„Пике го замени мерцедесот со фиќо“ Мислам дека е крајно време да се воведе некаков закон или нешто слично со кое ќе се регулира шо се пиши по портали.
Денес една шовинистичка свиња ми објаснуваше како не сакал со мене да контактира, туку со маж ми, зошто он со жени не работел, жените не разбирале, со мажи можел да се разбере. Негово беше САМО да ми каже понуда за прослава за роденден. Јас му се јавив пред стигнување и го имаше мојот број во тел, но го барал бројот на мм зошто јас жена сум била. Гнаса И тоа, не му беше јасно зошто неговиве свињарии не ни беа смешни на мене и на мм, па остана онака збунет на крај. Г н а с а
Не сакаат офтопици ама ја наполниле темана „прашање за форумот“ со офтопици. Убаво си пишува „прашање за форумот“. Нема зошто да се дискутира дали некоја тема треба да постои или не. И јас не сакам некои теми па не плачам за да се избришат. Свашта
Летово го мрзам само ради курпулентниве теткици и стринки кои колку и често да се гледаме секогаш такви возбудени од средбата, па запотени на лицето ќе те шлакаат, бацуваат не еднаш ами триииии пати!!!
Пола држава полицајци. Незнам за вас ама мислам дека е претерано секоја година да има оглас за вработување на полицајци. Повеќе полиција отколку народ ќе имаме. Да не се разбереме погрешно не ги судам тие кои се пријавуваат и јас би се пријавила да немам работа. Знам колку е тешко да се дојде до работа кај нас. Но ова е претерано, секоја година по 500/600. Само се полни администрацијата наместо да се намалува.
Татко ми се запна денеска ќе те пријавам ќе те пријавам ми вика. Ако имаш врски пријави ме му реков. Ме погледна и ми вика не ти не си толку марлива. Мене ме направи крива.
Не се бунам за зголемување на бројот на полицајци. Ко што има некои апла неспособни или незаинтересирани , нова тура дава нова надеж дека ќе се погодат некои асални.
Јуху Браво бе украинци, после заслужената победа песната секојдневно се пее @Ava.84 , да знаев дека кај тебе у Берлин се дојдени одма ќе дојдев. И тука се закажани концерти, баш пишав на форумот ќе идеме до луна паркот, ама заглавивме на концерт во гужви. По новото го викале старост - лудост Ептен ни се погоди оти денес неработен ден, тераме викенд шема. Времето е топло, да не почнам да коментирам колку "обожавам" жешко време, ама од ко ми се погодија апчињата за мигрена , добро е, преживеав. Последниве 2 недели сум заразена со Just dance . - https://justdancenow.com/ Сега за сега Дина ми е фаворитка , ептен позитивна јутуберка ми е. Ко што пишаа во коментарите, вака изгледа лесно, ама да почнеш да денсаш ќе се препотиш. ми ми ми ми ми ...
За 3 извадени органи, дури 5 години максимална затворска казна... Судство македонско, брука на веков.