Има уште едно потрагично сценарио кога жена бара совет дека е изневерена а самата им објаснува на другите дека ако, маж е тој. Пример пишува "Ме изневери, јас знам, тој не знае дека јас знам советттт?????" и велат повеќето да го остави, прави come back после еден месец и САМАТА си пишува "ми вети нема така да прави веќе така, ајде маж е тој му се сакало еднаш, еднаш ко ни еднаш хехе јак е тој".
Секогаш да се памети, никогаш да не се прости и да не се повтори смртта на 12 невини млади животи 16 Јуни 1943.
Темата “Брачни неверства” ми е пиедастл што не се омажив млада. Си кажувам за себе да не ми рипнете. Толку е се отидено во бестрага да ти е страв да се омажиш и денес,па колку и да го знаеш тој до тебе испаѓа дека не го знаеш уопште. Да се нема меѓусебен почит,неморал, разбирање,подршка… Не знам,не знам… Поарно сама ќе седам,ќе гледам дете отколку да тонам во рој солзи и трпам дисфункционален брак. Не знам како сите не сфатија дека од “Еејј се омажив” до реалност има огромна разлика. Толку.
Гледам на инста бурек, дома за ручек манџа, јадам и мислам на бурекот во мислите си пеам "сањам тебе спавам с њом".
Секако дека треба. Патем, овие што лаат така, супер ми се за на нива плашила да бидат. Нека лаат на тие што ќе сакаат да ми го оберат бостанот и зеленчукот.
Девојчето ќе ја добие заменската терапија.МЗ вели не можат да набават лек кога сакаат и процесот одзема време.Биолошкиот лек бил заглавен во тендерска процедура.Аха, да. А, автобилите и останатите луксузни набавки на фотелјопоседните господа функционираат без проблем.Веднаш се снаоѓаат за тоа што им одговара. Дно дна...
Има некој слушано/читано за исчезнувањето на Alissa Turney? Колку заебан случај, ебате животот што го имала. Се опседнав со дешавкава, се надевам сè ќе се одмрси следниот месец на судењето на осомничениот и правдата ќе биде донесена, конечно!
Психијатрија да се бара за овие. Сами себеси се деградираат со вакво понашање и после друг им е крив што се неприфатени во општеството.
1. Интересно е многу како понекогаш ја правиме истата грешка. Зарем не научи? Дали ќе научиш од денес, од сега? 2. Оглас: Барам личност за разговор која што верува во Универзумот. Муабет во лп.
Поттикната од мислењето на една членка, изнервирана дека бабата заборавила да стави вода за млекото на внучето сакам да кажам… Бидете благодарни и на таа помош што ја имате! За било што, не само околу децата. Кога ќе треба да оставите дете што вришти, а тебе итно ти се оди во вц или навечер во сон се буди и плаче без престан додека му правиш млеко тогаш кој ќе обвинувате? Кога ќе брзаш од работа да одиш побргу да го земеш од градинка, а те фатило гужва со колата и пак дома ќе брзаш да направиш ручек и за тебе и за детето оти сте гладни, кога ќе се бањаш со него оти нема на кој да го оставиш 5 минути и ќе чекаш по некоја случајност да биде маж ти слободен да го причува додека имаш термин кај стоматолог или на фризер - тогаш жалете се. Бидете благодарни на тоа што го имате оти навечер кога си доаѓа мм седам во вц 15 минути за да одморам малку.
1. Темите за Брак и неверства само ми потврдија дека не треба на никој да му верувам во целост (што тоа го правев и до сега). На ум не ми паѓа веќе да се мажам млада додека не си исполнам се што ми е зацртано во животот. Се додека не изградам нешто мое, вредно, нема да одам да живеам под туѓ кров за на крај да бидам уценета дека нема каде да одам. 2. И друга работа никогаш не сум се правдала некому, родителите на -мојот иден маж- ќе бидат последни луѓе на кои би му се отчетувала зошто сум купила ова, каде сум била, колку пари сум потрошила. Многу сме заостанати во 19ти век, можда и поназад.
Денес е еден од тие денови за умирање. Сабајлво станав од спиење и секундарно ми се слоши. Па со судни маки се трудев да не мислам колку ми е лошо , мавнав ладен туш , се напив од таблетите за смирување и заминав на работа само да го скренам вниманието и да не мислам колку многу ми е лошо. Ама не бе, буквално 2 саати на работа и се полошо и полошо и ајде заминав од работа , ќе одам на доктор. Идам таму и иста прича што веќе ја знам на памет. Ништо не ти е, од стрес ти е, еве ќе те боцнеме ќе се смириш. И така фино лепо идам дома а лошо ми се темнее, имам пишувано на темава дека оваа ситуација ко ми е лошо е чувство на пред умирање и легнав да спијам. Сум поспала 3 саати и се будам и погодите што ? Ненормално многу ми е лошо , никакви таблети и апчиња за смирување и инјекции не помагаат. ЛОШО МИ Е, ЌЕ СЕ УМИРА. Се слушнав телефонски со маж ми , он е до 4 на работа, па му реков да не се секира за мене, јас како знам ќе се обидам да си ја насочам психата дека сум во одлична состојба, дека ништо не е, дека ќе помине. Ама јок. И еве седнав на фемина сега за да пишам дека ми е лошо и дека тие денови кога ми е лошо ме држи цел ден. Тоа не ми поминува така лесно, оп ќе се напиеш и ќе се смириш. Не бе братче , ме држи цел ден и сум максимално свесна дека дури утре ќе ми се подобри состојбата. Тоа се тие денови што ме фаќа еднаш во 2/3 месеци . И не, нит сум бремена, нит треба да добијам , нит сум гладна, нит тум дехидрирана, на ладно седам оти ми смета жешко да не ми падне притисокот. И пак ми е ненормално многу лошо , тешко дишам и издишувам , внатрешно ми е лошо и што е најтрагично овие доктори тука у Немачка само ти велат дека не ти е ништо. Во вакви ситуации жими се најмило ми фали Катар, таму ко ме фаќаа вакви денови да ми е лошо за пред умирање , докторите точно знаеја што да ми дадат, криво ми е што не знам што е тоа , буквално ко вакцина, те боцкаат, ти шприцаат нешто и за 5 минути си ко нов. Многу ми фали да ме боцнат со тоа пак оти само тоа нешто имаше ефект. Најискрено, те боцкат и после 5 минути си ко нов и одиш на работа ко ништо да не било, си фукнционираш ко прероден. Упорно се обидувам да не мислам на тоа колку многу ми е лошо, ставив грав да се вари, извадив риби ќе пржам за ментално да се фокусирам на друго, да го залажам мозокот да мисли на други работи, еве седнав на фемина да читам било што , да се занесам некако со мислите во друго. Уффффффф, лошо ми е , не знам како да објаснам, само пак ќе повторам, тоа е чувство како пред умирање, тешко дишам и издишувам. Ај да станам да љупам краставици, моркови за салата, морам со последни сили да се трудам да мислам на разни други работи за да го преживеам денов, Утре ќе бидам како нова, телото само ќе се избори по природен пат и ќе ми помине сето тоа што ми прави да ми е лошо. Поздравче до сите, гледајте си го здравјето, оти е најбитно од се.
Саакам да кажам конечно почнав да го мразам, затоа шо немислосрдно, без причина ме остави..Со класична лага " ПРЕМНОГУ РАБОТАМ НЕМАМ ВРЕМЕ, У ФРКА СУМ СО ПРОБЛЕМИ" ТЕ МРАЗАМ ТИ МЕНЕ НЕ МЕ ЗАСЛУЖИ, НЕ ГО ЗАСЛУЖИ НИТ МИНУТА ОД МОЕТО ВНИМАНИЕ.. ТИ СИ САМО ЕДЕН МАНИПУЛАТОР, КОЈ МЕ ОСТАВИ БЕЗ ПРИЧИНА и не беше со мене ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ РОДЕНДЕН ТЕ МРАЗАМ!!! СЕ КААМ ШТО БЕВ СО ЛИЧНОСТ КО ТЕБЕ! Е Вака ми е полесно, си го исфрлив бесот се извинуваам, што го читате ова, немам ни чуства дека го мразам повеќе, ама сфатив каква гнаса од човек е........