Е од тие таквите чесни и поштени не можеме надвор да излеземе. Не е битно тоа што секоја вечер по дискотеки го прават истото и што секоја вечер завршуваат со друг. Ама битно е што тоа го прават зад затворени врати, некаде настрана и нели никој да не дознае. Сите работи кои ги правиме ние `распуштениците` според нив, ги прават и тие ама нели скришно. Да не дознае никој. И после ќе плукаат по нас. Ма ме боли мене дали таа или опшеството ќе ми одобри. Јас еднаш изгубив се заради тоа што мислат другите. Зошто многу се грижев за светот, а не за мене. И секако го добив тоа што го барав, ама спакувано на еден поразличен начин.
Во градинка имаше едно девојче, што правеше да не сакам да се појавам таму. Јас бев буцко дете, а таа постојано се подбиваше со мене за тоа. Цело време ме викаше дебела, правеше смешки на моја сметка, ми ја отвараше вратата од ВЦто и што ли уште не... Ја гледам во чаршија, сега, пораснати и двете, „машала како топче е“ си мислам, а јас за разлика од неа одлично се држам. Килажата што од мене заминала како за неа да се закачила. Кој се смее сега? Кармата добро си ја знае добро работата. Now f*ck dat bitch Спојлер
Кога цртам изгледам како Анјштајн, само што сум малко поразнобојна. Можеби како мокро шарено куче. Собата е обично темна и топла, но јас ги пуштам сите светилки. Не гледам ништо пред себе, буквално се давам во пот и прашина од креди. Целата сум измачкана како молер. Собата е целата шарена, како мене. Кога ќе го завршам цртежот ја погледувам собата, се погледнувам во огледало и ме мава смеа. Секако, носот ми е полн со прашина од креди а дури и не сфаќам зошто толку кашлам. До денес не сфатив колку смешно изгледам кога цртам. Цркнав смеејќи се под тушот. Дури не можев ни да пеам.
Веќе не` препознаваат и шоферите на автобусот со кој си доаѓаме, па ни оставаат по 3-4 минути плус за да си се поздравиме .
Шопинг од соништата, 33 книги за еден ден! Се вративме дома, кесите на под и веднаш почнав да ги разгледувам подетално. Неможам да им се нарадувам! Можев да ги симнам бесплатно, ама не се споредува читањето на мобилен, со читањето на вистинска книга во раката... па тек мирисот... Како наркоман се осеќам.
Во недела хронично се разболувам од меланхолија. Почнува со топлото зелниче наутро,се крие во топлата супа со кнедли,продолжува со ручекот,за на крај ме обвие со разладеното црвено вино. -Што ти е? -Ништо не ми е,баш ништо. А се ми е...
Денес сум многу среќна. Му правевме крштевка на внук ми. Сонце на тета. Го бањат во водата, тој нема гајле. Супер беше дома. Се убаво спремано од мајка му. Од мерак. Мило ми е што го поминав денот со мојот внук, навистина ми ја исполни душичката со среќа и љубов.
Наравоучение: Никогаш,ама баш никогаш не се загледувајте во (долгокос) дечко на сред улица,во спротивно следи удар од кола. Жива сум,жива сум..
Не ми се излегува бидејќи ме мрзи да се чупам 15 дена се немам чупано,сега можам стапици во веѓиве да си ставам Попрво ќе останам дома и ќе му објаснувам на сестричето мое дека „Милке,душо’’ е песна за диета И ќе ве читам вас. Сакав само да ви кажам дека ми е суперишка на форумчево,не ни очекував дека ќе сретнам толку многу интересни личности. Имајте пријатна вечер.
Ми се смачува од луѓе поточно жени што се дефинираат себе како скромни,а тоа скромност им е изедначено со задоволување со просечност,претопување со масата и невидливост. Не зборувам за луѓе што ги пружаат нозете до каде што им е чергата. Овие се друг тип на луѓе што својата инертност да сменат нешто ја оправдуваат со тоа дека се скромни и без големи очекувања. Мене животот ми е еден,така што ќе бидам најалчна на свет за да ги зграбам сите убавини што ги нуди животот,ќе се трудам да направам нешто и да бидам забележана. Мислам дека погрешно се толкува и разбира терминот скромност кај нас. Не е скромност кога некој ќе ти каже убава си,итра си,смешна си,да измислиш сто и една причина зошто греши. Тоа е недостаток на самодоверба и едноставно е глупаво и жално.
Сите по одмори, шетања , плажи а јас дома... Не ми е мака за за одморите не сум јас таков тип ме бидувало и без одмори туку ми е за друштвото , за пиење кафенце, муабети под ладовинки, сакам да сум опкружена со луѓе а сите некако зафатени, сите се во гужва периодов
Некогаш зборовите допираат доволно длабоко за да нѐ замислат, но не и да го сменаат нашиот цврст поглед кон нештата.
Разочарана сум од една „пријателка“ . Си мислев секогаш ќе биде тука за мене, ама она си го покажа вистинското лице. Нека, јас не молам никого, не ти требам, не ми требаш ни ти мене. Мој совет: Сепак тајните не ги кажувајте на никого најдобро чувајте си ги за себе, сами најдобро ќе си донесете решение, другите само ќе се смеат на вашата несреќа или ќе ви завидуваат на среќата. Добра ноќ.
Дипломиран правник кој не знае правопис и интерпукциски знаци. Срам за професијата. Замислувам тужба и жалба без ни една точка, или со три точки. Замислувам новинарски текстови со неповрзани реченици, без тек на мислата. Замислувам државен службеник со факултет кој не знае да пишува јасно. Замислувам тетка во приватна фирма која става белешка на вратат со „Се врајќам веднага“. Замилсувам учителка која ги учи децата дека се пишува „незнам“. Всушност, нема потреба да замислувам. Вистински се и ги гледам наоколу. Ах, неписменоста во нашите факултети. За жал, сите дипломираа и станаа магистри, а уште место тоалетна хартија викаат книга за гаС. Кога не пишуваат одговори на испит по 4 табаци, туку кликаат. Кога не одговараат усмено, туку кликаат. Кликнати се сите. Станаа КЛИК генерација.
Кога ќе видиш статус на 14-годишно девојче: „Чувството кога ти фали саканата личност“. Што е мила, мама пак отишла на одмор без тебе? Или пак Даниел Кајмакоски замина од твојот роден град?
Тргнавме до планината како по невеста. Цела колона. Шваби, швајцарци, таљани и тета из Србије. Кршење на јазици до мила ти бога.Ама сите разбрани бе. Во мојата кола место си фатија младите. На маж ми му ја бапнав тетка ми напред. Од проста причина, немам живци да ја трпам, слушам. Окрени лево, па са друге стране, мало спорие пусти нек иду напред... Види Озбилна, ја желим да се опет вратим у Београд. Не бој се, тебе чу да вратим до Београд живу и здраву Ја вала зажелела сам да посетим тај подземни свет. Да си пукнеш бе вака чиста сметка. Горане, тебе тета воли највише на свет,увек каже да си најбољи зет...Си има Горан мој дебели живци, јас признавам и во лице и кажувам да немогу, немогу бре жено божја деконцентришеш ме, гушиш ме и доводиш до тачку да те оставим на пола пут. Криво порабена. Види Озбила, ти си иста моја покојна мајка Е иста сум и таа сиротата велеше, моја е ама кога иде притисокот ми скока двеста. Него, сум се одморила ко човек, тие скарата поставање јас кревет фаќање Абе очи да не можам да отворам, пола ден го преспав Да не ми удреше мирисот од пекнатото наредниот ден ќе се разбудев... Не е мрза, вода стои Озбилна не, од воздухот е