 дена или кога температурата ќе му спадне да се расправам. Ај само да е он жив и здрав и сите околу него.
Што мозок може да имаш да влезеш у основно школо и да потепаш еден куп дечиња... у пм! Мили малечки дечиња, станале утрото, отишле во школо и толку, брутално им го одземал животот некое проклето болно копиле! Збори ми за религии и богови и казни и гревови, осмели се само!!!! Зошто у пм, зооооштоооо бе!
Живееме во скапан, ненормален, лажен и болен свет. Ова што се случува не засега сите нас. Оваа страшна трагедија се случила во училиште. Срцето ми се кине кога ги гледам сликите од блиските на жртвите. Згасна животот на мали невини души кои отишле во училиште да се едуцираат за на крајот од денот да завршат под земја. Најлоша болка која може да ја доживее еден родител. Нека почиваат во мир!
И уште има цели групи во Америка кои гласно се залагаат дека не треба да има никаква регулација врз поседување на оружје. Просто не ми се верува.
Што е со продавнициве кои не даваат кеса или ја наплатуваат (зборувам за бутици) од дома треба да планирам што ќе купам и да земам кеса, затоа што иначе, ова е грабеж, не знам поинаку што е... И дали ако имам кеса на пример од манго, а купам производ од springfield, ќе ги рекламирам овие првите а не вториве од каде што имам купено, јер секој пат по 15 ден за кеса, обичен хартон... Не знам баш
Ја прочитав веста на вебсајт на наш медиум.Вели „Соединетите држави повторно се потресени од масакр во училиште со повеќе убиени деца“. Нашиот медиум греши.САД не се потресени. Да беа потресени немаше да се случат ни оваа, ни претходните трагедии.Ожалостени семејства одамна молат да се донесе закон за построга контрола врз оружјето, а на политичарите не им е гајле.Последниот закон дреме заглавен во Конгресот. Злобни гадови...
Исто, последно идење во мол се зачудив што секаде се плаќаат такви картон кеси, а со мала ташничка па бев ко за беља . Отсега си носам голема ташна или ранче за шопинг или платнена торба што не ја користам за друго освен за ваков шопинг, па во неа си ги ставам работите и ајт, ем поекономично, а и посигурно е. Ајде да беа бар некои поквалитетни шо се вика, таква картонска кеса се кине лесно ако е малку повеќе наполнета. Секое пазарење нов шок.
Законот за забрана на пластични ќеси уште од декември и нив ги засега. Иако имам приметено дека некаде не ги наплаќаат хартиените, но можеби било случајност.
Не им е во интерес донесување на ваков закон, каде би го продавале оружјето... Само пари и моќ да имаат, друго не им треба.. Сите војни, економската криза, вакви трагедии се предизвикани од нив, политичарите и неколку семејства кои го вртат човештвото околу малиот прст. Секоја нивна одлука директно влијае врз обичниот човек, врз природата... Очигледно, алчноста и суровоста ќе не уништат сите...
Каква случајност? Zara 15 ден, springfield 10ден, reserved иста песна, не ќе да е случајност. Порано не се наплаќаа, зарем до кеси им дојде, тоа ми е поентата...
А на пазар и по пиљариве со зеленчук и овошје што даваат бесплатна ќеса ама БЕЗ РАЧКИ? Која е логиката тука?
Религија и Бог нема врска со ова, ниту казните и гревовите оти делото е на едно човечко суштество со некој душевен и психички проблем. Ги има затруени, пореметени, ненормални до срж. До луѓето е.
Битно киндер јајца се забранети. Или барем беа. И пак тука ќе се најде некој со GuNs dOnT kIlL pEoPlE, pEoPlE kiiL. И бомби сами од себе не убиваат луѓе, и дрога сама не те убива ако не ја земеш. И лекови и отрови сами не те убиваат ако не те отруе некој или сам себе. Ама баш зашто некој ќе посегне по нив, затоа треба регулативи кој смее и може.
Дали имало религиски мотив, не знам тоа. Ама друго ме нервира мене Еве за мене има врска со тоа што за лоши работи кои се случуваат, ќе рече некој Господ така сакал. Тие што го преживеале нападов ќе рече некој Господ ги спасил. А е просто грдо, безосетно и крајно безобразно за ситуација во која деца ни криви ни должни загинале ради некое ѓубре, да речеш дека преживеаните Господ ги спасил. Загинативе оти не ги спасил?