Спремни автобусите,спремни сендвичите,тргнуваат луѓето чинам на протест. Си реков чек да видам на сликичките кој се овие еуфорични насмеани ликови? И отворам ,што да видам ,се знаеме де, све вработено на државни јасли ,во време Грујово,повторувач со едвај средно завршено,дечко ,,случајно,,извлечен на лотарија,друг со одвај средно ама надограден со купена диплома во време грујово на висока позиција во МВР.80% од овој калибар ,10%во обид да се вработат во иднина како останатите и10% патриоти. Не бе дечки не е ова борба за промени,вие само сакате да се врати вашето време,да можете и уште брачните другари да ги пикнете на државни јасли,или вие да фатите поудобна фотеља.Ај ве молам не продавајте ми патриотизам. Пс.А ова последново важи и за тие што се на власт ,кога ќе се борат повторно да приграбат власт.Ајт сите у пм.
Така е ,кај нас важи она ,,се снашле,,Ама цената од несоодветни кадри напикани во државни институции што впрочем ги плаќаат оние од приватен сектор ,ја плаќаме сите.И се така се додека повеќето не ја напуштат вечнава,е тогаш и нивната платичка ќе стане мизерна,ама касно ќе биде,касно и за нив и за државичката наша.
Само мајка и баба знаат и кога е ладно кочан ,и кога сонце силно пече,да стојат на куќниот праг и додека ти заминуваш, да мавтаат, додека не им се изгубиш од видикот. Никогаш ,никој друг така!
Треба да има посебно место во пеколот за професорите што знаат дека ти е последен испит и се иживуваат со тебе на секој можен начин.
И за сите останати професори што своите лични фрустрации ги исфрлаат врз тебе и се понашаат како тие никогаш да не биле студенти
Да ти кажам година дена ко за инат ме буткаше професорката а последен пред дипломска ми беше. И после во комисија за дипломска таа ми се падна. Колку нервози,плачки имав ама на крајот дипломирав.
Другарка : "Дечко ми имаше тежок период, изгуби форма на тело, малце е поправен ама пак го сакам, најубав ми е секогаш" (insert кринџ лигави емоџиња) Sure, апсолутно не судам дека некој се запуштил оти така решил. Ама кога ќе искуси да не може патики да врзе од подуеност пред пмс, да го боли све живо и диво кога ќе добие менструација, или ако се реши за деца да мине низ сите промени, тогаш некој маж ќе го чуе она дека е најубав каков и да е или како и да беше. Oh wait, нема да се случи тоа. Е сестро ма...
Јас никогаш до сега немам слушнато маж да каже за бремена жена или за жена што се породила дека е грда, дебела и слично (или пак дека жена во циклус е дебела). Баш напротив само убаво зборови. А ако некој така кажал за жена што минува низ фази кои опфаќаат промена на надворешниот изглед, нека посети психијатар.
Не е поентата дали ќе каже дека некоја е дебела или нема. Туку што е малце неубаво некој што ги има сите привилегии да изгледа така како што треба да не ги искористи и само да добива валидација од партнерката дека е најубав и пак го сака. Или да земе возрасен вол да и' се жали на девојката дека не се осеќал убаво у своја кожа, дека малку се поправил, дури она се витка од менструални болки. Ко...у реду, си се поправил ама можеш да ќутиш кога гледаш дека на неа и' е полошо оти многу е јасно дека е само за внимание. А и овие па што им се лигават на дечковците со "најубав си, не се секирај" а тој една подуеност не искусил во животот, не ми се јасни.
Како прво кај било кој човек покачување на килажата може да биде од здравствен проблем, тежок период депресија и други сериозни проблеми кои не можеш да ги рамниш со менструални болки. Какви се тие привилегии да изгледаш убаво? Имам видено многу жени што имаат родено и изгледаат ТОП! Менструацијата и раѓањето не значи по дифолт дека жената е веќе грда и дебела, а мажот останува убав со привилегии убаво да изгледа. И подуеност не де добива само од циклус, очигледно си немала бактерија на желудник или воспаление па да споредиш. "Ко...у реду, си се поправил ама можеш да ќутиш кога гледаш дека нанеаи' е полошо оти многу е јасно дека е само за внимание" - Не ми е јасно како тоа му ја знаеш цела здравствена ситуација на некој што не го познаваш па знаеш дека моле за внимание само и дека нема никаков проблем?
Менструацијата и раѓањето значат дека е очекувано и нормално женско тело малку да се измени. Немање женски хормони, менструација и нераѓање за машко тело значат спротивното. Што сакаш кажи ама за маж да изгледа многу поправено треба мнооогу да не пази на себе и е апсолутно себично да бара валидација од партнерката и да си дозволи да има bad body image day кога не искусил никаков проблем во животот. А ситуацијава што ја коментирав баш за некој си рандом тежок период било, океј. Не беше за проблем со тироидна. Проблем е самиот момент на машко размисување - мора да ме сака ваков и ваков јер е нормално да ми се промени телото. Ахам, нормално.
@Munchmallow20 а што е проблемот ако стварно на другарка ти и е убав и така? Никој во нормална здрава врска не очекува партнерот да му е фит тип топ среден цело време, нормално е и двајцата некогаш да се олабават, без разлика дали е тоа килажа, фризура, што и да е, едноставно животот не е секогаш под конец.
Абе нека ѝ е убав ама чудни ми се девојки/жени што сметаат дека машко тело подлежи на "нормални" промени и сметаат дека е океј он да им се пожали дека не се осеќа убаво кога нив кутрите им е 10 пати полошо ама мора да ќутат нели да не се навреди господинот.
Како знаеш ти што тој искусил во животот? И од каде знаеш зишто некои луѓе се со покачена тежина? Има луѓе што не родиле па имаат покачена тежина од Х причина, глупости. Да не може човек да ужива во јадењето и да отиде на плажа ако има малку сало или целулит од ваквите. Тоа што другарка ти го сака таков каков што е не значи дека тој ја тера на тоа. Сама си искажала љубов. Што е следно? Зошто на 60 години имаме брчки? Како тоа брчки, не може!!!!! Не можеш да очекуваш човек цел живот да биде со добро тело, секој си има периоди. Милион болести не демнеат, луѓето имат имунитет еднаков на 0. Смешно ми е сето ова.
Муабетот е за промени кај машко тело (нормално не постојат) не за целулит, брчки, која родила а која не.