Шо ќе врни? Е сега за багатела цена на производи то е, во Битола и дупки кратерски има во Кам не можиш ни количка да туркаш ама луѓе врвулица е, госпО да ни го поживеј Камчев арно е
Поарно во картони ставено отколку поизложено на прашина или џитнато или неубаво ставено ко што се немарливи во некои Веро и Рамстор маркети.Чиниш едно ако извадиш ќе паднат неколку.
Смешно ми падна за тоа како типот се буни за два автомобили што излегуваат од иста фабрика па морав да искоментирам Плус мене лично Мини повеќе ми се допаѓа
Така е ама не скрос Кола е пред се нешто од кое зависи твоја и туѓа безбедност. Ако веќе купуваш кола (значи не за 5 дена) за мене логично е за истите пари да добиеш што поголема сигурност и безбедност, што подобри сигурносни системи, поголема комоција, простор и било што што ќе ти ги задоволи барањата и потребите. Да беше толку едноставно како точка а и точка б сите ќе беа задоволни и со фиќо Ама се слагам дека за 5 дена не ти мења што кола ќе возиш.
Да да , главната на сервис е или нешто така. Мислам дека сепак на его удира малку дека не е поскапата на располагање. Јас на зезанција реков не влегувам во ефтина
Ех ама ми вратија ' дике миделфингер оп' илимити средно дебело прсте ин ди еар Не возам и још пребирам. Малку го дупчев
https://www.instagram.com/p/CewjY9Vv_h6/?igshid=YmMyMTA2M2Y= Колку добро напишано. Реалност во морето на денешната токсична клише позитивност.
Да се надоврзам на ова за малце поинаква слика, ама слична. Имаше некој споделено твит од Илон Маск, како човеков вели - I work 12 hours a day every day and people still call me lucky for being rich. И тука одма следуваат нели коментари од типот - па труди се и ќе успееш. И баш имаше некој некаде искоментирано: - Both my parents used to work for 10-12 hours a day, i could barely see them through the day and their wage was barely above minimum. Никогаш не сум личност што плука по богатите и успешните ама ако збориме за ултра успешни луѓе, да, треба и среќа. Зад куп богати луѓе се кријат сиромашни кои ги работат тие 12 саати без да мочаат или јадат. Ама битно првиве се многу намачени. Да имаат вториве избор и малку повеќе достоинство и првиве ќе пропаднат, одма. Ама ние ќе им се дивиме како сами успеваат. Да да, сами.
Хм, никогаш не треба да се чувствуваме помалку добри кога некој ќе не одбие, кога другите ќе успеваат повеќе дали со врски или без врски, тоа нема врска со нас и нашите способности. Ама како што напишала во description "I can also tell you that although doors won't open as fast if you don't have connections, it just takes ONE person who sees you and believes in you." Ова е клучното. Кога ќе останеш упорен и продолжуваш со она што го сакаш и знаеш, навистина ќе ти се отвори таа некоја врата. Жал ми е, ама навистина упорноста е клуч. Не можеме да им се лутиме на другите што преку врски „успеваат“ и тоа да го гледаме како сурова реалност, кога можеме да прифатиме кај сме и од таму да идеме понатака. Секојдневно какви приказни читаме за успех, буквално од 0 до 100, какви примери јас лично знам... мислам дека кога ќе прочитаме некоја приказна за успех, речиси невозможна, сите го гледаме како исклучок, а тоа е најголемо понижување за себеси, како можеме да видиме некој што успеал и да мислиме дека токму ние не можеме да бидеме тоа. И да мислите дека е среќа, зошто баш ние да не сме толку среќни да имаме повеќе од доволно? Само морам да кажам дека не го оправдувам најлошото на капитализмот. Ама кога ќе видиме ситуации каде навистина луѓе почнале со ништо, буквално од најекстремното - да си бездомник и успеале да се издигнат до достоен живот, не е тоа среќа, тоа се одлуки кои они ги донеле, да направат некаков ризик, да не прифатат дека нефер функционира светот, да чукаат од фирма до фирма додека некој не им даде работа, одлука да најдат начин да се едуцираат итн.
Тоа да. Ама ако твојата "успешност" налегнува претешко на туѓ грб, не можам да ти се восхитувам и да ти речам браво, колку сака нека си се мачел до таму. Пример Џеф Безос и слични. Некои забораваат дека некогаш биле таму кај што биле и сите ги гледаат од високо со невиден егоизам. Претпочитам скромни, емпатични луѓе овде.
Ти ја сфаќам поентата, но ова е мислам повеќе насочено кон луѓето кои се слепи за туѓите искуства и не си ја ни приметуваат привилегијата која ја имаат, па за сите други луѓе кои се на различна позиција од нив имаат генерално дрзок и арогантен став без да земат во обзир дека никогаш не би биле таму каде што се ако немале олеснителни околности.
Приватните факултети се срање. Запишав специјалистички и ги ставив сите потребни пари на сметката од индекс дека можело и така, за на крај да ми кажат дека парите за "трудот" требало посебно. Ми изгореа 10,000 ден. Не ги враќале наводно.
Само што заврши нешто што мислев дека ќе трае засекогаш. Воопшто не ми е сеедно, но исто така не се осеќам како да ми завршил животот. Поминаа 5 години, 5 цели години, и колку и нефер да испадна на крај бидејќи долго не ми кажа ми направи услуга и призна, подобро отколку зад грб да ми прави работи и да се преправа дека е сѐ океј. Сепак со сила не можеш некој да натераш на нешто и животот не може тука да заврши за мене. Мислев дека сум сфатила сѐ, ама тек сега почнувам да се соочувам со она реалното. Нека е за добро само, друго нема што да се направи..