Најмногу мразам што немам константно друштво за утакмици и секогаш морам да барам, сама не ми се иде. Па се надевам во иднина детето мое ќе има желба па ќе ми биде друштво
Ми искочи на фб веста од вашиов портал за Кијану Ривс и неговата девојка како шетаат на црвен килим. Секој што барем малку ги разбира работите знае дека него и сопругата и детето му имаат починато, а исто така и сестра му имаше леукемија. Човекот конечно најде девојка со која изгледа среќен и имаш коментари: Грда е, од двајца, маж и жена кои не знам какви критериуми за убавина бараат кога изгледаат како два парамециума да имале незаштитен секс па створиле некоја чудна маса на клетки. Он па, класичен сељо кој од Господ е заборавен, ама знае да коментира за една прекрасна жена и даметина. Па имаш зубла дека била, исто така од теткица која од семе синапово нема мрднато, веројатно критериум за убавина и се бугарски певаљки, пошто географски и ментално до таму заглавила. Имаш и една универзитетска професорка што кога и да ја видам, се јавува нешто библиско во мене, најголемиот атеист во државава и почнувам да се крстам. Има уште неколку вакви, сите кој од кој позагрев. И они се меродавен суд за нечија лепота, кукала ми мајка. Може и на форумов седат штом седат на порталот, ако ме прочитате, поздрав, ужасни сте и од надвор а богами и од внатре, лутете се колку сакате, кур ме боли. Ајт.
Уствари мислам дека не е ни до жената, која мене патем ми е многу уникатно убава, туку навикнати се луѓето дека мора секој од Холивуд да има супермодел до себе како од калап изваден. И сега им е шок што се појавува жена што изгледа замислете нормално, има брчки, нема порцелански заби, нема дабл д, нема вештачки газ. Општ впечаток ми е дека луѓето некако и престанаа да ја ценат индивидуалноста на убавината. Реално и стварно не знам колку треба да си немаш работа да коментираш Киану Ривс што нема во животот да го видиш која жена ја избрал, ама тоа е, многу слободно време
Вработена во домот за доенчиња и мали деца се начукала и врзала дете. Кај животот го казнил тоа дете да расте во дом, уште оваа гадотијава фалела да му го дозагорчи животот. Бесна сум. Да даде Господ најлошо да ѝ се врати, сѐ ќе разберам, ама малтретирање на деца никогаш, значи, сѐ најлошо што постои да ѝ се врати и да цркне во најголеми болки. Што е најтрагично уште побесна сум што сигурно некоја дисциплинска ќе и стават само и утре пак на истото место ќе работи лудава. Мизерија. Ми се г а д и.
Бубачкиве како да знаат дека ги мразам и упорно на сите страни ми излегуваат кажувајте чаре луѓе има ли спас од пајаци,разни бубачки што не им знам ни име а сите ми се исти, одвратни се згора на тоа и мравки и комарци ми идат
Мразам гости со лепенки на задниците исто колку што мразам и ненајавени гости. И додека живеам заедно со моите сум осудена да трпам такви луѓе секој втор ден!! Оти моите обожаваат гости, дружељубиви луѓе се, не како мене изрод див. Еве, веќе три саати дремат, време за ручек помина, време за вечера ќе дојди уште малце. А јас кутрата спремам испит од 500 страни зс понеделник, аха, ќе го спремам сигурно.
На "како си" почнав да кажувам само "добро". Заклучив дека на никој не му е гајле како си. Изгуби смисла прашањето. Кога и да кажеш некому дека имаш тежок период се дистанцира од тебе.
Ги потонавме битолчани и оваа година РК ВАРДАР МЗТ Скопје Им ги земавме титулите среде Битола, Голем поздрав до шурите Спортски поздрав од Скопје
Сакам се да ми организирано кога одам на патување, сакам се да знам до најмал детал. Затоа сакам сама да си букирам и организирам. Не ги можам нашиве агенции. Се е оставено на времето. Ќе видиме, ќе замолите, ќе побарате, ќе најдете...Па побогу зошто ве плаќам??? Ни карта за авион, ни превоз на време, соба без можност за доцен check out, чартер во никое време.... Ќе дочекам ли во Македонија да се отвори агенција за патување како што треба?
Сдк ми текна на форумот, добро е што лозинката ја имам после толку време. Во меѓувреме пораснав, животот ми сврте во неколку правци но не излегувам од колосек, тоа никако, како друг живот да беше.. Форумот како друг да е ... Поздрав до тие што се се уште активни од моето време хаха.. одамна беше.
Во животов ми фали самоконтрола. На пример ако ми излезе бубулица не морам да земам да ја цедам и три дена ко патлиџан да шетам во фацава.
Прв пат ја гледам Теа Таировиќ- Дубаи и Хајде. Очајна да биде Шакира. Дајте оригинал нешто, не вака копии.
Додека се убедам да излезам и да пазарувам, истури надвор. Не знам дали мисли да престанува, но јас после сирењево котиџ, имам малку чери домати, половина краставица, сладка царевица, јајца, кисело млеко и туна конзерва во фрижидер. И чоколада надвор од него. Хјустон, имаме проблем...